Откако научив да не ги собирам сите мисли во себе, а да го „вработам“ маж ми како личен психолог кој има должност да ме ислуша за сите глупости што ми идат низ глава, е од тој момент почнав да се чувствувам многу позадоволна, поопуштена и исполнета. Не за џабе викаат дека партнерот треба да умее да ислуша.
Парк ти е идеално место за максимално опуштање. Сонцето ти ги топли бубрезите, тој е од твоја десна страна , до вас кафе , по кафето семки да се грицни нешто, а наоколу весел народ ...и куп дечиња на кои се им е весело, убаво и за паметење. Недела -ден да побегнеш барем за момент, во некој друг свет.
И скршените боички сепак бојат... Изборот на вистинската боја со која сакаме да ги прикажеме нештата е далеку помоќен од интензитетот на боичката.
Време е да одам на училиште, а ми се спие, главава да ја спуштам овдека, и веднаш заспивам. Ама, што се мора, мора се. Останете ми со здравје и уживајте. А јас, јас ќе си дремам на школце. Ај, чао.
На враќање од надвор, поминувам покрај едно училиште. Една женичка ме прашува дали ни` завршил седми час. И денот повторно е убав.
Јас сум обичен човек, со обични мисли што живеел обичен живот. Не постојат споменици во моја чест, а моето име наскоро ќе биде заборавено, но јас љубев со сето свое срце и душа и за мене тоа секогаш беше доволно. Романтичарите би го нарекле тоа љубовна приказна,а циниците трагедија...
Смачено ми е. Цел живот сум исмевана поради висината. Никогаш не престана тоа, нема ниту да престане. Дали сум поразлична од вас во разумот? Дали сум на пониско ниво на знаење од вас? Која е причината за ова? Не знам... Но знам, кои се последиците. Намалена самодоверба, депресија, затвореност, молчаливост... И на крај, јас сум виновна, нели? За што сум виновна? Затоа што моето тело останало малечко? Затоа што не можам да бидам како вас?
Да се смениме сакаш? Само главите секако. Не те исмевам, да не се разбереме погрешно јас сакам да сум ниска да си носам штикли и да си бидам иста со дечко ми. Да, јас сум малку повисока од дечко ми па што ми е гајле. Наместо тоа да те повреди, нека те зацврсти. Нека те направи посилна од се. Секој сака да биде ист како другите, ама некогаш е подобро да си ист со самиот себе си.
Да... Но, да бидеш различна висина до дечко, и различна висина со сите во градот е тотално различно. Не е навредувачки да ти велат дека не можеш да ги правиш истите работи кои останатите ги прават, само поради висината? Не ли е тажно секој ден да ти вели некој:" Девојче, врати се во второ одделение" само поради висината?
СДК Конечно стигнав да излезам да купам доручек И ииии кој бурек кој ѓеврек и разни бакрачи во 14,00 часот. Гладна сум. Море требаше да опнам една 10-ка со кромид па колегиве да попаѓаат од еротски мирис.
Па нека ти вели. Мене како ми беше јас бев висока кога имав 13 години ми велеа дека имав 16 години. Мислеа дека сум постара и дека не личам на девојче од 13 години. Воопшто не ги слушав, кој што сака нека вели. Ти си тоа, а сега вака што плачеш сама и тајно, им даваш поголема причина да те победат, наместо да кренеш високо глава и ти да ги победиш нив и да им речеш па ја сум горда што сум мала по висина. И јас ќе пораснам, ама ти што си пораснат што ќе правиш? Нека не те повредува тоа. Ти кажав главата горе и мисли позитивно. Бидејќи не вреди за таквите долгојазици да плачеш и да се нервираш, а тие некаде да пијат кафе и да уживаат.
Ве молам, ако некој од вас најде некои тестенини кои точно се приготвуваат за фамозното време кое е означено на амбалажа, нека ми ги посочи. Во знак на благодарност, частам ручек.
Мила, нема потреба од сето ова Тие што се исмеваат на туѓи недостатоци се несозреани личности. Лица кои не се погледнале себе си и лица кои не гледаат подалеку од сопствениот нос. Тоа се само ограничени и огорчени лица. Биди здрава и жива и воопшто не се грижи за таквите лица. Никој не е совршен и секој има по некоја мана и недостаток. Главчето горе и сакај се себе си таква каква што си. Не дозволувај да те скршат нечиви безвредни и злобни коментари. Едноставо ИГНОРИРАЈ ГИ, не заслужуваат нечие внимание, а уште помалку нервоза.
Нема такви. Баш некна со мајка ми праев муабет,ми вика на сите пакетчиња пишува 5 минути,а ние по 20 минути ги вариме Све је лаж
Знам! Од кожа ме вадат со лажгите. Стварно не ми е јасно што ги кошта да пишат 90мин . Ах, Светот е сурово место!
Жени драги,чувствувам потреба да си кажам.Резултатите ми се добри.Мојот организам успеал сам да се избори против непријателот. Контрола за 6 месеци.И да не читам искуства од интернет-препорака од докторот. Се разгалив.Си купив нешто за мене ,за душа.И моиве ги очекува ручек со сите салтанати. Баш сум хепи.