Статус на една Скопјанка .. И потполно , апсолутно се согласувам ! Преземено од фејсбукот на една Скопјанка ( нема да ја именувам , не знам дали би сакала бидејќи не е директно моја познаничка и пријателка , ако се пронајдеш кралице , feel free to tag yourself up ! ) Да ви кажам нешто околу феминизмот. Ова што го живееме денес е се, само не дека уживаме некои женски права. Исто барабар со мажите, рмбај по 8 саати, вози како маж уште два саати. Под таков напон и стрес, зошто мажите со добри автомобили имаат предност. Остави дете у градинка, земи дете од школо, трчај тоа од вечер што си спремила да згрееш за јадење и почнува маратонот, чисти, пуштај машини, дипли алишта, мисли што треба да се испазари нели како жена треба да знаеш дали ти недостасуваат чечкалици за заби. И на крајот од денот истуширај се и биди способна и да му се посветиш на мажот, во меѓувреме срамно е да идеш неисфенирана, недепилирана, несредена… И само трчај како луда наста, не останува време да си ги видиш најблиските, животот отиде… трча и тој по нас. Се ова додека мажот заработува нели повеќе, ти одиш за подпросечна плата… Се мислиш дали Орнел омекнувач поевтин е од Ленорот за 40 денари… па ќе утнеш, не мириса овој… Кралици беа нашите баби! Владееа од дома, платата на мажот кај неа, таа е дома и има време и за себе и за домакинство и за деца! Затоа нема деца, зошто жената самата си направи да е еднаква со мажот, а во поново време и да си го земе поголемиот товар на себе, зошто машко е он, не знае ќе ја изгори тавата. Ова го направија кариеристките амбициозни што сакаат да се натпреваруваат со мажите и кариерата пред се. И неспособните мажи, што не може да заработат за семејството па им треба таа бедна плата на сопругата. Да му се плукнам јас на нашиот феминизам каде што како коњи рмбаме и пцуеме како кочијаши приморани да се слееме во мнозинството. Одете, работете! И мерете сили. Топлината на домовите се испразни кога жените станаа како мажи. Два цели часа денес од Чаир до Аеродром. Имав време да мислам на ова… Каков скапан ден.
Сакам да кажам колку многу сакам чикен од Седмица... Не, не. Обожавам. Сакам е мал збор. Колку само е совршен. Колку само кечапот и мајонезот им се комбинација снова. И со кисели краставички. Добро јас и со свежи зимам. И додај кока-кола со тоа. Е, и после благо не доаѓа у обзир. Да ми се расипе соленото. Нц. Никако. И како ќе издржам јас без 7-ца кога нема да сум у МК? Само тоа најмногу ќе ми фали... Ни еден друг чикен нема да ме успокои. Е до толку е стигната работава. Ја у 1 по полноќ да сакам да кажам дека ми е омилено јадење. Еве и сум го фотнала некогаш. Фотнат ми е у срце. Бидете здрави и живи.