Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.231
    Допаѓања:
    13.248
    Пол:
    Женски
    Од желба се претвори во животен сон. Од животен сон во цел. Од цел, се врати назад. Сега е само пропуштена шанса...
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ivy89

    Ivy89 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2014
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    ... денови кога слушам строго македонска музика, денови кога слушам странска, рап, поп, рок, техно...
    е па денес слушам

    http://www.youtube.com/watch?v=hDTuz8we9FQ



    детскиве песнички од 90-тите, не се "скини-врзи" ако добро се запази текстот

    Пријатна ноќ феминки

    http://www.youtube.com/watch?v=hDTuz8we9FQ

    :f:
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски

    Кимката мор, профавор не биди тажна, пушти таму Паватори и ќе ти помине, сакаш Вивалди, а ако те нервираат, пушти некоја друга нервозна музика, ако те релаксира :wasntme: ќе ти ги пратам сватовите, па одма ќе се развеселиш, ќе заборавиш и депресии и се :D :P :wasntme:

    Озбилна мор, ај и тука да ти кажам, морам, убаво да си поминеш :* , се осеќам како да ќе одам со тебе :wasntme: ^_^
     
    На k.i.m и ozbilnazena им се допаѓа ова.
  4. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    462
    Многу е досаден форумов во последно време.
     
  5. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    СДК Лека ноќ.
     

    Прикачени фајлови:

    • img036.jpg
      img036.jpg
      Големина на фајлот:
      124,7 KB
      Прегледи:
      329
    На MademoiselleB, Mahidevranfan, cresa-jagoda и 11 други им се допаѓа ова.
  6. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    17.635
    Пол:
    Женски
    Се гушам ... се давам во сопствените солзи ...

    До кога сите ќе ме обвинуваат за се мене ? Јас ли сум крива за се ? Јас ли ?

    Посакувам времето да застане . И да можам да отидам негде сама , за да си ја средам главата . Само еден ден , ништо повеќе . Да си ги поставам повторно моите желби и цели на прво место . Да размислам за иднината и каде ќе бидам по неколку години . Само на еден ден , а подоца на да се вратам овде и да почнам да го правам тоа што сакам и што сметам дека е правилно . Да се нурнам повторно во обврските , но да не дозволам пак да проголтаат .

    Конечно дојде ноќта . Мојот омилен период од крајот на денот . Каде што можам да си го забијам лицето во перницата и да плачам , без микој да го слушне мојот плач . А во собата е тивко и мирно . Како се што е во мојата соба да сочувствува со мене и мојата болка . Конечно мир . Мир која ми ја обзема душата . И солзи кои ми навираат во очите . Ноќта е моја .
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ретко кој од почувствителните не се осетил вака во пубертетот, поготово во почетна фаза. Не си ја оптеретувај душичката со глупости, живеј си го детството, наскоро ќе влезеш во светот на возрасните а никогаш нема да си помлада од што си токму во овој момент. Не си ја заробувај младоста во непотребни солзи, напротив, гради убави спомени. :) Веројатно џабе ти го зборам ова, но јас да си кажам... :) Лека ноќ и не ја полни перницата со солзи, не мисли на ништо и заспиј си, утре е нов ден, ќе станеш свежа, наспана и со нова енергија. :hai: Млада си, лесно ти се полнат батериите. Ако дозволиш да ти се руши светот на овие години, што ли ќе биде кога ќе имаш вистински проблеми. Нема потреба од сега да мислиш каде ќе бидеш за неколку години, божем те чека некоја одлука во истиов момент. Рано е уште за важните одлуки, ајде опуштеноо. :)
     
  8. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Животот има поубав вкус со кафе,без разлика во кој дел од денот се пие.
    Добра ви ноќ.
     
    На kala21, Marossa, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  9. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.541
    Добра приказна :)

    „Кој сум јас?“ – младичот го праша Старецот.
    „Ти си она што ти мислиш дека си.“ – одговорил Старецот. „Не ти е јасно? Ќе ти објаснам преку една приказна.“



    Еден ден, покрај градските ѕидини, во примракот можеле да се забелжат две силуети во топла прегратка.

