Ви љубоморам на сите шо јадете и пиете, еве 6ти ден како не можам, што стомачен ќе беше, се мрднав од мачнина, веќе почнувам да мислам дека никад нема да ми стане подобро и доживотно ќе бидам заложник. Ако некој ден ми стане подобро, ветувам дека ќе изедам еден сочен бургер со сите сосови, и помфрит, и кока кола, без да мислам на калории или вежбање или шо год. И после тоа ќе изедам палачинка, од тие големите, со кремови, плазма, со сè!
Појдено ми е на лекар, 2 пати. Првиот пат ми дадоа реглан и пробиотик, утредента дека продолжив да се жалам, ми додадоа јаглен и наусовит. Мада првите 3 денови ме фати од петок приквечер, низ викенд, па тек 4тиот ден попладне почнав со лекарствава. Едвај пијам вода-електролити, малце двопек, банана. Ама уште неам повратено, само мачнина малтене 24/7, денес послаба е конечно.
Како издржувате бе 6 дена... Мене па увек два дена ме цеди до максимум, третиот одеднаш као ништо да не ми е, јадам, вежбам, здрава права
Да не ти е труење со храна или бактериски нешто, многу е некако 6 дена стомачен вирус. Ако е вирус и домашните покрај тебе ќе фатат ако се тие здрави тогаш е бактериски, понекогаш на докторите треба да им се спомне за да испитаат. На 2-3 пати слушнав дека некаде во МК се имаат со салмонела затруено последните 2 масеци (на различни места), ако си била некаде по ресторан или си јадела нешто надвор иситај си..
Никако, ми е одмилено сè. 2 пати што бев, ми рекоа немало потреба. Мислам дека да е тровање нема шанси да не повраќаш, а ваљда и у болница ќе завршиш брзо.
Сдк, топ листа на контаминирачки контент , кој според мене треба да се забрани 1. Мк политички контент 2. Странски политички контент 3 и тн. СевероИсток (ака Норт Вест) и фамилијата и, и останати слични ликови...
Сакам да кажам дека цените на становите отидоа во неповрат во Скопје.. Цената на Квадрат оди од 1100 евра за метар квадратен во Илинден и Ѓорче, околу 1400-1700 Кисела вода и Карпош, и Центар и Аеродром околу и над 2000 евра за метар квадратен.. Знам дека повеќето станови се купуваат во изградба од страна на инвеститори и после ги продаваат поскапо, ама не сфаќам како човек со просечна плата, еве да кажеме од 40 илјади денари, би си купил стан а да не се задолжи 30 години.. Ај настрана тоа, гледам дека продаваат станови кој што треба комплетно да се реновираат за над 2000 евра квадрат, мислам кој здраворазумен човек ќе даде толку пари за стар стан што треба да се реновира.. И да, се сложувам дека не можеме да живееме сите во Центар и Аеродром, Кисела вода, Карпош ама ништо не ја оправдува оваа цена на становите.. И постојано се вртат истоте огласи, истите станови, само цената им ја менуваат на секој 3 месеци по 3-4 илјади повеќе.. Толку не им значи на луѓево да спуштат цена и да го продадат станот, кога веќе решиле, наместо секој трет ден да ставаат оглас и луѓето да си тераат мајтап со нив.. Буквално, отварам група за станови Скопје и секоја втора објава луѓево мајтап си тераат со нив..
Не само Скопје мислам дека скоро во цела Македонија се отдени во воздух особено кај новите згради што се градат.. Слушнав дека и во мали градови по 1000 евра е квадрат.. Мислиш стан со поглед на море купуваш, а не со поглед на контејнер или поглед во станот на комшиите од зградата карши..