порано вести почнуваа со економија берзата па следуваше Македонија убави работи што се случувале, па светот некои подвизи и сл. и на крај таму црна хроника македонија и светот 5 минути, после тоа 30 минути спорт Македонија и светот, и на крај метео 5 минути. А сега црна хроника, црна хорника и само црна хроника 5 минути спорт 5 минути метео и крај на вестите. КАде и да се свртиш само за црна хроника се зборува, секако дека луѓето ќе се мрднат од умот кога само црнила им се прикажуваат. Убиства болести војни, така се шири негативноста и се јаде човечкиот ум.
Никогаш ама никогаш нема да ги разберам луѓето што одат на гости за време на ручек 12,13,14часот, си се тупнуваат ко никому ништо, луѓето дали јаделе пиеле тоа време небитно битно нив тогаш им чини. И кај најблизок не би се тупнала така, кај мајка, татко а не друго.
Еден од моментите кои се памтат цел живот (барем за љубителите на музика) е одењето на концерт на омилениот бенд. Седнуваш најнапред бидејќи билетот ти е купен месеци уназад, си дал и малку повеќе пари од предвиденото, но најубавите спомени немаат цена. И потоа ги гледаш нив, кои биле големи легенди (и уште се) излегуваат пред тебе, во живо. Оние кои дотогаш си ги гледал само на слики и видеа и си читал за нив, сега се пред тебе да ги свират омилените песни. Срцето ти чука забрзано, очите ти се солзат, не можеш да ја тргнеш насмевката, бидејќи едноставно не ти се верува. Ни пола од времето не седиш веќе, излегуваат напред луѓе и играш, пееш, скокаш со нив иако никого не познаваш. Доживување кое ќе се памти до крајот на животот.
Кој сака нека честита си купив телефон Redmi Note 14 8 pro 256g mid по препорака на другар.. Инаку фала и за @Billy Idol ми даваше препораки овде за телефони..
Понекогаш ми требаат тешки денови за да дознаам кој ми е семејство, кој пријател, кој партнер а кој само патник во мојот свет.