Фала дознав се што ме интересира на друго место. Инаку може да направат ако ти зачеатат казни да тинодздмат дозвола и пак да преполагаш. А сега се поскапени полагањата за возачките за 10.000 денари. Случајно? Не би рекла. Ама Горди ќе си бидеме, сиромашни, утепани ама Горди.
Моменталниот тренд на тикток кај што жени држат храна пред куче ама кучево не ја јаде оти му рекле не како одговор на "ме испровоцира оти носеше кратко" е еден од најдобрите што се има појавено
Нема шо да се жалиш за ова, убаво направија. Не треба да се вози брзо. Ваљда народот ќе си ја чукне главата кога ќе го чукнат по џебот. Едноставно ќе си возиш како шо треба и кола нема да даваш никому и то је то.
Не се чука народов. Си знае дека има позадина, на мама и на тато детето, ако прегази човек не е проблем, мама и тато ќе платат судии ќе си извлече минимална казна.
Абе океј си е ова, само уште да се надамо дека и во Чаир, Сарај и Бутел се применува А баш и немам надеж дека е така
Кој се жали? Ама нека казнуваат како треба. Не те засега ова. Не живееш овде. Биди среќна што не живееш овде.
Пиши како ќе минеш. Наредната недела летам за прв пат, ептен сум анксиозна. Се мислам пред лет да се напијам за смирување нешто
Искрено, кога ќе видам нешто шо конечно функционира во државава, мора да се пофали а да не е на хартија само. 65.000 прекршоци на тест периодот од Сејф Сити на МВР. Машала ко за прв ден. АМААА… баш кога ќе помислиш дека работата тргнала, еве ти ја на дело свеста и инаетот на народов. Наместо да сфатат дека системот е за нивна безбедност, некои се фалат дека за "сефте" ги сликале кај шо возеле 80 низ град Браво легенди, еве ви медал Па уште се бунат зошто имало и камери, не требало.. Од овој народ аир не чекај. Од камен вода ќе извадиш, ама од некој памет, тешко.. оти кај шо умот фали, ни закон ни камера не помага
Има. Цело Скопје е покриено со камери. Паралелно и Куманово и Тетово ќе се покријат со камери, а и Автопатот Е-75 (Табановце-Гевгелија) веќе има поставено дел. До крајот на 2026 цела држава ќе биде под покрив на Сејф Сити.
Точно е ова што го зборуваш Петко вози кола на Нена и прави прекршок го плаќа прекршокот Петко прекршокот може да има и забрана зависно со која брзина возел Петко забраната ќе ја добие Нена и пак се враќаме на почетокот Петко треба да биде совесен возач и да не направи прекршок а Нена да пази на кого ја дава колата Петко и Нена
И тоа таа што се фали е доктор во Жан Митрев... @Petar Pan 085 не ми текна друго име ))) инаку се е ок, си прашав како ќе биде правно и по закон да си знаеме. Сега бар нема да бидам единствена што вози макс 50 во град.
Што му фали на името топ си е Правно по закон се уште многу работи не се решени ни за физички ни за службени возила како ќе се регулира тоа ,сепак ти вози си 50