Од истата група, нова реченица остана со мене. Парафразирам и преведвам: "Не плачиш дур пробваш да најдиш излез од објект кој гори. Плачиш од ко ќе излезиш надвор на паркингот." Сум среќна, вистина сум. Ама ко ќе се најдам сама, објектот кој гореше веќе се реновира, и ме фаќа така малку меланхолија.
Кога бевме прва смена на училиште , станувавме околу 6.30 и се спремавме ! Пешки одевме до училиштето , пешки се враќавме до дома ! Моравме да ја напишеме домашната задача , за да можеме покасно да си играме со децата ! И само колку не нервираше кога имавме стихотворба , зошто таа ни одземаше време од игрите ! Не смеевме да излегуваме на улицата само ако бевме казнети од нашите родители ! А игравме фудбал , криенка , комити и џандари , компанија и уште еден куп други игри а девојчињата , прескокнуваа ластик , играа клин - плочка , " сваќи " ! Се качувавме по дрвјата , правевме колиби , имавме свои " скришни " места ! Водевме " битки " со соседните маала и ретко се каравме со децата од нашата улица ! А ако се скаравме , па понекогаш и се степавме , во рок од неколку дена , пак ќе се смиревме ! Скитавме по околните ридови а омилено ни беше по лојзата да " " крадеме " цреши , јаболки , круши ! Се учевме да пливаме во реката и по ѓолчињата на истата ! Ако некое од децата имаше велосипед , му се молевме за едно кругче и очите ни светнуваа кога ќе го добиевме тоа кругче ! Се учевме да играме шах , табла , дама и некоја игра со карти како " Црн поп " ! Омилено јадење ни беше парче леб измачкано со маст а зачинето со сол и црвен пипер ! Нашите родители секогаш знаеја каде сме ! Со залезот се прибиравме дома , за во 19.00 , да ја ислушаме на радиото " 100 и една приказна " а во 19.15 на ТВ да го изгледаме цртаниот филм ! Малку деца од маалото имаа телевизор а имавме само два канали , па затоа и често , пак со децата од улицата , одевме во кино на филмови како " Тарзан " , " Винету " и секако на партизанските филмови ! Исто беше и со фиксните телефони ! Ги имаше многу ретко , па често нашите родители пораките ги испраќаа по нас а ние трчавме што побргу да ги пренесеме и да го пренесеме одговорот ! Чекавме празници како " Коледе " , кога палевме оган и се обидувавме да го прескокнеме ! Не се плашевме и бевме здрави , макар што во зимо одевме со гумени чизми и пиевме вода од славината а не флаширана ! Ги почитувавме комшиите и постарите ! Тие ни беа како составен дел од семејството но и тие , постарите не почитуваа нас ! Секој од нив беше добродојден во нашиот дом ! Со душа ги очекувавме празниците а само колку се радувавме ако празниците се паѓаа во петок или понеделник ! Ете , такви беа нашите " добри , стари времиња " ! Денес , многу деца нема никогаш да го спознаат чувството да се биде дете ! Ти благодарам Господе за тоа мое детство ! #Детство
Убаво срочено ама па ова нашево, не чинеше за тие пред нас. Бумерите не го пишуваа ова на форум туку ни го плескаа у фаца: „Уличари едни! До 12 на улица! Ние у 7 излегувавме на корзо, и во 9 веќе бевме дома, со 5 денари за семки и сончоглед. Вие сте аздисани: ролерки, точаци, чипичани, 10 денари за смоки, степче, лижалче... Какво е ова урлање во 3 саат попладне, сега се одмара (ти ја дупи топката). Ние телевизор немавме, само радио. Ееее, во Југославија...“ - и тука имаш реферати и романи за нивната пресовршена младост, колку нив им било топ, а ние сме правени од мочка и сме невоспитана стока. Овие млади денес, овака ќе им пишуваат на оние кои ќе се родат во иднина: Ги гледавме цртаните на YouTube, но со иста возбуда како што вие денес гледате холограми. Имавме YouTube ѕвезди, тиктокери... Апликациите не ни беа само играчки туку алатки со кои растевме. Се родивме со таблет, цртавме дигитално на 6, монтиравме видеа на 7, програмиравме на 8. А вие денес - аматеришта, се ,,правите" преку ChatGPT. Ние сме бумери за овие денес. Овие денес ќе бидат за тие што ќе се родат во иднина, и се така во круг.
Секое детство си е убаво само по себе... Ама замисли не нас генерациите кои што сме фатиле и од едното и од другото време, и на некој начин сме биле последни генерации од едното, а први од другото. Сме се играле на начинот и сме поминале низ се што опиша @GirlLove со некој степен на поголема модернизација. Баш ме фати носталгија кога го прочитав постот. И баш си помислив колку ни било убаво, а колку сме чекале да пораснеме. Ама убаво е и кога знаеш дека сме првите генерации кои што седеле заедно и играле игри на телефон и компјутер и првите што гледале видеа на јутуб и се обиделе да бидат јутубери.
