Е незнам како да ти објаснам пошо не сум од Ск али ќе се обидам Од бит пазар кога идеш накај тој споменикот, Скендербег или како се викаше, ама не по чаршијата туку по тротоарот покрај улицата. Е од десна страна е бурекчилницата Ај овие другиве ако знаат за која зборам, нека ми кажат име за да ја запомнам и јас
Имамот: Никако ебење пред брак, строг пост, педерлук е забранет, тоа во пеколот ќе одите, никако косата на жената да не и се види. Исто така имамот: https://a1on.mk/world/vo-dzhamija-v...-plakjale-eskort-dami-so-parite-od-vernicite/ Верници и луѓе што го проповедаат овој живот од секогаш ќе бидат најголемите кловнови што постојат на планетава земја. А истово и нашиве го праат, немојте да мислите дека тие што ви кажуваат како треба да живеете не ги прават сите можни гревови на планетава земја.
Разликата помеѓу Прилеп и Битола е шо вториов град има ноќен живот и носат јаки фаци додека ние сме заглавени со Харис , Роквич и остала багра. Исто така ноќен живот чиста нула моментално.
Битола, покрај Охрид, е најжив град во лето, луѓе има буквално цел ден, а навечер не можиш да се разминиш по Широк сокак. И секакви културни и забавни настани, како вчера на Armin van Buuren (бев на свадба инаку ќе одев). Ма не само во лето, стално е жив. А Прилеп нема ништо скоро, сѐ повеќе пусто од година во година. Го кажувам ова ко некој што долги периоди поминува(л) во двата града.
Сега може да се пофалиме дека се враќаме во времето кога владееле локални бандити негде 2000те години и тешки опиноци низ град шетаат
Зимно време да, дефинитивно. Ќе видиш луѓе си шеткаат и седат на кафиња во рандом понеделник во зима. Порано бил и пожив, и тука има иселени, но сепак живее градот.
На времето, пред 15-20 години често одевме во Битола, зима-лето се враќавме и ние живнати оттаму. И се уште е така. Иако проблемот со иселеноста постои и таму, како и во секој друг град во Мк., сметам дека битолчаните си имаат инаква градска култура, ако можам така да ја наречам - не знам дали го користам вистинскиот термин. Прошетка, корзо, кафе, сите дотерани, културни настани постојано...
Прилеп како дете го доживував како Менхетен пошто имаат плоштад. Имаше тезги, гужва, народ, обавезно ми купуваа крофнички, по тоа го помнам. Ми беше омилен град, од сите два кои ги имав посетено, т.е ме носеа моите. Јас во Прилеп пред 20 години:
Хаха. Ние од помаливе градчиња кај и да не однесеа бевме воодушевени. Особено ко ме однесоа Скопјe моите, па и во McDonalds на сендвич Мислам дека во четврто одделение не успеав да појдам на екскурзија во Тетово, и школските сите беа wow ко дојдоа, јас претажна мислев којзнае што сум пропуштила.
Тетово? Па вие сте биле аристократија. Чашка и Башино Село на екскурзија, седнати на полјанка, со сендвиченца во кесенца и на чергичиња, пикник. По автобус со тетрис и сите во хор ,,Шофере, шофере, давај малку гас, да претицаш, да претицаш, сѐ што е пред нас, лол.Вечерта пред екскурзијата не ни спијам, од возбуда што ќе отидам подалеку 10 километри од градов.