Го обожавам Скопје на продолжен викенд. Улици писти, паркинг секаде, нема ред на каса во маркет… милина
И според тебе би било ок долу до 10часот да е автобуска постојка и после забава да прај? Мене ми делува ко мулти наменски простор, фали уште некој ќош попразен кај шо има да клај апарати од казино.
Многу е тешко кога се наогаш во ситуација од која мислиш нека нема излез.. Не знаеш што е правилно. Лошо е кога нема кој да те потапне по рамо барем да ти каже дека се ќе биде добро.. Понекогаш, најбитното за човек е да има некој да го разбере. Среќни се тие кои имаат некој да им се отворат, некој кој ќе ги сфати а не само да ги осуди..
Уште потешко е кога за некој ти си бил тоа рамо и утеха, а кога дошло време тебе да ти треба нивното рамо и подршка тие исчезнуваат..
Така е. Во такви ситуации ти си бил до нив, но редот кога доаѓа на тебе ги нема. Брзо забораваат лугето, само туѓите грешки и маани ги гледаат. Секогаш пред љубовта ми било разбирањето. Но тоа е доблест, не го може секој за жал..
Обожавам плаќање со картица и тоа со телефон, најпрактично на свет, да не морам ни новчаник да вадам. Право дете сум на оваа ера, јбг.
Си слушнала за дневен лимит на вадење на пари? Колку сака нека има, денес толку може да извади. Имам 24 часа да пријавам дека е изгубена. Колку саати ти треба да пријавиш?
И дневен лимит, и неделен лимит. И замисли сценарио- одиш на ден негде, си заборавил дека претходно си платил многу пари со фамозната картица, јадеш ручек, картицата не проаѓа-јер лимитот пречекорен. Вистинска хорор приказна од денес. Среќа па маж ми, умен, имаше кеш. Шо мака имаш со тоа да постои избор и опции не можам да разберам.
Како што си се снашла за 20 евра да испазариш, ќе се снајдеш и за пречекорен дневен лимит. Не си имам мака, кажувам зошто не треба да постои плаќање со кеш. Не дека немаш опција да плаќаш до кеш.
Абе шо крипто, има цела злато да се наредам Прочита зошто Морган ФрИман носи 2 златни обетки? Па имам опција да плаќам во кеш, затоа што истото Постои. Не е твоето кешлес општество, сеуште.
Мене од сѐ, најјако ми е што сакате кешлес општество за да имало контрола каде одат парите, ама никако не ги спомнувате, тие што тогаш највеќе ќе ве цицаат, банките. Чувај боже нив да ги контролираме. Битно дрога да не диламе. Тие и сега ви зимаат провизија за воздухот што им го дишете, а тогаш ехее.
Оваа година ми е катастрофа... Не верував дека сега ќе ме напуштиш мило. Те чував долги 5 години, ми беше пријател. Како се шетавме низ шума за време на ковид. Последните години салабо те гледав ама секој пат кога ќе дојдев мк ми ја полнеше душата, се галевме. Малку лудо кученце беше, ама само осеќаше кој те сака кој не и мислам дека според тоа и се однесуваше. Знаеш со тебе заедно го стопивме и нејзиното срце, можеби само не сакаше друго срце да стопам со тебе. Зошто ми отиде баш сега, одамна те немам галено, одамна се немаме играно заедно. Верувам дека сите животни одат во рајот знам дека таму ќе бидеш и ти, се надевам кога ќе дојде време ќе се сретне таму некаде. Почивај во мир Белче, почивај во мир пријателче. Те сакам.
Денес се прогласувам за победник - со прв ден добиено направив 15.000 чекори. Сметајќи дека вчера бев цел ден во депресија и ми се плачеше дури и на смешни видеа, денеска откако конечно дојде бев ко yass my will to live is back, и сега се чувствувам одлично. #itsnoteasybeingawoman
Шо не дадеш кеш од свој џеб за да купиш стан, куќа или кола? Или тогаш банките срцки се. Само говеда кога земаат провизија.
Па за СЀ не користам картица. Мислам купување стан од 70 000 евра и чоколадо од трафика од 50 денари не е исто ама оќе. Можда некој со 50те денари хероин ќе зема, види тоа не ми текна.
Муабетот ти беше дека банките наплаќале и за воздухот што го дишете. А ваму што не се зајмите од пријатели, банка да не ве цица?! Јас не знам колку осигурања имам преку банка. Да, секој месец плаќам, ама не дај боже да треба да го активирам, толкави суми немам на располагање. Имаме обостран интерес. Ти земај ми, ама дај ми тоа што ми е потребно.
Одамна неам искочено со другарка а убаво да си поминам. Значи сакам среќни, убави луѓе. Сакам некој што е сигурен и своите проблеми не ги трупа на друг ебаго