Турција е земја каде што уличните животни т.е. мачките и кучињата се секаде добредојдени, во бутици, во јавен превоз, локали, дури и владини објекти и е позната по хуманиот третман према нив. Од друга страна, Турција има огромен степен на семејно насилство, да не речам очаен, па живо ме занима како тоа некој што сака животни би повредил човек, кога нели големината на душата се гледаше према тоа како ги третира човек животните.
Уште ова не бев видела, и тоа видов денес.. Да најмиш приватен фотограф за да ве слика кога искачате со болница со бебето.. Повторувам, ЗА ДА ВЕ СЛИКА ПРЕД ВРАТАТА ОД БОЛНИЦА КОГА ЌЕ ИСКАЧАТЕ ПОСЛЕ ПОРАЃАЈ СО БЕБЕТО ЗА ДА ОДИТЕ ДОМА.
Технички има, ама сликаат или за лични документи, или форензика кога прават.. Не сликаат мајки пред породилиште со бебиња..
Ќерка ми во некој претходен живот сигурно била бездомник. Кога никој не ја гледа, се научила да прети во кантата за ѓубре и си вади си јаде нешто. Вади кутијки од паштети и павлаки и ги исчистува цели со јазикот. А така да ја нудиш, нема шанси да апне.
Јас не би го направила тоа. Ама ако им е мерак зошто да не ? Нивни пари нивен начин како ќе ги трошат. Нивната постапка не штети ама баш на никој. Во други држави нема ни да се замараат со дискусија за ова.
Ваљда културата е таква да овие работи околу насилство да се нормализирани. Целиот проблем со нормализација е дека не ја гледаме како проблем, често дури и кога некој ни ја нагласува. Пошто има поврзаност меѓу насилство на животни и насилство на луѓе и би рекла Турција е од ретките исклучоци по ова прашање. Пошто има држави со високи стапки на семејно насилство од кога легализираат убивање улични животни (пр. Романија). Морам да признам, ме интересира сега зошто подетално е вака Турција оти она горе го "годев" лаички. И покрај сликава долу ќе пробам денес поќе информации да ископам.
Тој што повредува животни обично повредува и луѓе. Ама тој што БОЛНО сака животни, исто така повредува луѓе. Како една бивша активистка на Мунди што велеше јас би убила дете да спасам куче, не ѝ го памтам името само. Мене ова ми е болно размислување па што сакаш кажи. Или едни активисти што запалија лабораторија за тестирање лекови врз лабораториски стаорци сосе вработени внатре. Или многу сакаат животни, ама не и луѓе зашто всушност сакаат некого сѐ додека имаат моќ над него, зашто им се руши егото некој да им се спротивстави, да им каже не. Куче ќе го дресираш, со храна ќе го залажеш, партнер (и било кој човек) не можеш. Познавам и луѓе израснати на село, со типични патријархални размислувања што душа ќе дадат за магарето и козата и кучето, ама за жени имаат одвратни мислења. И сите знаеме и еден историски лик од овие што ги зборам
@Munchmallow20 мислам дека поќето ќе се согласиме дека секој екстрем е лош, од таму немам шо да кажам за твоите примери оти се работи за екстрем. Воедно, твојот првичен пример не е ни за "болна" љубов кон животни, така да сум збунета од кај иди ова. Ако целта е само да кажиме нешто - ок. Извини шо се надоврзав. А, то дека се гледа дали некој можи и чоек да сака према то како се однесува за животни, во мое искуство нормално, секој кој неќел животни и/ли се изживувал врз нив бил гомно. Исклучок куц туц оти има некои страв шо поистоветиле со омраза ама ако било омраза во прашање - секогаш бил чоек кој не можел несебично да се дава на друго живо суштество. Сигурно има исклучоци. Јас ги немам запознаено. П.С. Луѓе кои се насилни кон семејството, а се грижат за стоката е пред се оти се ставаат себеси на прво место. Зошто? Стоката им е извор на храна и преживување. Не би рекла дека таму има некаква "љубов" кон тие животни туку потреба која можеби ја поистоветуваат со љубов. Шо ме враќа до првиот муабет за Турција. Мачките не се стока и извор на храна таму. Зато и сум љубопитна кој е тој културолошки момент шо реши да ги штити (уличните) мачки.
Корисни се, јадат глувци? Имаше и една приказна мислам, за детето што дошло со мачка и сите глувци биле истребени, не ми текнува како беше баш, старост
Ама тој што САКА животни, болно или не, нема никаква врска дали сака луѓе. И е многу погрешен начин да проценуваме дека некој е добар ако сака животни. Значи за тие што сакаат, не што ги неќат. Ќе видам дали сака ЛУЃЕ кога ќе видам како се однесува према ЛУЃЕ. Тоа што го храниш мачето на улица не ми влева доверба во тебе дека си добар према мене. Па опасни раси на кучиња најчесто ги чуваат мажи што им е испод части да чуваат пудле оти ќе му се смеат другари. И многу често ќе сретнеш абе маж со пудлица/малтезер не е маж. И ваквите мажи си ги чуваат кучињата најдобро што можат ама тоа не ги прави добри према луѓе.
Мачките се дел од културата и традицијата во Турција со векови, уште од османлиската империја, симбол на Истанбул. Исто така, нивниот пророк Мухамед сакал мачки, така да нивната важност доаѓа исто така и од религијата. Ги сметаат за чисти животни, и ја ценат нивната способност да ловат глувци кои се штетници што носат болести. Дозволено им е да влегуваат и во џамии и домови. Не мислам дека секој што сака животни е по автоматизам добар човек (obviously), но знам дека секој што намерно ги повредува е лош.
Сакам животни, чувам мачка, ама неподносливи ми се кучињата на комшиите, насабајле лаат навечер исто, човек не може да спие, да не зборам што ми е прозорот на улица страната на телефон не можам да зборам од толку што не престануваат да лаат, посебно сега летно време, хорор ХОРОРРРР ако веќе чувате кучиња ставете си ги да ви лаат над глава кај Вас а не и комшии да трпат лаење човек глава да го заболи
Баш така. Секој кој е со намера да му наштети некому, посебно на немоќно живо суштество, мора да е тежок гад.