    „Тоа се мама и тато.“– помислило невиното дете.
    „Тоа се љубовници.“ – помислил човекот со нечиста фантазија.
    „Тоа се двајца пријатели кои долги години се немаат видено.” – помислил човекот кој живеел сам.
    „Тоа се двајца трговци кои склучиле добар бизнис.“ – помислил човекот алчен за пари.
    „Тоа е татко кој го прегрнува својот син вратен од бојното поле.“ – помислила една жена со нежна душа.
    „Тоа е ќерката која го прегрнува својот татко вратен од далечен пат.“– помислил човекот ожалостен поради смртта на својата ќерка.
    „Тоа се двајца заљубени.“ – помисли девојата која сонува за љубов.
    „Тоа се двајца кои се борат со смртта.“ – помислил убиецот.
    „Не знам зошто се прегрнуваат?“ – помислил песимистот.
    „Колку е убаво да се видат двајца во прегратка.“ – помислил Божјиот човек.

    Потоа Старецот заклучил: „Секој од нив мисли во зависност од она што во себе го носи. Проникни во своите мисли: единствено ти го имаш одговорот на прашањето Кој си ти?“
    Добра ноќ феминковци
     
    На bittersweet, kikav, cresa-jagoda и 10 други им се допаѓа ова.
  10. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.117
    Допаѓања:
    34.626
    Пол:
    Женски
    Далеронке, и ти ли имаш сибриски самојед? душичка мала :inlove: :inlove:
    Добра ноќ и на тебе :*
     
  11. nikolija26

    nikolija26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2014
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    590
    Животот ни го враќа, онаа што го даваме!
    Ми се допаѓа ова :)
     
    На Mahidevranfan му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.803
    Пол:
    Женски
    Интересно е тоа што се наоѓаме на небесно тело коешто е во постојано кружно движење, а и нештата во животот ни` се случуваат по тој принцип.
     
    На Mahidevranfan, julie77 и nikolija26 им се допаѓа ова.
  13. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.231
    Допаѓања:
    13.248
    Пол:
    Женски
    Кој е поводот за утринсково чувство?
    Осаменост, тежина на градите, мрак.
    Нема потреба, знам. Но, се плашам.
    Ми остана врежан во мислите оној сон. Дали пак ќе се случи тоа? Не сакам да се случи. Не! Првиот пат, кога не знаев дека следува смртта, не знаев што да чувствувам. Бев потиштена. Сега не сум. Сега во мене стои само болката. Да, и стравот. Стравот од моето повторно измачување. Не сакам да си го правам ова себеси, но не можам да го сопрам.
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.803
    Пол:
    Женски
    И јас се замарав со соновите на времето, затоа што некои знаеја да бидат ... ептен чудни, совршена инспирација за психолошки трилер или хорор. :D Се` додека не ми светна сијаличката дека, такви филмови најчесто сум гледала периодот. Една стара женичка често знаеше да каже „Ќерко, што денуваш, тоа сонуваш. Колку повеќе мисли човек на тоа, толку полошо за него.“

    Верувај, сум сонувала работи со симболи што значат нешто лошо. Многу често еден период. Па никому ништо не се случи. Затоа ти велам, не се секирај. :) Но, ако си суеверна, пушти чешма и како што велат „на водата раскажи и` го сонот“. :hug:
     
    На Marossa и senza.parole им се допаѓа ова.
  15. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.358
    Допаѓања:
    92.434
    Пол:
    Женски
    Не барајте многу живејте и уживајте во онаа што го имате.
    Луксузот и скапиот живот не носат среќа ако на своја кожа не почуствувате да се ежите на туѓи зборови,ако туѓата среќа не ве радува не сте никој и ништо колку и да сте богати материјално,духовното задоволство на душата е онаа вистинското.
    Слогата и искрената љубов се оние кои прават да се чуствуваме сакано,среќно и исполнето.

    Имаје убав ден ,искористете го убавото време за да уживате во овој саботен ден :sun:
     
    На Ivy89, senza.parole, Lovely93 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.278
    Понекогаш мислам дека живеам во погрешно време со побркани вредности. Бидејќи ако порано првите места секогаш го заземале љубовта кон семејството и пријателите, денес младиве летаат некаде во розови облачиња, и цутат како мајски рози кога ќе им се спомне зборот љубов или името на оној кој им се допаѓа. Јас еве, официјално признавам дека сум кретен во смисла љубовни емоции. Некои велат не си го запознала вистинскиот, а јас тогаш ги гледам бледо и прашувам ,,Дали навистина мислите дека јас се трудам да го пронајдам?'' Во тој момент кај голем број од нив забележувам како не пропорционалните линии започнуваат да им го уништуваат лицето во знак на неприфатливост или чудење. Би им кажала само едно, извинете господа што постоиме и ние таквите што сме во потрага по некои нишки кои се загубиле во траектот на (не)времево, а постоеле и носеле драги спомени вредни за чување во душата, и тоа не во форма на виртуелна слика постирана на фејсбук со илјада лајка.
    Што е уште потрагично, до тој степен динамиката лета што дури ниту мајка ми која е припадник на постарата генерација нема време да се види со Сузе, Весна или Маја кои и биле најдобри другарки од младоста. Така да се` се сведува на едно чудо договорени но неиспиени кафиња без договорено место или време...

