Иста сум и јас, без разлика дали станува збор за човек, предмет, животно, понекогаш многу сакам да го нема во мојот живот и мислам дека така би ми било по убаво, а после кога навистина ќе го нема разбирам колку многу всушност сум била врзана за истото.
Форумов станува токсичен поради огорчени членови и тоа се забележува скоро по сите нивни мислења, полни со негатива или со тон на ароганција и надменост како они сѐ знаат и се најпаметни за секоја можна тема. Мене само ме интересира како се трпат сами себе 24/7. Да не си им во кожа.
Живееме во симулација. Пред неколку денови на тикток налетав на една тинејџерка што се жалеше дека на 17 години "фатила" на англиски таканаречена hand foot mouth disease. Прв пат слушнав тогаш и таму. Од денес истово срање го иам и јас. Викам ја... сииимууулааацииијааа. Или го префатив од нејзе преку екран.
Немам ништо против политички нити ме интересира што не не сакаат ама буквално секое лето една иста тема ,една иста земја ,мислиш други земји немаат море ,летото ми е досадно од тоа кај ќе одиш , Грција Грција Грција ,досадно баш
Не, имам и другар што не оди ни Албанија, Грција и Бугариај поради тоа што е патриот.. Секако татко му, мајка му во јавна администрација и овој чека еве избориве и тој да влези така. Така се сака земјата <3
не,не сум од типот патриот што паѓа во несвест. Ниту чекам работа од партиите. Ама некако иако Грција е фалена земја со добри дестинации воопшто не ме привлекува со својата (не)култура. Македонциве одат, се враќаат со искршени ретровизори и пароли испишани по коли налепници од нивна страна и пак упорно секоја година се враќаат во Грција. Не не сакаат како народ. Што бараме тамо?Никако!!!
Мислам дека скроз забегавме како народ. Сакаш да дадеш некому нешто, да помогнеш, да донираш, ете, да споделиш среќа, радост, некому насмевка на лицето да ставиш, да му го олесниш секојдневието, да земеш дел од товарот и сфаќаш дека има многу фејк луѓе кои имаат доволно многу и не им треба помош, ама на таков начин одлучиле да дрпнат нешто. Не знам, жалосно во какви мршојадци се претворивме. Пред да донираш да прашаш абе на човеков стварно му треба помош или измама е? И тоа е се шо треба да знаеш. Налет веќе од лошотии од луѓе. Зошто сме такви? Па и животните имаат милост едно за друго, освен ако не е ланец на исхрана во прашање. Зошто ние сме толку позлобени?
Денес во Зегин аеродром, лепотицата на каса фино ми ги украде парите од кусурот. Гужва, брзање, видов покасно што ме снајде, Се јавив кај нив, ја пријавив, после и она ми се јави. Кутрата ем што лошо краде па јадно лаже. Рече да дојдам по кусурот, се збунила, после ми вика ми вратила повеќе пари, викам а камерите да ги видиме, ќе ви се јавам пак и нормално ја нема. Значи лопужи секаде, отварање очи колку се може.
На форумов има еден куп married single moms, само што како што вели една изрека - Не можеш да разбудиш човек кој се преправа дека спие. Барен секојдневно гледм каков партнер НЕ сакам да имам.
Не знам дали некој им го има update мозокот на некои луѓе, ама фала Богу што јазикот ни е open source, инаку досега ќе беше totally corrupted. Слушам двајца денеска се поздравуваат со "hey bro, шо има". Добро ај, си викаш ништо посебно.Продолжуваат со "bro, today I will вежбам грб ама уморен сум не знам дали да си одам because I need a rest day. Кхм.. Те сфаќам брo во право си, but you better go finish work tomorrow бар јас така мислам." И така, мислиш "еволуирале" над Балканов, директно во LA, CA Сдк, не е поента да зборуваш јазик како што се носат патики по мода. Ги слушам и си викам, ова ли е апгрејдувана верзија на Македонец 2025? И не бе, не беа странци. Тинејџери, Македонци. За да еднаш ми се случи да ги прашам по потреба, where are you from мислејќи се странци, и да добијам одговор, "абе брат од тука сме ама само зборуваме вака" Сакаше да кажи, миксаме македонски-англиски, турлитава речено. Да не може човек во сопствена држава и народ да се разбери.
Значи не е само до мене. Вообичаено мразам да се шлакам со лосиони, ама вчера лом ми се направи кожата после туш.
Ќе се јавиш кај нив и ќе те поврзат со човечки ресурси или ќе оставиш мобилен. Веднаш ми се јави некоја, после и лоповката апотекарка со куп небулози, знаеш кога ќе ги пријавиш а криви се тресе глупости целата испотресена. Доста е веќе, заработува од нас и сака да не прави мутави