Да да надалеку се расчуло за "докторов" Стојанче Михајловски од Стајковци, Скопје, го освои првото место по медицина на Европското натпреварување за студенти по медицина и фармација. Ниту еден медиум во Македонија не ја објави оваа вест затоа што татко му е трговец и сопственик на пекара. А самиот Стојанче учествувал и во велосипедска тура до Стразбур. Срами се, Македонијо! Објавата е многу вирална и има повеќе од 7.000 реакции, над 1.000 коментари и 220 споделувања (во моментот на нашата рецензија). Во коментарите сите му честитаат на младиот Стојанче од Стајковци. Тука тој е претставен како венецуелски доктор кој пронашол вакцина против ковид-19. Фотографијата ја има на Фејсбук и на 28 април 2020 година и на 8 април, а ликот таму е д-р Аквилс Баеза Вергарач. Тој е д-р Аквилс Баеза Вергара, штотуку почина по 6 дена без одмор во болницата Ла Раза во ЦДМХ. Тој успеа да излечи многу луѓе од коронавирус по цена на својот живот, по потекло од Тлаксала. Никој нема да сподели затоа што тој не е фудбалер, политичар или рок ѕвезда. Сајтот за проверка на факти Колумбијачек ја има дебанкирано оваа вест во јуни 2020 година. Уште еднаш, фотографија на познатиот шпански порно актер Анхел Муњоз, познат како „Жорди Ел Нињо Пола“, човекот со илјада лица и илјада професии (на социјалните мрежи го претставуваат како лекар, инженер, заменик , судија, стипендист, внук на Андрес Фелипе Аријас), се користи во колумбиските социјални мрежи за генерирање дезинформации, пишува Колумбиачек. И сајтот Малдита.ес дебанкира вест поврзана со ликот на порноактерот во март 2020 година и пишува дека тој уште бил претставен како човекот кој ја измислил вакцината против Н1Х1 грипот. Ликот од фотографијата се појави и во 2021 година како Михаил од кичевско кој нашол ефикасен лек против коронавирусот. Вистиномер ја дебанкираше оваа вест.
Од каде дојде до заклучок и толку факти за мојата организација со мажот мој ете не знам. Јас не се пожалив дека имам проблем, туку реков дека мажите се повеќе се претвараат во понежен пол кога жените превземаат се' поголем товар и од тоа што претходно било повеќе нивна (машка) обврска генерално, баш благодарение на феминизмот. Ти дава избор кој после е потиснат од капитализмот. Ама до таму не си дошла да го осетиш на своја кожа па затоа не можеш да ми ја сфатиш поентата. Да ти дадам еден пример: Имам цимерка на која феминизмот и дал избор да учи, да заврши медицина па и специјализација. Е сега, за време на таа шест годишна специјализација таа зема некој беден месечен надоместок од 26.000 ден., нема право на здравствено осигурување а со тоа ни право на користење на породилно отсуство. Истата таа која има сега 38+ години вели дека си го има жртвувано правото да стане мајка и да основа семејство и дека кога ќе дојде време за тоа, т.е кога конечно ќе може да се вработи како хирург можеби веќе ќе биде касно. Тогаш ќе сака некоја година да го практицира тоа за кое се убила од учење/работа. Што значи тоа, дека секој "благослов" доаѓа со одредено проклетство заедно. Еве ти пример кадешто не се совпаѓа равенката која навидум за тебе е многу лесна. Зошто во овој случај е жената сепак уназадена и дискриминирана во споредба со мажите? Зарем не сме еднакви?
Деновиве видов 10 000 лајкови и споделувања на измислен доктор, масовно купување на благословен прдеж во тегла, фалат уште матурантиве да ни се качат на магариња и како комити да одат на матура. Oh wait...
За тебе лично и за мт апсолутно никаков факт не кажав, се држам строго до твоите констатации. Тоа што ти го пишуваш за проблемот на твојата цимерка е дискутирано во соодветна тема, а ти очигледно не го разбираш феминизмот (кој најчесто да, не е во линија со суров, феудален капитализам).
Само е ова доказ дека вакво размислување не е Балкански синдром како што сите на овој простор љубиме да мислиме, туку дека е глобален . Последниот коментар посебно
Мене многу ми е јако како на немажениве им викате абе седи мирна, не знаеш што ти носи животот, оти се цврсто решени дека не сакаат да живеат со свекрва. Ама вие чим сте се омажиле, готово, среден е животот. Епа news flash и вие не знаете. Да се соочите со насилство, развод, или ваша ќерка да трпи некој токмак. И тоа овие работи помалку можеш да влијаеш него дали ќе се тупосаш кај свекре. Затоа помалку плукање по феминизам оти без него сега немаше уопште да возите кола, а не да цмиздрите дека требало на мајстор да ја носите. Немаше да гласате, да работите, да се омажите за кој сакате, да поседувате свој имот, да се разведете, да имате било какво право да си кажете мислење за било што. И ако правење "машки" работи ви е пострашно од вакво ропство, стварно не знам како да ви помогнам. Сум копала бавчи и дрва сум носела и цепела и еве патлак не ми порасна.
Колку ли се само дволични луѓево, овде прикажуваат совршен живот, а во реалност не е така.... А бре, молчи си таму, не се брукај овде,ама ајде возрасни се, тие најдобро си знаат за нив самите.
Многу добра поента и приказ дека всушност не сме така еднакви како што мислиме и често она што е така како што ни се наметнува, не е исто во пракса. Знам доста примери, и за жал времето е тоа што гази (покрај изборот - што верувам дека никоја не се кае за тоа кога станува збор за професија). Меѓутоа има и нешто измеѓу што лека-полека се наметнува т.е самите жени си го наметнуваат за да ублажат некоја празнина - процесот на самоиницијативно убедување дека не сакаат деца баш заради ,,супериорноста" пред останатите во општеството, па пафтање со зборови во лице како феминизам и сл. Генерално, нереализирани жени во областа на семејството со тек на годините имаат поблаги сфаќања и допуштања во однос на другите жени и нивната слобода и се создава некоја ,,поддршка" низ низа неоправдани однесувања. Долга и широка е, но поими како морал, феминизам, капитализам и те како се испреплетени.
За сѐ е онака како што напиша, само можеби за ова не можам да се согласам. Правник или економист може да води работи поврзани со земјоделие под услов тесно да соработува со земјоделците и да ги разбира работите од нив. Впрочем ова веќе и го имав напишано. Правник и економист не исклучува да биде и земјоделец. Има луѓе со економски кои се земјоделци. Сѐ е во соработката.
Сигурно тука прикажуваат каков во суштина сакаат да им биде животот,а дома е сосем спротивно. Доцна ке сватат дека правдејки некој/ја само на себе си нанесуваат штета,и криејќи ги туѓите постапки им го хранат егото на "совршените",а тие со тоа земаат уште по голем замав. Жално!
Се согласувам ако работел на минимум 50 хектари две три сезони па навлегол у проблематика ама вакви не сум видел ја до сеа у државно, се е тоа вработено онака за нишај врата земај плата
Дали може чат да ти каже кога ќе го жениме @Stark? И каков подарок да му однесеме. Дали шпорет или нешто друго
Не се греам на дрва, еве и на татко ми клима му купив само да се отарасме од шпорето, иначе имам скапо шпоре, нема да ве трошам толку. АлфаПлан тип 90 мислам беше, не трошете се толку.
Не не, вградено че ми биди во станот ко че реновирам, ако не во плико дајте ми нешто пари, не се мачете за избор и транспорт.