Ама има и полни женички шо се најадуваат само од овесот. Како бре луѓе, како? Па со тоа јас само си ја натопувам устата.
Фала за идејата за појадок утре. Конечно да употребам од бананите во фрижидер што ми останаа и млекото да го искористам. Плус, чоколадоо. Не знам зошто не ми текнало досега на ваков начин да си направам. А имам правено овес порано многу пати, само некако повеќе време ме фаќало отколку што сакам (и ко ќе те мрзи..) Обично сакам солен појадок: омлет, сендвич, доматче, сувомеснато, јогурт, но и ова ќе се проба.
Баш јадев вчера. Во комбинација со путер и козјо сирење. Пред да ја свариш, измиј ја, јас со жешка вода ја мијам, па после ја варам, пази добро да е сварена, да е супер мека. Иначе не е како пченица, има некој "јатскаста" арома.
Оти никогаш не е само овес. Вчера напрајв овес + протеин + грчки јогурт + јајце комбинација, омилена ми е овес + протеин + путер од кикири. Денес од утрото 8/9 ме држеше до 3 за ручек со плус кратка рута пешачење измеѓу. И во овие крупни жени сум да речиш. Не сум со мал желудник. А, она на @Biljarkata како ми отвори апетит со темно чоколадо. Дип сум хајпната за домат со сирење сабајле инаку пак овес ќе јадев. Ај Сабота така. Се излигајв дур читав. - љубител на добро спремен овес Уз пат, јас го киснам од вечер овесо или го печам. Многу ретко го попарвам ама идејата ме возбуди.
Ова мора да се проба, во ваква агрегатна состојба. Не знам оти само брашно гледам, не сум го нашла во оригинал верзија. Обожавам јаткасти ароми
Значи овој овесот како замена за кафе им е на овие шо не пијат кафе I have no idea what you just said.
Јадам скоро све од набројаниве, но не ме заситуваат како овесот. Некои од нас немаат минијатурни желудници, но повремено мора да си се стават на диета. Овесот побавно се вари внатре, заради тоа и повеќе држи.
Оди кај мене у фиока стои веќе цела година. Ќе давав на детево и никако да дадам. Многу спремање ми се гледа. Синоќа од ко пишав гуглав уште рецепти. Од салати, супи, кофтиња у се може. Само кој да зготви нема . Инаку у дм, росман, алнатура и секаде у био мио дел во маркет има. Ако не најдеш ќе ти пратам.
И јас земам од овај, сабајле зедов со вкус на чоколадо и млечен протеин во него, high proten 15gr имаше додаден. Имаше и ситни парченца чоколадо, со млеко го јадам и е фантазија А овес без ништо па и со вода, бљак е Брат тебе ти фали маса, јади таму какви калории. Како шо те прочитав имаш многу малце килограми, така мускул не се гради Јади таму, млеко исклучиво 3.2% масти, најдобро е тоа. И нема многу калории па и ти, 60 на 100мл Сеа се булка. Маса е мама. Winter is coming..
Врзвам јаглехидрати со протеин и масти за подолго време да ми треба до глад. Само овесна каша така да попариш, како шо рече @Mr.Limonko - гладен си по 1/2 сати. Мора да го ујачаш овесо и после "цел ден" држи. Особено печен оти му ставам и јајце. овес+протеин+грчки јогурт+јајце ми е комбинацијата за печен овес каде мешам овес, чиа и мед со грчки јогурт, малку млеко, раст. протеин (ванила моментално) и едно јајце. И го печам. Некогаш му прам и некој low cal фил од горе или нафрлам овошје. овес+протеин+путер од кикири ми е комбинација на overnight oats каде киснам овес, чиа, некогаш и кокосови трошки, некогаш и овошје сакам да ставам во смесата и засладувач, најчесто мед или јаворов сируп. Сабајлето само го вадам од фрижидер и го "крунисвам" со путер од кикири.
Аууу, па тоа ќерка ми од 3 години не ја најадува. И извадоа на едно место еден таков специјалитет, еден тањир нели, колку за сите толку и за неа, го изеде и плачеше за уште јадење. Ааа, ова на нас фамилијарно ни е изглеа.
Е не јадеш доволно сепак Ја јадам ко за 3 ца од по 100, и не сум слаба Пичку матер којзнае колку калории се тоа, неам мерка, не ни знам за доста, а желудникот може 300 кг вреќа станал Сакам коа си бев релативно слабичка, сакам пак ама не можам да прекинам, нешо не ми дава, многу појако е од мене, не можам против..
Знам, те сфаќам потполно, неможам да се сопрам ни јас кога ми се јаде нешто . Ми се јаде на пример палачинки и си викам ај ќе апнам две јаболка и неколку бисквити да се заситам, и накрај изедувам и јаболката и бисквитите и палачинките.
Не ме држат, бе. После неполни 2-3 саата душата ми бара нешто, а не секогаш се воздржувам (иако треба од здравствени причини), па посегнувам по нешто мало благо или солено колку да не ми се деси втор појадок. Ако јадам овес, можам да поминам и без благо и ручек. Едно време го паузирав, но периодов му се вратив и 2 и пол кила ги симнав брзо. Што не може да ми се деси со палачинки и сланинки.
Само да си го кажам примерот шо ми се деси пред 1 саат. И јас на диета од денес како вас Јадев само една салата. И заушив дека мм купил цел пакет алва (за инат на мојата диета) . И си викам ај ќе си напраам пуканки и ќе си апнам една крушка, да ми помини гладот ( читај стрвоста). И си ги изедов и пуканките и крушката и алвата. Ми нема рамен бре . Треба да се пријавам на некој натпревар за јадење, ем ќе се најадам ем прво место ќе зеам.
Фамилијарна пица имаш изедено цела? Ама цела? Ја дома најслаба сум, а највише јадам Од благо до солено, пааа може да се каже поише и од татко ми
Бурек цела пита неам пробано али еднаш.. Четвртина бурек, и две цели симит погачи едно по друго Е тоа врв беше од таквите бели печива, премногу бе И не ми се лошеше, таман ми беше Со јогурт Ти збореше за баклава носел маж ти? Охоооо баклава колку иам јадено, насит да се немало, по 10 на Што знам, ама мислам ретко кој може да ме победи во јадење, освен коа неам апетит, има и такви денови. Кој ќе тепа? На волку јадење треба да се тркалав до сеа, се' уште сум нормална