И уште само ова и тука завршувам. Можеби за разлика од вас коа сте биле на наша возраст, или пак коа уште не сте биле родител, не сте се ни замарале на тема родителство, додека некои од нас веќе се интересираат, разгледуваат околина, црпат искуство преку туѓите искуства, отприлика да знаат што и како треба и не треба. И не сум морон, да сакам да остаам друг да ми чува и расте дете у иднина, да учи со него, секој викенд да е на спиење кај нив дур овие шетаат, и остали нареднички робувања за старите. И старите си имаат живот, осет малку м? Ја ги жалам тие кутри луѓе шо толку се глупи да ги толерираат тантрумите на нивните возрасни деца. Друго шо иам забележано, ко за мајкички зафатени, презафатени со обавезите, децата.. превише ко да сте опседнати и вие со форумов или ми се чини само? Ајт како и да е..
Да, пишуваме додека бабите и дедовците ни ги чуваат децата. Иначе, убаво е што гледаш како треба и како не треба ама во стварност е многу поинаку и сакам да ти кажам дека "џабе" гледаш
Оние кои сѐ уште немаат деца најдобро знаат како треба. Знам зашто и јас бев најдобра и све знаев. Запишано е тука на форумов. Неговите се од друг град, па кога доаѓале сме оделе негде на кафе или на ручек, ете како некој гледал, овие ги однеле да го чуваат бебето, родителите земале јадат, бабата држи бебе, никакви родители.
Не знам зошто упорно се докажуваш кога не си во право. Кога посматраш луѓе на јавно место, гледаш делче од нивните 24 часа, не им го гледаш животот. Јас па не разбирам зошто не си пиеш кафе на раат или не обрнуваш внимание на луѓето со кои си седната таму, туку анализираш како се однесуваат странци со кои немаш допирна точка.
Кај пишав јас реферат ? Мисли како сакаш , само не чини да се правиш паметнА , пошто не значи ако не се согласуваш не е така јас пишувам кратко и кажувам доста ти реферат и пак џабе заморно баш
Многу е глупо за себе да кажеш дека знаеш се и си најпаметен никој тоа овде не го кажа. Се споделуваат мислења ама не знам зашто одредени членки најчесто едни исти мора да се во право и нивното е исправно другите немаат појма ама ок.
Они се ко брачава наши, секад ти се собира чопорот и ти се става. Ејјј замисли вака да бевме сложни ирл, шо интересно ќе беше
Кој чопор? Само зашто повеќето не се согласуваат со тебе не значи дека се чопор. Туку, дека делат мислење различно од твоето. Толку е просто.
И тоа е ок, се споделува мислење нормално а не Што маааа комплекси а? Не си доживеала , ќе видиш ти убаво кога ќе доживееш !!!! И сл. ова ако е нормална дискусија онда окЕи
Ама тоа е друго, обично кога се оди на ручек тие што имаат бебе/дете без разлика со кого се на ручек, им го крадат детето. Јас конкретно зборувам постојано детето некој друг да го чува, 80-90% од времето да е со бабата.
Или дека повеќето имаат искуство, кое им дало перспектива-како е тоа во реален живот. Како беше она- сме биле таму кај што сте, ќе бидете таму кај што сме . Сега ќе одам еден слалом да удрам на снегов, видов на телевизија, не е комплицирано бе
Сасвим ок дискусија на место.. Уше добив коментар дека сум празноглава, дека се правам паметна, дека сум без свест, иам воља за трачарење и смислување теории на заговор, и ова е на нивоУ? Се видело кој уствари везе нема и не знае да дискутира
Баш убаво што гледаш скијање на телевизија тоа убаво објаснува зошто примерите ти звучат толку далеку од реалноста
Ништо не можи да напрај да се осеќаш максимално жив колку шо можи нова хиперфиксација. Нека ми потрај.
Пред да проценувате каков е некој според пет минути од неговото секојдневие и да осудувате, кажете си застани... оти она „I will never...“ секогаш излегува обратно
Ќе те прашам. Врз база на едно посматрање како успеа целосна приказна да оформиш за некој каков родител е? Баш. Црпи искуство. И види дека е во ред да си ја викнеш бабата додека се одмараш со жена ти и да се видите кои сте што сте. Затоа што моментот дечко и девојка, особено со мали деца, нема да го имате. Јас им љубоморам, немам таков луксуз, но ако има некој таква опција, нека ја користи. Си го сакам детето, практично го живее детството за кое што јас сум фантазирала. Секој викенд е некаде, заедно се правиме, игротеки, природа, оди на спорт од рана возраст, планирам и на друго да го запишам. И замисли пример, еднаш во 100 години земам некоја баба, јас ѕверам во телефон и некој како тебе ќе си прави претпоставки дека бабата ми го чувала детето, а не јас, за цели два саати. Така што, мој совет, наместо да си креираш заклучоци, уживај во слободното време сега, потоа, ако немаш помош, ептен треба да ти се погоди мирно бебе или тодлер за да функционираш. Кога и веќе сте кај таткото. Да, не спие пред врата, тука е, ама кога плаче детето навечер, никој не спие како хипнотизиран, двајцата стануваме, двајцата се правиме заедно. И токму поради тоа ни треба одмор на двајцата. Ако станеш баш татко, ќе сфатиш што пишувам. Во спротивно, ако чекаш на жена ти и ти ќе се чудиш што ќе ви е баба сервис.