    Сакам да кажам, дека порано во времето на моите баба и дедо се знаело како функционираат овие и ред други ствари. Истите биле далеку по симплифицирани и лесни за сфаќање. На пр. состанок со момче. Се знаело бре, еднаш ќе излезеле во кино и веќе се во врска ако успеат да си најдат бар три заеднички интереси. Она сака кино, мачки и виолина, тој ги сака истите тие и крај, заедно се.
    Исто така некако успевале да најдат компромис за се`, а и време за да бидат среќни. А не како нас... Иако ги уживаме сите материјални подобности, наместо да бидеме радосни, страдаме од психички нарушувања како анксиозност, депресија и др. кои доаѓаат во придружба со стресот како главен предизвикувач. И додека ние одиме по кафулиња и тепаме време, нашите дедовци и баби оделе на корзо или кино, и шетале низ Скопје со семки и сладолед во раката. И иако сето ова било скромно, тие сепак имале прекрасна незаборавна вечер исполнета со дружење. Додека денес младиве не знаеш во каква состојба ќе се вратат после излегување. Треба тресејќи се да ги чекаш. Слика и прилика е братучедка ми кај која бев пред неколку недели...Замислете, излезе скоцкана како барбика од дома, се врати со уништена шминка и црни очи. Само ја тресна својата врата од собата и не сакаше да разговара со никој. Тетка ми мислеше дека е пијана, додека чичко ми пак веднаш сфати колку е саатот. Дури утредента разбравме дека причината за нејзиното нервозно враќање дома е дечкото со кого се забавувала неколку месеци кој и раскинал. :^)
    Да се случеше ова истово во времето на дедо ми и баба ми, за случајов веднаш ќе дознаела соседката Благуна, па ќе и пренела на Маца, а Маца на Мирка и така цел град ќе дознаел како Лена нема почит кон своите родители. :lol:
     
    На AziskaStrslenka, Marossa, senza.parole и 2 други им се допаѓа ова.
  17. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Денес за мене е убав ден. Мајка ми ќе си дојде од странство. Потребна ми е до мене другарка на која можам да кажам се и сешто а ќе знам дека нема да ме издаде на некој друг. Мајка ми е таа личност. Не дека немам другарќи, но нејзе можам се да и кажам, нема потреба да глумам како се чувствувам.
    Ке ја изненадам со ручек. Ќе и зготвам она што најмногу го сака. :D Уживам додека готвам. Тоа е моето хоби.
    A ги гледам останативе околу мене. Многу незаинтересирани личности, многу распуштени луге. Се прашувам дали имаат некоја цел во својот живот освен целодневно легачење во кревет и кафиња во кафичи 24/7?
    Ама да не мрчам. Да се впуштам во работа и да го исполнам науменото. :D
     
    На kikav, Ivy89, Sunshine.Sunshine и 2 други им се допаѓа ова.
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.112
    Допаѓања:
    46.391
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=bpOSxM0rNPM
    Песнава ми допира до најдлабоките клетки во телото :D Толку ми е добра.
    Саботно утро...некако многу ми е мрзливо и миризливо.Си седам со чаша чај од липа и уживам во печењето на сонцето.
    Живот тече, му се радувам иако често ме плаши, искрено.Ми предвидоа дека ќе имам женско и две машки деца, се радувам на три, знам дека ќе бидат близнаци, ете знам, знам дека ќе бидат негови.
    Немам ништо посебно да кажам освен дека сум среќна, во оваа топла и необична есен, многу нешта стануваат јасни, како сонцево што толку јасно сјае секое утро...
    Сипете си чаша чај и џем од јагоди или вишни, сигурно ќе се најде некој тегла и уживајте.
    Убав ден.
     
    На bittersweet, Emy867, Captain-Omni и 14 други им се допаѓа ова.
  19. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.538
    Допаѓања:
    35.219
    Пол:
    Женски
    Смејте се феминки, еве го сонцето, пак ни дојде на гости. ^_^ :sun:
     
    На Ivy89 и eliesaab им се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.118
    Пол:
    Женски
    Колку убаво небо и каков убав ден. Сонцеее :sun: :sun: :sun: :sun: