Сите сме кенкала на овај или онај начин. Сакам да кажам дека одвај чекам да дојде ладно време за со кебенце да си седам покриена и да си пијам топло кафе со мирис на цимет...
200-250 евра е минимум што можеш да најдеш гарсоњера. Сметки околу 100 евра. 250 евра минимум за јадење. И ќе ти останат околу 200 евра за останати активности и потреби.
Што година ќе беше ова , нема со кој не се испокарав и престанав да зборам , уште на работа да се скарам со сите и да ми пишат еден отказ и да се сликам
Спојлер: / Моментално ништо солидно не би нашла под 300 евра (оти имаш и за 200, ама реално се прави дупки и не ти препорачувам да ги гледаш), тука стави и сметки за одржување на зграда хигиеничарка+лифтови (никој не води сметка колку „често“ се расипуваат лифтовите и секој месец имаш различна сума на плаќање, да речам може еден месец да платиш 700 ден., следен 1200 ден., ако ти се зачести и посреќи расипувањето и до 1500+ ќе стигнеш, не се шалам). Сметки за струја/вода не би ти биле повеќе од 5-6000 ден., зимно време спремај се за повеќе (особено ако си во тие „модерните“ гарсоњери кои имаат прозори-тераси и немаш баш како да проветриш, а ќе ти бега топлината. Тие строго избегнувај ги, барај нешто со добра изолација). Воедно, барај си увид од претходно платени сметки, доколку седеле кираџии (посебно битно за струјата и електронски се гледа дека е платено); интернет нормално - без интернет да не си седнала, немој таму да биде да бараш нешто на долг рок и да те тераат ти да го средуваш тоа, од каде да знаеш дали ќе седиш долго. Тоа од нив да си е веќе средено. Секогаш сум претпочитала комуникација преку вибер, праќање од е-банкарство, што се вика подобро од пишено/пратено нема, така да тоа ти е најдобро. Обично бараат една кирија однапред, ама кога ќе ти се расипе нешто очекуваат ти да си мајсторот. Значи убаво од старт, тоа што ќе си се расипе - газдите. „Паметниве“ подметнуваат нешто скршено, затоа убаво проверување на кревети, комоди, плакари. И ако ме прашуваш, најубаво договор и мирна глава. ЈСП месечна карта 1400 ден., јадење е дискутабилно (некогаш надвор поевтино ќе поминеш неголи да готвиш т.е зависи и како се храниш/што практикуваш повеќе). Стави непредвидени трошоци како добри чизми (да не ме сфатиш погрешно, ама вистина требаат) за зимно време (што од мое искуство и те како е битно да ти се и удобни и практични - во смисла да можеш да ги забришеш и брзо да ти се чистат, но и да не пропуштаат), такси ако некогаш заглавиш (а ќе заглавиш сигурно кога-тогаш), повратна автобуска карта до дома, може да не ти е толку битно во моментот али стави си и трошоци за пломбирање заб или било што поврзано со заби (инцидентно може ќе ти треба пломба, цените се повисоки ако не ти е матичен стоматолог). Не дека е невозможно, ама ќе треба сето да го прерачунаш убаво (ама и дури тогаш не излегува баш така, особено не во период есен). Според мене, за овој период треба многу, многу повеќе. Ако те интересира поврзаност од-до и имаш конкретно дилема за далечина на локација работа-стан; поврзаност со автобуси; бутици со добри цени и квалитет (но не толку познати), настани, итн. неспомнато, пиши ми во лп. Најискрено ти препорачувам доста брзо да се мешаш со луѓе и адаптираш.
Колку само се менува животот откако ќе станиш мајка. Колку само ја сфаќам мајка ми сега кога сум и јас мајка. Кралица моја небесна е сега. Ми фалиш. Колку е само тежок животот без мајка на земјата, а да си веќе мајка. Да знаеш дека нема да можиш никогаш твоето чедо да го оставиш во сигурните прегратки, и да издишеш раат. Колку само им љубоморам на другарките што иако се мајки, имаат мајка и се среќни сите заедно. Во секој момент се тука за нив. Кога бев мала мајка ми отсекогаш ми зборуваше да станам млада мајка, да се образувам нормално да се вработам и да си родам млада. Зашто таа ме родила на постари години и немала живци за уште едно дете. И ми велеше немаш но брат ни сестра ама ќе си имаш повеќе деца. Ја послушав, некако ми се ,,споија,, коцките. Ама мислам никогаш нема да имам второ дете. Овој хаос, буквално немам никаква оддишка. Сменета сум во секоја смисла на зборот, не се пронаоѓам буквално. Незнам како ќе биде кога ќе тргне градинка ама претешко ми е засега. Но неможам да се замислам без ова мало човече, толку сме приврзани што не се опишува ова љубов. Но незнам дали некогаш би почнала од почеток со второ. Хормони, плачки, заби, доење... Нека ни се живи и здрави само.
Во последните години се случува еден процес кој ќе го наречам претерана "економизација" на меѓучовечките односи и на животот воопшто. Почнуваме да ги интерпретираме нашите приватни емотивни односи со другите луѓе низ призмата на економски параметри и ги опишуваме нашиот животи со економски изрази. Првиот пример е дефиницијата за успешен човек, маж или жена. Скоро 90% се мисли на професионален успех во работата. Значи ли тоа, дека студент или невработен или пензионер или волонтер, не е успешен човек. Или вработен кој е на некоја (по)ниска работна позијција, ама сепак е финансиски задоволен од платата. Може ли на пример, менаџер на фирма да е професионално успешен, но е да лош татко во приватниот живот? Дали жена која е касиерка во супермаркет е професионално (не)успешна, а е прекрасна мајка на едно, две или повеќе деца? Втор пример е кога се употребуваат економски изрази при опишување на меѓучовечки односи. Па некој ќе рече дека многу инвестирал во врската или во бракот, па друг ќе рече дека многу вложил време, емоции и енергија ...итн. Зборовите "инвестирање" и "вложување" се економски зборови кои претпоставуваат некаква форма на однапред пресметано однeсувње со планирана идна добивка. Љубовта не е инвестиција. Трет пример, можеби и најчест во Македонија, е дружење поради директна сегашна корист или можна идна корист. Се дружиме со некого оти ни треба за нешто, за некаква помош за некаде, за врски, за некоја услуга, оти ни е шеф... итн. А приватно и емотивно не можеме да го поднесеме човекот, не ни е пријатно со него, ама не ги прикинуваме односите, оти можеби ќе ни затреба. Четврт пример е кога влегуваме во директни економски односи и услуги со блиски другари/ки или роднини. Чист приватен однос го надополнуваме и со економски однос. Си позајмуваме пари како другари, си бараме и нудиме најразлични услуги. Па мешаме баби и жаби, па мериме кој колку добил или изгубил од другарството..... и на крајот ќе се изгубиме и ќе се заплеткаме. Неретко и ќе го прекинеме другарскиот однос, за жал. Петти пример ми е фразата "инвестирај во себе". Да се разбереме, немам ништо против да дадеме пари за курс за странски јазик, на курс за комјутерски вештини, да платиме онлајн семинар или вебинар, да одиме на обука за сметководство или маркетинг... Имам проблем со зборовите. Може ли да запишам курс по италијански оти едноставно го сакам италијанскиот јазик и ја сакам Италија, а не ми треба за работа. Може ли едноставно (да посакаме) да направиме нешто спонтано, добро за себе или за некој друг, без било какви очекувања и интерпретации? Секако дека можеме.