Се жалам за работи кои не сметаат и лажам дека правам работи кои другите ги сметаат за позитивни а јас не поради друштво.
Преј одам накај автобуска и пред мене, на патот, пар. Србинка со македонец, разглобува битна тема. Овој ко муле. Начинот на кој објаснуваше, пристапот, смиреноста..ах! Одма помислив со кој тоа си го губи времето. Абе сешто, во луѓето, за луѓето.
Им завидувам и капа им симнувам на оние кои имаат добра организација во денот. Си стануваат рано сабајле, си вежбат, си прават убав појадок, пред да одат на работа си спакуваат lunch box, све организирано. Ја едвај станувам веќе изморена, кафето пред мене па после му ја мислам. Трчам за на работа, пошто секогаш излегувам касно, заборавам јадење, а не па lunch box да спремам.
Дека си сама, ако имаш деца мораш да се организираш сакала-нејќела, чекаат од тебе, така да после некое време ќе влезеш во шема и се ќе ти биде организирано.
Да, да, далеку од тоа, ама еве гледам дека и тие што се сами се организирани. Сакам, нејќам ќе морам да се навикнувам.
Баш, се спремам за 10 мин и шибам, на нишо друго не мислам. Денот пребрзо ми поминува, буквално лета, и ми е прекраток за било шо. До каде вака, цел живот во трчаница ли ќе поминува?
И јас тоа си викам. Секој ден викам ај од утре ќе се организирам, ама никако, се некако не ми стигнува времето.
Децата се огледало на родителите. Откако почнав да работам во гимназија со средношколци, после првите родителски средби, не можев да се изначудам колку е вистинита поговорката „круша под круша паѓа“. Златни деца - златни родители“. Олош деца - олош родители.
Мали ноќни муабети со мајка ми. Ми испраќа фустан од тему. Јас: Невообичаен е. Таа: И јас сум невообичаена. Љубов само за оваа жена. И е. Бисерна, со огромни мачка очила, сите нијанси на хипи божица и вилинска коса долга. Освен што има единствено име во цела држава, полна е со болка, љубов и универзум и многу шарм. Се ме боли за неа. Секој атом. Не дека е моја. Ама ретко добро суштествие со толку несебичност во себе...