Усје канцерот со години го дишам па никому ништо. Тек сега, кога за цело Скопје стана алармантно, нешто почнаа да се будат сите. И Е алармантно, ама не е од сега. Барем не одредени населби . Затоа за свесност одамна требаше да збориме.
Не мириса во секоја населба бе луѓе, не е добро да искачаш без потреба ама и кафич/кафана ако седиш ти е речиси исто како дома. И кај нас и кај моите сите седат по дворови и деца и возрасни. Вчера се осеќаше на моменти, денес не.
Па не знам, досега зошто ќутевте и бевте помирени? Зошто тек кога палат депонии, ви смета? Ако стварно се буните, да не биде само кога ќе дојде јајцето под гз.
Не е проблемот шо луѓето седнале у свој двор. Не е ова една единствена случајна несреќа, па да бидеме претпазливи некој период. Проблемот е шо некој нè убива константно у буквална смисла. Шо дека сабота недела нема да излезеш кога у понеделник пак мора да живееш. Шо дека ќе се упикаш дома, цел живот ќе се криеш?
Некое време дур се расчисти треба да се избегнува, ваљда стручниве што препорачуваат да се затвараат прозори и да не се излегува знаат што зборат, али кој како сака големи сте сами да одлучувате за себе.
Со овие пораки за свесност - како да треба и да можеме да го стопираме живеењето - само им го симнувате теретот на одговорност на оние кои се на власт. Имаме проблем што трае со години и заради корупција не се решава, вие пишувате пораки зошто некој искочил надвор. Не ве разбирам.
Па ако си свесен колку е загадено ваљда ќе протестираш нема да се праиш како ништо да не е и да си продужиш да искачаш као све да е у реду
Сакам да кажам одете у три лепе сите стоки што ни го направивте ова во 2 недели. Господ да ве казни најлошо! Угушена сум, прозор немам отворено цело лето, немам кислород веќе. Детето сабајле прваче во чад го пуштам да оди, срцето ми се искина. На ова што уште не се родило ќе му се случи ли нешто? Нема надеж во оваа држава, да си цркне човек само најубаво ќе направи. И да цркнам јас ми е гајле, а децата???!??!?
Демек ако се правиме ништо дека не е ќе прекинат да палат? тие честички постојат, ги има веќе во воздухот или треба да калкулирам дали е нечија агенда по цена на здравје
Како и да му ја вртиш пак ние го јадеме. А малоумниве што подметнуваат кај живеат? За пусти моќ и власт и рак да добијат не им смета, проклетници
Се мислам на темава што да пишам, и после си викам џабе. Постатичен народ од нас.. тешко.. Едно ќе кажам, чувајте се. Многу ми е жал за дечињата што мора да го дишат тој воздух .. Прочитав еден фб статус, доста добро објаснето. Статусот е јавен, не знам дали смеам да ја пишам жената со име и презиме..
Ако не мириса не значи дека ништо нема во воздухот. Има, и тоа многу. Најлошото е тоа што не го гледаме и не' уништува, долгорочно, не' јаде од внатре. Сето ова што го дишеме, пиеме, јадеме... А ти си докторка ако не грешам, бар ти треба ова да го знаеш, а не да ја пикаш главата во песок. Време е за будење!
Јас не знам дали имам нешто вакво осетено во Скопје во мојот живот. Не е ни нормално како сето ова го имаме нормализирано, сите се однесуваме како ништо да не се случува.
Од една страна, не можеш да седиш цел ден затворен/а. Сакаш-нејќеш, нешто ќе ти снема и мораш да идеш до маркет. Од друга страна, рекоа да не се излегува без потреба. Иако денес не мириса цело Скопје, тоа не значи дека сите треба да си играат надвор. И дома се наоѓа забава.