Dali go poznavate taj lik od Strumica bil, pedofil ja zakacuval mojata maloletna kerka. Ja voznemiruva na socijalni mrezi... prijaveno vo policija no nisto ne napravija...
Не сум од Струмица, не го познавам, али објави го на сите можни струмички страни, и на сите македонски страни, како и во женски домаќински муабети на фб. Ајде да го направиме познат, па ваљда ќе се најде некој маж да го здроби од ќотек.
Има една српска фб група ,,Стоп Педофилија". Објави таму и пиши им на админите, они објавуваат вакви работи. Полицијата ништо нема да направи. Се правдаат дека нема за што (иако имаш докази од четот) да постапуваат, кога нема дело. Во Србија прават лажни профили од девојчиња, се допишуваат со педофилите и ги договараат да дојдат на локацијата. Откако ќе дојдат, ги снимаат, а после ги шамараат. Само така со педофилите.
Многу ми се греота луѓе што ќе ти речат - А зошто го правиш тоа и тоа, пари ти носи па толку сакаш да го правиш? И ти златна гомна кога јадеш не добиваш пари па...
Не се откажувајте од блиските дури и кога се пред умирање, во мн тешка здравствена состојба... Направете сѐ што е во ваша моќ за да му биде подобро, со зборови и постапки ..... Се додека дише човек и чука срцето има надеж
Ви давам предлог серија : “Znam kako dises” - ја има и на Gley. Ја опишува цела ситуација во изминатиов период што ја преживуваме
Транспортерот за моето маче го позајмив пред 2 месеци и никако да ми го врати... а ми требаше денеска. Ми вели не сум дома утре земи го, да ќе го земам утре и нема да ти го дадам пак. Кој простотилук од луѓе бе, пред 2 месеци им го дадов за да ја однесат мачката на стерилизација и сеуште не ја однела ми рече да ми го дајш пак ако можи.. А во меѓувреме јас позајмив од ветеринарнава амбуланта каде што го носам мојот, ама транспортерот што ми го дадоа беше многу помал и можи да замислите мојот мачор колкав е и колку време се боревме, молевме и каравме за да влези, ме испоти. Ај влезе што влезе... го клавам в кола на со-возачко седиште да седи ми замириса нешто, се испомочал и испосрал до максимум, е алал да ти е му велам, се испосра од една вакцина шо ќе ти кла против краста и глисти. Го носам таму, абе луѓе ова во животов да сака некој непознат... значи докторкава ја гушка и се умилкува и се. А ова се има случено со непознати да се гали само еве со докторкава и бивши мои девојки две. Докторката вади една инјекција огромна, и велам докторке мачево е за вакцина не јас и се смее. Ми вели абе не се секирај нема ништо да почувствува плус твоево ко тигарче е дебелокожец нема да боли, и стварно наеднаш му кладоја го средија и го вратив дома, штом го извадов од кола абе почна да плачи да се слушни насекаде низ комшии хаха.
Слобода на говор има само кога се работи за вас а кога се работи за мене нема? Прво, во денешно време срамота е да си добар,правден и чесен. Второ, лошите луѓе се сметаат себе си за интелигенти додека добрите ги мислат за наивни и глупави. Тоа се различни работи. Да не беа немаше различни поими да има. Да објаснам за тие што не разбираат. Добар значи дека правиш добри дела. Наивен веруваш во се и точно и погрешно. Глупав не разбираш. Трето, ако те видат дека знаеш и ти колку и нив тогаш почнуваат да зборат дека си глупав и сфаќаш. А они што знаат се се паметни и супериорни. Четврото, љубомората е лоша особина која го јаде самиот човек. Исто како и комплексите. За да не му помогнеш на некој што е во тешка ситуација дополнително му прават сопки и не мора да е во тешка ситуација може да биде и се во ред па да го наместат. Зашто? За да испаднат они подобри. Тоа се вели љубомора. Ама тоа не значи ти дека си стварно подобар. Тоа е заблуда. Треба да се гледа реално. И главното. Секој има право да си каже своето мислење. Нема ништо погрешно тука. Нова лекција.
Pro tip за во иднина: земај си подлога за менвање на памперс на бебе, од аптека. Од долу е како "шушкавно", пластифицирано, а од горе е мекичко. Од стресот многу често измет прат мачките по пат до вет и вака рает гла ќе ти е.
Најомилено нешто кај зимата ми е кога завршува, а денес се осеќа идењето на пролетта. Среќен први март.
По интернетов, а и по форумов секакви недолечени да ти шетале. Ќе се понудиш да помогнеш, да дадеш совет, ќе одвоиш време за некој што не го познаваш и на крај уште без храброст ќе ти го мери моралот и ќе те вреѓа оти не си се согласил со неговите налудничави идеи. Потсетете ме другпат да не губам време на вакви.
Тато се надевам дека ова ќе ти биде последен викенд поминат во болница и ќе одиш само на убави места. Нека те чува Господ и нека успее операцијата.
Почнаа пак со реферати за тоа како определени традиции, сега маскембалите низ државава, се пагански и анти-христијански ритуали, наменети да го оддалечат верникот од бога.