Сакам да кажам дека некогаш се думам дали ако напраев нешто поинаку, ќе испаднеше се поразлично. Дали ако пазев на здравјето, на дебелината, на нервите и анксиозноста - едноставно немаше да почнат брзо да се делат мутирани клетки во мене? И после наидов на редит мислење, кај шо една жена викаше дека кога и да кажела дека има(ше) рак, сите бараат причинител. Мувла кога растела во семејниот дом. Дебелина. Исто дека била "премногу чиста" и то било лошо и некако поврзано со рак. И во државата шо е, од кога завршуваат со третман по пошта им стигаат различни tips and tricks како вид на помош за живот после рак. И вика дека ради околината шо ѝ збора и бара причина, прочитала последното писмо од клиниката и било за пестоциди во компири. И си рекла "па шо ако ракот ми е од компирите?". И првиот коментар остана со мене. Велеше дека луѓето (сите ние) сакаме да верваме дека ако напрајме се како шо треба, едноставно нема да не снајди. Не е до мене и некој да бара вина, туку е заштитен механизам да си ги стиши сопствените стравови некој друг. Ама ете седам некогаш и мислам. Шо ако не живеев кај шо живеам да го дишам воздухов. Шо ако јадев само whole foods цел живот. Шо ако ... Добра ноќ.
Периодов баш за ова мислиме…. Зошто му се случува на татко ми. Пример, најчесто зборуваат дека стрес е причина, а он е најчил човек на свет…. И само викаме што ако, што ако… нема правило само тешко е да се прифати
Било што било, пробај смени начин на исхрана, додај суплементи, спорт и врати се појака од таа што си била пред ова да ти се деси.
Абе то е и поентата, нема некоја "шема". Познавам луѓе шо имаат скроз спротивен животен стил од мене, па пак имале. Шо е фер поќето шо ги познавам биле 40+, ваљда и то е некој ризик фактор. Јас бев 28. Често доктори коментираат дека најмногу онколошки панциенти имаат од Битола. И не сум изненадена. При Рек како би биле здрави? Летово растев домашна градина со зеленчук, ама шодека домашно и не прскано ко живеам под Рек? Пешачам секој ден по бар сат и пол, често и поќе. Ама шодека ко воздухот шо го дишам дур одам е од Рек? Мислам дека нема доволно фокус за колку е лош Рек. Имаше како rumor дека ќе затворал. Па паника. О, не. Ќе имаме шанса за живот. Ама не вервам во бајки. Значи до мене е, така?
До кого е и како е не можеме да знаеме точно, ете се десило....мутации има нон стоп у нашето тело и ете се десило кај тебе, тоа е лошата работа....добрата е што уште клоцаш. Поентата у мојот совет е да не се откажеш туку да те направи ова уште посилна, да ја искористиш целата ситуациј како мотивација....и кад све је готово за тебе тек је почело!
Ок, понекад и до ДМ одам, не викам не... Зима е за дома седење, нит се копа, нит се ора, само се лови за јадење и се хибернира. А кој сака да трча маратон, да се качуе на врвови или да се пика по пештери 20 на 20 сантими, ваш проблем.
Па не е нормално ова баш, до толку да ти е зависност, мора да постои нешто друго за замена кога надвор не е да искочиш ни една минута.
Па да, седењето дома наспроти спортувањето во токсични услови, е безсомнено поздраво. Што ти вреди ако си дисциплиниран, вежбаш, трчаш, пешачиш, постигаш резултати, притоа скраја да е закачиш нешо? Вие озбилно си играте со здравјето, и ништо сериозно не сфаќате. Не сте бе мали неразбрани деца вајда?
Зима е луѓе, чил аут. Не сакаме сите активности на ладно време, тоа не значи дека сме нездрави. На тој што му се размрдува има начин, дома со вежби или во теретана. Трчајте си, ама не убедувајте други дека е здраво тоа додека надвор буквално канцер има во воздухот. Исто дури и полошо ми е отколку ако се пикнам во кафуле каде што се пуши цигари на затворено сега. А лично да можев ќе ги хибернирав овие месеци до март/април. Не ми се мрда од на топло никаде, то е.
Многу е подобро дома да си во период кога е сезона на грипови, настинки, загадувања. Вежбам активно во теретана и мислам дека по големооо извориште на грипови и зараза нема, посебно во овај период од годината. Па ако вежбаш во теретана кај шо нема ни прозорец ни врата како мојава, ужас.. Кашлаат, буфтаат, киваат, со температура идат, се потат, смрди на не капено.. Проветрување ич нема. Башка жешко пекол, ако има и гужва огледалата и магла фаќаат од шо дишиме. Некогаш сериозно мислам да прекинам да вежбам во ваков период поради ова или пак да се смени теретана, батали и маса и се него ли да закачиш нешто Ама па ако не појдиш да извежбаш, мислиш се топиш