Сакам да кажам дека форумов е жива зараза и дека многу значи подршката која што ја давате форумџики. ❤️
Интересно ми беше кога на еден тип му кажав што работам, и он ми рече што убаво, значи ти сега да имаш лаптоп можеш овде да работиш.. Бевме на тура, и седевме на околу 2400 мнв на планина.. Му викам да да, а во себе се мислам се потрчав да работам и на планина јас
Некои кои имаат завршено на некои факултети не се свесни каква огромна предност имаат со тоа што работат на проекти за компании кои постојат, во споредба со други факултети. Разликата од еден до друг факултет можеби е неколку километри, ама привилегијата е огромна и тоа го земаат здраво за готово.
Стигнав до периодот од животот кој многу сакав да дојде и едвај го чекав кога имав 8/9 години, сега единствено што многу сакам е да се вратам пак на 8/9 години.
Многу ми е јако кога некој ќе ме праша нешто од моја област пример болест што е многу ретка и не сум ја ни чула, и бидејќи не знам во моментот викам ако те интересира ќе побарам. И следниот одговор е - абе можам и јас да си прочитам, ти тоа си учела, треба да знаеш. Ти ќе прочиташ бе душо, што и колку ќе разбереш тоа е друга работа. Јас ќе го разберам и објаснам упростено, тебе само каша попара ќе ти се направи во тиквата. Да, преку факултетот и работата не можеш никогаш да научиш сѐ. Ама секогаш ја имаш основата да разбереш нешто што го читаш првпат и тоа е она што те разликува од некој што не го учел истото.
Кога ќе сфатиш дека животот е ништовен, а светот е толку огромен, тогаш почнуваш да живееш и не ти е важно колку ќе траеш во него, иако тој продолжува да постои.
@Cutiepie1 , @Bratot , @RainbowButterfly , ви кажав дека ќе стане хит нели ? Епа се најде 21 на Трендинг , честитки Саша Матич, мислењето за другата ми го знаете оти веќе на чатот кажав што имам за Бресквица. А замисли Пријович да пееше со него, ќе ја запалеа цела Планета. Талент си е талент , само може да му се поклониме , секоја чест Саша Матич Хит на годината ќе биде, заслужено , браво
Не сфаќам зошто треба да се прашуваат работодавачите дали да се покачи минималната плата. Дај следно ќе ги прашаме педофилите дали да смениме возраст за давање согласност.
Не ги сфаќам луѓево, ем мажени, ем со деца, ем семејство. И те брецкаат... Ааа ти уште не си мажена, е ако ко има кој да ти готви, лесно ти е. Побогу земи глеј си фамилија, никој не те прашува зошто уште немаш трето дете и оти немаш швалер...... Не бе, осет немаме ко народ. Ццц.
Леле луѓе сеа глеав реприза на Сѐ или нешто. Па мене ми е криво шо жената пропушти не 1, туку 2 МИЛИОНИ
Луѓе (инфлуенсери) што седнувате во ресторан, местите телефон пред вас и се снимате како јадете и зборите, get a real life.
Ми вика ај нарачај ми од тоа Temy со твојата картичка, мене ми е страв да нарачувам да не ми ги соберат сите пари од сметка.. Викам аа значи мене ако ме зафркнат, нема викам, не ти нарачувам, нарачај си сама..
На човек му си толку важен колку што си го одржува зборот (не вели нешто само колку да се каже - филер муабет) и колку што е спремен да трпи inconvenience за тебе.
Се поретко го посетувам форумов и поради тоа доста содржина се насобира која не можам целосно да ја поминам. Па фатив игнор да ставам на 3-4 члена кои редовно спамаат и сега можам сѐ да постигнам