Конечно викенд + сончев = добитна комбинација Се будам во 10ч гледам телефонот дали ми е наполнет, го вадам од полнач, брзам викам 3 неоправдани веќе па и 3ч ќе заврши уште малце, а таман се поправив и малце се расонив и гледам на календар сабота сме. И се вратив во кревет и се вратив на спиење, во 11ч после станав зашто ми ѕвонеше некој на телефон. Ама добро имам и утре време има да се наспијам ко човек. А и наредна недела имаме 4 дена споени, четврток 23ти нешто ден на ВЕМЕРОТО ли што и да е. Па, 24ти нас патронат ни е и си ги споивме тие 4 дена. Е супер ќе биде, само што има доста за учење, ама јас ќе си ги поделам 2 дена за одмор 2 дена за учење. Ајде на вакво време да не губиме време по дома, да одиме на прошетка.
Кога човек би знаел што е и колку вреди неговиот живот, никогаш, апсолутно никогаш не би си го ставал на ризик, во замена за други цели, никогаш не би обрнувал внимание на работи кои не се битни.Имав кажано некогаш, луѓето се мајстори кога станува збор за реализирање на мислата, а бога ми и тоа е фасцинантно, само многу е важно каква мисла ќе спроведат во дело.
Често сум помислила само господ паметот да не ми го зеде и да си стареам достоинствено Е не можам да му кажам на некој дека изгледа супер ако не е така, ако ми делува како паљачо . Се држам на страна од таков вид на колективни лудила. И да, некои поединци не морам да ги запознаам за да дојдам до заклучок дека се досадни. Ги читам или слушам...едноставно '' зрачат''.
Леле, чувството кога јадеш палачинки... Спојлер Да нема недоразбирање, не јадам палачинки, само кажувам колку е убаво чувството.
Преку глава ми е... Се што доаѓа е потешко од предходното. Секој ден ми е се потешко да станам од креветот. Секој ден повеќе обврски, планови и очекувања. Но, јас ќе успеам, ќе им докажам на сите дека можам да ги бутнам нивните граници, моите граници. Се што треба е многу труд и голема волја.
...возење до подалечна дестинација со татко ми + пеење еx ју хитови од неговото време колку шо глас не држи = Бесценето !!! ТЕ сакам татенце
Па каааааај сте бе вие? Уствари јас кај сум, не вие. Вие тука сте си. Ретко ве читам во последно време, ама школски обврски, знаете. Него, немам ништо посебно да кажам, онака, наминав да видам што правите, живи ли сте, магнезиуми, хелиуми, водороди.. Добро, знам дека не ви е смешно. Утре може ќе ми текне нешто попаметно да пишам. Ај, чао.
Рандом факти 1. Што ме прави посебна - Знам да управувам со трактор, риквец со приколица ---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------- -------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------- Понекогаш мислам дека погрешно постапив што не си ги следев соништата. Да бидам празоноглава и со тоа несовесна за своите постапки, да се преселам на егзотично место и да изнајмам шпанец келнер да ме служи со пијалоци полугол додека мојот средовечен мултимилионер ,импотентен, со проблеми со простатата маж е отсутен на службено патување со секретарката швалерка. Вака морам да бришам прозори и да пеглам кошули, да варам маџа рандом хаусвајв стаф и маж ми не е импотентен али е утепан од работа така да сеедно. И ќе ме изневери кога да е само јас сепак ќе си останам без шпанецот, без плажата и без пијалокот.
Многу ми е криво што денешниве деца не си го знаат јазикот и со тоа го уништуваат. Од друга страна, знаејќи какви професорки/наставнички/учителки има, куку нив. Па, не знам дали да се тешам дека не е вината во децата или... Лошо, многу лошо во секој случај.
леле па ноа чувство кога нема причина за плачење, а очите ти се насолзени и сите те прашуват "зошто плачиш?" - е така ти е кога е ладно и кога си тешко настинат
СДК сабајле ја скратив косата до рамена, рамна ми е и сега со душа чекам утре да ја исфарбам лилава.. Спојлер
Колку го сакам она чувство,кога од нигде никаде,без некоја посебна причина,носејќи пижами и со исчупана коса,почнуваш да се чувствуваш неверојатно секси и привлечно Во последно време,се почесто и почесто ги добивам овие моменти на јакост (спротивно од слабост де ) и ептен ми е мило заради тоа. Заклучок: Физичкиот изглед е пола самодоверба,а пола тоа што е И цедевита се прави со две лажици!
Одкога не сум ве посетила,не се лутете со физички величини се расправам и со густини на тела Нема ништо ново да ви се пофалам,уживајте
Цел ден трчам натаму-наваму, брзам да ги завршам сите обврски во еден ден, да се видам со сите драги луѓенца со кои сум се разминувала периодов, да си купам тоа што ми фали... И сега сум преморена, немам сили за излегување! А прееска си купив нови штикли, плус имам и сако кое не ми е носено Како да стојат дома така нови, а неизносени, греота е Ама веќе не влегувам во продавница, еве јавно ветувам дека до декември ќе се воздржам од секаков шопинг!!! Потрошив пола плата и повеќе овој и минатиот викенд на ташни, обувки, облека, козметика, свашта. Ама како пак ми е убаво на душичката кога имам нови работи Всушност, затоа и работиме нели? Барем додека сме млади и немаме опашки позади нас, да уживаме и да си дозволиме повеќе. Одам да се спремам сега, ме чека дружба со другарките! Имајте весела сабота!
Оние ситници кои на почетокот ги занемарувате,на крајот се претвораат во лавина која на крајот ќе ве затрупа и не ви остава никаков излез.