Ужасно ми смета жешково, буквално постојано ми се слошува, во принцип константно не се осеќам баш најдобро, ама сепак, пре би пеколов него ли смрдливана загадена замаглена безживотна зима.
Мене во зима повеќе ми смета тоа смрдениот загаден воздух него сега пеколниве температури. Плус сега барем после 7-8 часот навечер е многу пријатно и можи да се шетка, во зима нема таков период во денот каде што е удобно. И пак ќе кажам: лично јас мразам сто слоеви облека на мене за да можам малку нормално да функционирам. И сметките за струја ми се три пати повисоки во зима. Пролет all the way.
Денеска ми е роденден, направив 31 година. И влегувам во оваа година сериозно во секое поле ми оди добро сакам вака да остани! <3
Тие што јадат говна за концертот на Масив Атак стварно не ми е јасно што бараа. Од неколку луѓе го слушнав муабетот дека бил политички. Епа дечки, тоа е буквално цело постоење на бендот, што очекувавте? Толку се имаа потрудено, визуелните ефекти им беа на највисоко ниво, озвучувањето беше фантазија, како путер им се слушаа гласовите на вокалистите... И ќе се најде некој да кажува зошто збореле за Украина, Конго и Палестина и против Трамп и Нетанјаху. Па не идете да ги слушате бе деќки, бар во државава се носат артисти за сечиј вкус. Концертот беше еден од најдобрите на кои сум била, буквално сами солзи ми течеа на пола од песните, особено на вокалот на Елизабет Фрејзер. Уште се тресам коа ќе ми текне колку беше добар концертот.
Кај Светле од Житораџа нема политика, само љубав, башка она го зема знамето на секоја држава, го гушка и го става околу врат, плус ,,Жуто пиле" кога ќе ја запее, Е-Ж-Е-Њ-Е, сузе ми падају нагоре. Добро сеа, маж ѝ го закла пола балкан, оружје у подрум чува, нелегално продава фудбалери, ама барем шири љубав на концертите, нема политички пароли, плус воли Македонију, кроз Македонију немој да певаш и играш јер че те натпевати и надиграти, јако топол народ, дивни људи, храна вам је врх, тавчеТО на гравчеТО хехе (секој Србин секогаш кога лапа по 50 000 евра од настап).
Па тоа ми е поентата. Ако неќеш политички концерт, што мајка бараш да отидеш ваму? Иди си на Цеца, на Аца Лукас, на Лозано да ти пее за километри, буквално на што ти милува душата. Тоа е исто ко сеа мене некој на психоделичен транс да ме однесе и да се бунам зошто е таква музиката кога ич не ми е по мерак. Па ќе заспијам таму колку и да не е за спиење таа музика. Кажи им на работа дека може и да си отидат ако не им се свиѓа, не ги држи никој со сила деќките. Или треба за на стори да снимаме Teardrop како се пее, да се покажеме пред народ кул колку сме. Иначе леле коа ја пееа safe from harm, душата ми излезе од телото мислам. На таа и на inertia creeps се распаднав
Овие што се жалат, најверојатно залутале. Знаеле едно песне и ај, авангарда сме, за да ставаме сториња. Овие не се некој комерцијален поп бенд/продукт, ваљда им знаеш историјат/ставови кога веќе одиш и купуваш карта. Ако ништо друго ќе им отвориш настапи од последнава турнеја, ќе ѕирнеш и ќе знаеш што пласираат, како им изгледаат настапите. Јас срцка така залутав на Deep Purple, правев друштво, на луѓе им кажував дека сум на Depeche Mode (ги мешав тие два бенда, до толку сум дупка за рок/метал). Ја чекав Smoke on the water, единствената која ја знаев, бев во тоалет баш кога таа ја свиреа.Многу се како мене, одат таму колку да се шуњаат, ние сме компиријада нација, не сме за толку артови, филозофирања и политички пораки. Massive Attack не се дојдени да ти свират за селфи. Ако не ти се допаѓа став, остани со Прија и Лозано по дома на слушалки бејзик фиромецу!!
Нема секогаш НЗС али и те како може да се вметнат политички ставови и критики како сублимирана порака а и често тоа се прави во уметноста.
Точно, уметноста може да обработува теми од секоја сфера на живеење, вклучувајќи ја и политиката. Сепак тезата дека политиката и уметноста не се посебни концепти баш и не држи вода.