Жената е круна на создавањето, Бог го создал мажот за да се грижи за светот, жената ја создал затоа што мажот ја барал. Тоа што многу мажи не ја почитуваат жената денес е нивен проблем не кажува така Библијата.
Зошто некои (повеќето) колеги/шки мислат дека ако работиме заедно мора да сме блиски? Едноставно не ме интересира нивниот живот. Ем сме голема разлика во години, друго си имам свој круг на луѓе што не сакам да го ширам. Ќерка и имала дијареа цел викенд. Добро? Па мажот и го фатило. Се карале дома за вц. Неговата била потечна. ???? Не сме пријатели. Колегите не ми се фамилија. Чил аут со твојте гомна.
Со други зборови Long time no see Еве да си ја отворам душата малце да ми олесни Од кај да почнам, кај да завршам, крај нема. Мислам дека малце залутав во животот. Збунета сум, не знам што чувствувам, не знам кај терам... Млада сум, животот е пред мене ама како да немам водилка.
Треба некој со добра камера и слободно време да направи албум со слики од рибариве во Вардар. Ги гледам секое сабајле во Скопје
Библијата не е дело на еден автор, туку колекција на текстови од многу луѓе, собрани во "еден збор." Иначе, нигде не е докажано дека само мажи ја пишувале Библијата, имаше делови во кои стоеше дека потпомагале и многу жени во пишувањето, ама во тоа време, мажите биле доста пописмени од жените, поради патријахалното опшество, кое ја "линчувало" жената од слободна воља за учење и пишување.
Зошто воопштено некоја размислува дека маж можеш 'да го врзеш' со бебе??? - Драга, тоа не загарантирува ништо. Тој што си има таков карактер да те понижува пред други, а ти да се смешкаш дека се е ок и као тоа е зезање, таков и ќе си остане. И ќе оди по други, исто, не дај Боже. И се докажува сеуште. Ејјј со години идеа и на типов не му текна за брак, или не сакаше, а она само идеше кај неговите. Сеа остана трудна. Не знам зошто си се уништува, блискава особа. А ја сакам. Знам не сум моќна да и помогнам. Нејзин избор беше.
Секогаш ми бил интересен овај "феномен" да си познавал некој претходно ,си се дружел така долго време и да се правиш на крај како да не го познаваш ако се разминете на улица
Комунална отиде во к*рац. Нема возила, возат неисправни возила, неклиматизирани, расипани, идат со саати чекаат возило да се ослободи, смена им трае х саати, не се знае колку, немаат плата земено сеуште за месец Јули…. Ќе биде уште полошо со ѓубрево. Вмро и данела си играат предизборни гомна.
Зошто ова мајсториве се ко од исти калап создадени и сите се идиоти? Од електричар до монтер на дограма? НИКОГАШ НЕ СИ СТОЈАТ НА ЗБОРОТ.
Колку човек сам со погрешен избор на партнер може да си нанесе болка никој не може, и форумот ми го докажа ова и една пријателка.. Ја немам видено подолго ама по лицето веднаш на човек му се познава дека не е среќен.. Многу си се променила косата скратена нов облик на веѓите мислев сето тоа што лицето ти изгледа така е поради тоа, многу по убава беше со долга коса и со твојот облик на веѓите, ама изгледа убавината не ти се намалила поради тие промени, туку нешто внатре те погодило. Искрено жал ми падна за тебе, очите црвени, насмевката лажна, лицето овенато, си реков сигурно нешто лошо и се случило.. А кога го поврзав сето тоа со разговорот разбрав дека партнерот не те чува доволно.. Кажа дека посакуваш да се вратиш кај бившиот, а ти го избрка тоа дете за да бидеш со сегашниот, ама лицето со него ти беше секогаш насмеано. Не сакав да ти се мешам немаше ниту да ме послушаш, незнам како точно ти било ниту со бившиот, ама лицето друго кажуваше. Можеше сама да останеш не ти требаше ниту еден од тие двајца ќе се појавеше онаков каков што навистина бараш и ќе те чува. Тешко е да видиш пријател во таква состојба, а да незнаеш / неможеш да му помогнеш, затоа што не сака помош. Што мажи ќе бевте, ако не можете насмевка на лицето на својата сакана да ставите? Ниту јас не сум кој знае што, можеби ако добро ме погледнеш ќе ми најдеш многу недостатоци, можеби уште работам на себе и не сум целосно изграден како човек. Ама едно знам ниту една девојка која што била со мене немала овенат лице секогаш носела најубава насмевка. И многу блиски луѓе на дм ми кажале дека од кога е со мене станал многу убава. Не го кажувам ова за да се фалам, мразам сам да се фалам, ама ми се поврзаа така работите. Научив барем каков маж никогаш не сакам и нема да станам. Совет од мене до сите е бирајте партнер кој што бесплатно ќе ви купува насмевки на лицето, тој/таа навистина ве сака и ќе се труди постојано околу вас, ќе сака покрај него да имате се. А ако некој постојано ви ја руши насмевката, не мислете двапати дали да си заминете.
Мислев само ние сме што чекаме од мај месец до ден денес. Не се јавува, трчаше за капарот и кога ќе се јави се нешто пролингира. Сра-мо-та
И никогаш нема да ми стане јасно зошто е срамота да не знаеш да наброиш 5 македонски писатели, да не знаеш детали за НОБ, за Илинденско востание, ама океј е да немаш појма клетката кој ја открил, што е доплеров ефект рецимо, како функционира стетоскоп и зошто не се мешаат варикина и солна киселина. И првото и второто се учат во школо. Уствари зошто знаењето го цениме само кога е поврзано со историја, култура, обичаи и јазик, мислам тоа е гордост наша, и оти за паметни ги сметаме оние што читаат, а не цениме практична примена на знаењето