Не треба ниедна трагедија да се заборави де ама која е поентата да земеме на сите настани, сите да ги спомнуваме?
Кога институциите не прават ништо, каде е подобро да се споменува настанот отколку на масовни настани? Зошто да не се користи таква можност? Никој не кажа дека некој носи поголема болка од родителите, ама ако ти загине детето и сите заборават за 3 дена полесно ли е?
Не мислев на вакво спомнување. Туку дека на секој настан во коментари има дека луѓето во Кочани жалат за пожарот а ваму се случуваат концерти и слични манифестации. Зарем треба сѐ да прекине и не треба да има работи на кои луѓето се веселат?
Ааа, не сфатив, се извинувам. Секако дека не треба, а не ни може да се прекине со активности од забавен карактер
Се вртам у кревет, чекам сонце да изгрее да станам, викам ај можда е облачно, а и онака ми се моча, ќе станам. Тоа девет саат навечер да ти било... Абе пет пути годишно на пладне задремуем, и увек иста прича! Го прогласувам денов за умрено!
Да излегуваа 100.000 души на протест ко што излегуваат на концерти и тоа по други градови може ќе тргнеше нешто на добро во државава.
Абе на вас и црвен тепих да ви постелат ќе речете зашо не е син Се да ви смета јас не знам.. Во се негатива да се гледа. Чудни луѓе
Па не смета концертот, него ли што само таму се тепате да излезете. Али ок, размислуваш као и грото народ у државава. Ја не знам како вие не глеате негатива у негативни работи, него ли све ви е равно и розово. Греота, али тоа е. Затоа и сме на ова дереџе.
На никој не ни гори под нозе, да не даде Господ.... Нека дојди некој на протест или нека дадат пари за нечие боледување или лекови. Да не чува Господ сите. Ко ќе речам не не бива да се сплотиме.
Па искрено да, ми смета што во толку мала држава имаме толку убиства а никаков ред и правда, дишеме отров во буквална смисла, црни облаци над нас, сите незадоволни од системот на форум и фб ама за тоа едвај 20 души на улица, а на концерт 100.000. Тоа се изместени вредности и затоа сме таму кај што сме. Баш се чудни луѓево, за тоа се слагам.
Немој да ми кажеш дека не си одила на ниеден концерт, а за сметка на тоа немаш пропуштено ниеден протест
Не одам на концерти, најискрено. Прво, не слушам ниту еден од тие артисти што организираат концерти тука за да одам, второ ме фаќаат тешки панични напади во гужви и ги избегнувам. И баш ми е криво што не можам ни на протест да одам ради тоа, се гушам. Плус работата не ми дава време да се погодам да излезам. Тие 100.000 што некои допатувале и од Скопје пример за да одат на концерт, можат да излезат и на некој протест на една улица подоле од дома. Кога може да се оди на концерт може и на протест. Јас не можам ни на двете.
Овие од вмро и ја попречуваат работата на Данела и град Скопје година дена и сега ќе победат ќе собираат ѓубре и ќе се покакаат. Кои битанги човече а доле ќе имаш 1000коментари : БрАвО