Кога кажувате/пишувате за вашето детство, користете го „бев“ и „правев“. Не „бевме“ и „правевме“. Реалноста била/е сурова. Не сите имале/имаат пристап до технологија и можност да се дружат. Ризикувате да им звучите вообразено на оние кои всушност растеле поинаку и потешко од вас. Не се однесувајте како вашето искуство да било потполно идентично со туѓото.
Ах носталгија ,ми фалат тие денови ...се беше поубаво ,додека не се појавија "паметниве" телефони а ние станавме глупави , се сеќавам на МСН тогаш , ГТА, Симс ,после школо играње игри , надвор до касно со другарки ,сега ништо од тоа ,работа дома и секој да му забие нож во грб ,на некој
Па не глеаш дека текстов од бумер е пишуен и симнат од фејс најверојатно? Гледале партизански филмови и имале два програми на телевизија, лол. Класично продавање на муда за бубрези. Све џабе дадено, па и тоа усраа, и на крај децата не чинеле.
Ау да, од фб било ова, сега проверив, мислев дека текстот е на @GirlLove. Класична ,,бумер носталгија" што редовно кружи по fb, статуси со идеализирани сеќавања, каде минатото е совршено, а сегашноста е распадната, они биле пренајтоп, овие денес ,,не се тепани". А тие деца од ,,златното време" се токму луѓето што ги воспитале овие ,,расипаниве" денес.
Едно време си велев тој наркоман, зависен од психотропни супстанци. Па еднаш си велев ауу пијаници, зависни од алкохол. Па зависни од цигари. На тие што играа спортска секој ден, леле зависни коцкари, наместо дома да однесат. Сега почнав да се сомневам во моја зависност. Уште не сум до толку навлезена, ама почнав многу да гребам. Си мислам дека во секоја грепка станот или фордот чекаат на мене. Неќе грепка поштеног човека.
Секоја генерација си го идеализира своето детство, тоа е факт. Можеби освен тие што растеле во војни и глад. Јас сепак би рекла дека сум многу задоволна како го поминувавме детството генерално. Децата што сме родени во 90тите имавме доволно време да растиме без модерна технологија (тогаш модерна технологија беше телевизор и после нинтендо), но исто така да ги дочекаме првите мобилни телефони и компјутери. Игравме надвор, смислувавме разни креативни игри, буквално никогаш не ни беше досадно. Тоа што го гледавме на цртаните тоа и го применувавме во игрите. Игравме сите, никој не беше одделен, иако знаевме ко деца да се скараме некогаш, но наредниот ден пак сите заедно ќе си игравме. Дури и кога дојде технологијата тоа не не запре да излегуваме надвор и играме по цел ден. Максимално го искористивме детството и деца бевме до пред да тргниме во средно школо. Во моево родно место веќе го нема тоа, нема деца да играат како ние што игравме. И не можи а да не ми падни малку жал за нив, за сите што се раѓаат со таблетите в раце. Имам мали братучеди, залепени се за телефони и таблети, не ни зборуваат со луѓето околу, мислам дека да ме видат некаде нема да ме познаат. Но не се тие криви, таков им е домот и околината..
Бем ти детство во кое кроасан чипикао беше незамислив луксуз. Во продавница одиш и само прашуваш што има за десет денари. Сладолед до 15 денари, ништо повеќе од тоа. Родители занесени по работа, посветени на градење куќа (која патем денес стои полупразна), поголем приоритет од вложување на секој факинг денар во истата не смееше да има. Да растеш со генерација на ладни бумери од кои никогаш ниту еднаш не си слушнал "те сакам", не си добил ниту една прегратка и не е баш нешто што ти остава убави спомени од детството. Ако добиеш тројка по математика, се срушил светот. Како може тоа, тие работат и се жртвуваат за тебе а од тебе нема ништо за возврат. Од денешното детство би ги исфрлила само телефоните и таблетите. Само тоа ги уништува децата. А за тоа што имаат далеку подобри услови и растат со многу повеќе љубов и внимание не може никој да ме убеди дека е нешто погрешно или лошо.
Што подалеку од несигурни личности полни со комплекси тие се најзабеганите.. на моменти ќе ги фатите какви се зборови изговараат, језиви се.
Мерак ми е да работам со музика, дури како терапија ми е. На слушалки гласно омилениот бенд и цела работа што ми остана ја завршив во три саати без престан (а се беше насобрало после вчерашниот за нас неработен ден). И не ми беше мака, всушност ми дојде убаво да се исклучам од светот и да не чепнам телефон долго време. Но си има привилегија и кога сета работа ти е само бек офис задачи, со комуникација само преку мејл. (можеби требаше да го пишам ова во "слушаме, не осудуваме")