а мене баш сега ке ми се спие цел ден не сум навикната рано да станувам ама изгледа така е ко имаш куче да те буди секое сабајле
Мило ми стана, мојата икебана до твојата слика на гробот, ја ставиле.... Спонтано, без да знаат... Почивај во мир, бабичке... Нека ти е светол патот....
Многу ми се допаѓа новиот тик ток тренд #almostofrgotthisisthewholepoint. Живи и здрави сите на број, миленичињата, домот што го имаме, вкусната храната што ја купуваме и спремаме, удобниот кревет и мирен сон. Нема поубаво.
Тоа било една од поголемите животни мистерии: Зошто фрижидерите имаат светилка ако не треба да јадеме навечер?
Многу ми се слатки аматерскиве квази-политички експерти на форумов... Абе од уста не го извадија Трамп, поише од татко го сакаа, и сеа од коа усра работа, абе не било така, они не биле за него, него се грижеле за геополитичката положба на велесилата Македонија ( на која газот и е увек отпозади ). News flash на форум сме, можеме да прочитаме што сте пишуеле... Али тоа ти е, too late - за кој си, таков си.
Значи, сите мажени се буквално ПИШМАН што се мажени. "Јас него да му бидам слуга, цел живот" Плус, најјак совет ми е, кога ќе ми речат : Јас да сум сега со овој памет, никогаш нема да се мажам. Поарно сама, отколку со маж. Еј, не ги можам вакви значи. Само жалење, само кукање...
Со оглед на тоа што темава е најпосетена по мене, а не знаев во која друга тема би било посоодветно, ќе го напишам ова овде. Па до негде и сакам да го кажам ова. Прочитав статија дека во Романија во 90-те биле над 10.000 бебиња украдени. Ги лажеле дека се умрени на породување и потоа земени. Истиот случај, мислам, е и во моето семејство. Мајка ми, млада жена тогаш, без малку полнолетна, со уредна бременост, се уште незапишани со татко ми раѓа машко бебе. И рекле дека бебето било мртвородено и толку. Ни трага ни глас. Ни тело им покажале да видат, да се простат, ни ништо. По многу, многу години излезе некоја емисија од слични случаеви во Србија, мајка ми ја кажа случкава. Татко ми, кој е поцврст од камен, солза мислам нема пуштено и кога се родил, низ солзи рече ова и нас нивго имаат направено, сигурно. Почнав да ја испрашувам мајка ми за детали, не можеше да зборува на ова тема. Само кажа дека гинекологот е веќе починат. Верувам дека можеби некаде, тоа бебче веќе е возрасен човек. Или барем така сакам да верувам. Не знам. Како можам да дознаам нешто повеќе , приватен детектив ок, ама како ќе може да стигне до тие документи? Не знам. Не знам. Немир.
Смеам да ти пишам лп? Ќе ти дадам линкови од фб групи каде на големо се зборува за темава, крадени бебиња и деца во потрага по биолошки родители и обратно. Само треба да знаеш кога е родено датум година пол итн... Дај боже да се најдете, осетлива тема во секој случај...
Некогаш кога се осеќам така малце неспособна, ми текнува дека постојат мажи што не знаат основни работи во кујна. Не знае што е оригано, го праќаш у маркет и не знае да разликува копани од крилца или едни макарони да свари му е научна фантастика. И уште полесно ми доаѓа кога ќе ми текне дека има жени што се мажат со вакви. И деца имаат со нив. И да не знаеш кое дете повеќе да го пазиш кога е уклучен шпоретот. И на сите ни се десиле киксови во готвење ама ова кај балканските мажи е 10 чекори понапред.