Ако кај мене не мириса на малини, и кај нив нема да мириса на малини друже Ко ќе зеам едно маче, ко ќе го научам да моча на нивната врата.... Па нека тропат они после кај мене, да видиш и мајстор како ќе викаат и се
Искрено и мене ми падна жал, ама после кога се размислив кога видов дека таа молчи, а он си зборува и не ја жалам. Не верувам дека ќе направи нешто полицијата, ама не ти е грешка да им пишеш прво на вибер во групата, а после да ги пријавиш ако не се смират. Колку нема осет овој народот значи страшно. Може мало бебе имаш...
Дали верувате дека секое лошо за добро е? Да бидам искрена, кога бев во многу полоша ситуација, не ја гледав логиката зад оваа реченица. Не знаев зошто мора лошото за добро да е. Но, годинава, иако напорна, ми се остварија неверојатни желби, што не сум ни имала ,,храброст" првично да ги визуелизирам. А сите тие плодови произлегле од многу неправди и затворени врати. Што почна полека и целиот мајндсет да ми се менува. Веќе не сум лута, немам омраза, туку чиста благодарност кон сите луѓе во животот и ситуации, затоа што да не биле, немало да воскреснам и да ги експандирам моите скриени сили за борба на највисоко можно ниво. Секоја ситуација буквално имала причина зошто се случила. Или секое одлагање на некоја своја желба и чекање, било, за да се создаде подобро време и место за остварување. Често и ми излегуваат видеа со слична содржина. Колку трагично сфаќаме раскинување со дечко, а всушност животот ти го чисти патот за нешто многу подобро, бидејќи ако си уште со него, сигурно нема фамозно да завршиш. Колку трагично сфаќаме што некогаш 100 пати се враќаме по дома затоа што сме заборавиле нешто, а всушност ти не си требал да бидеш на патот во тоа време, затоа што си можел да настрадаш. Колку трагично сфаќаме кога нема да ни се јават за интервју, а всушност некоја сила те штити од токсичен шеф или експлоататорски услови. Конкретно во мојот живот, колку трагично сум сфаќала одредени ситуации, но да не биле тие, немало ништо буквално од ова што го уживам да се случи. Кога ќе почнеш да ги гледаш работите се поинакви очи, само мирот ќе го најдеш, ништо друго. Затоа што во моментот кога ќе дојдеш до таа точка, никогаш нема ниту една лоша ситуација да ја гледаш како казна. Туку како скалило, се поблиску до она што го заслужуваш.
Гледав видео од татко и мајка пред правење на забава по повод откривање на полот на бебето, и татково вика ако е женско бебето јас частам ручек а ако е машко кој сака нека части..
Гледам на Сител даваат ИДЈ. Овие децава многу убаво пеат, мелем за душа ми се. Особено машките кандидати колку се подобри од женските. Инаку многу брзо го надминаа Ѕвездите на Гранд. Искрено многу ги гледав, ама откако замина Карлеуша престанав. Само она правеше забава таму, се друго е пропаст.
Значи да го приведат и да се спроведе правна постапка или како и да иде, ако има сведоци и знаци на насилство кај жртвата, значи и без жртвата да пријави. И така и треба нели? Пошто по таа логика не треба да казнуваат за рецимо сообраќајни прекршоци оти нема човек жртва да пријави. Или овој шо го тепаше кучето исто тогаш не требаше да биде казнет оти кучето не дало изјава и не тужело.
Те разбирам и јас работам ноќни смени по 12h и знам колку нервира некој да ти тропа, вика сабајле кога ќе заспиеш. Напиши во групата на вибер, сигурно не си единствена што им пречи нивното однесување.
Кога бев во мои 20ти, сакав да имам рамен стомак, мускулчиња, да бидам слаба, манекенско тело. Сега во мои (рани) 30ти, сакам да имам мевце на мене, а не само коски. Да сум мека, не дебела ама да има мевце за фаќање секаде. Сакам да кажам, со текот на времето се сменила мојата перцепција за идеално тело.
СДК: Едно од многуте или ретки работи во кои сум заљубена се одразите на зајдисонцата врз облакодери, згради, прозорци, како и кога ќошевите на домот се облеани како во стопен ќилибар It feels like времето на момент да застанало или се забавило и ме потсеќа на core memory моменти и чувства кои не можам да ги доловам со зборови. Моменти кои ги чувствувам како сончево попладне со ветерец, колку може животот да е убав Како кога го наведна авионот по втор пат, без да му речам, бидејќи првата слика од кањонот не ми испадна убаво Или како дете кога чекав бран да наиде, да се нурнам под него држејќи се за рака со некој од возрасните Овој одраз на златниот час на форумот често го гледам кај @Касија & @Scott Weiland . Не знам зошто, ама кога ќе им видам аватарите, ги замислувам баш така и помислувам колку се совршен пар - таа како зајдисонце, а тој нејзиниот облакодер Баш ми се како оние timeless scenery reels кога во позадина иде "Golden brown"
Aww Фала за убавите зборови мило ми е што оставаме таков впечаток, иако не се експонираме премногу често тука
Отварам Телеграм и гледам дека сум ја добила поракава од спам број... не, не вајбам во Тетово, никогаш не сум стапнала во Тетово, не сум ни во Македонија. Ама поздрав до оние што вајбаат во Тетово.
Понекад си мислам као на американцине им текнало да јадат живо тесто за колачи, поховани кисели крастајци, сникерси, бургери и слични срања и ондак сваќам дека е боље да не знам.
Иди кај надредениот и кажи убаво како стојат работите. Не се расправај со нив. Само диркет на надреден и со докази.
Сакам да кажам нешто многу важно. Спојлер Ги имам првите (крупни) локни. Чекав година, изгубив надеж. Ама тука се. Дочекав. Не преувеличвам кога велам дека пред некоја недела ко видов знаци од првата локна дека заплакав од среќа. П.С. Важен момент е зошто јас сум со тасма права коса од мајка, со шо не ја имам виткано и прскано и пак се исправуваше во 30 минути. But chemo cuuurlssss for the wiiiiin boiiii
Поради дискриминаторската политика на форумот и модераторите кои пристрасно и селективно дозволуваат одредени ликови да навредуваат, јас од денес се повлекувам од форумот. После ова што се случи денес, веќе не гледам никаква поента да го користам Фемина форум, после толку години поминати тука, дозволија навредливи коментари кон мене лично и кога уредно пријавив ми рекоа не можеме да бришеме само затоа што тебе не ти се допаѓа, а членката имаше напишано куп навреди за мене и кон мене.. Само да ви доловам за каков момент се работи, епа исто како на жена што ја нападнал манјак кога се враќала навечер дома од работа да и речете ако ти е, кој те тераше ноќе дома да се враќаш.. Ви благодарам на сите за убавите совети до сега, и се читаме на Кајгана.
Предмалку гледав емисија каде беше прикажана една кратка ретроспектива на делото, односно работата на Бранка Станковска. Присутни беа и други спикери и новинари. Разговараа за позитивните и негативните страни на работата. Добрите и лошите денови, пропусти, лапсузи, итн. Новинарството и спикерството денес се светлосни години назад, во однос на тоа што беа во минатото. Парадоксално, нели? Жал ми е, за сите нас, што треба да ја слушаме Снеже Велков…
Никогаш во животов топката не ја префрлав кај друг дека е виновен за срањата мои лични. Шо и да се случи во животот 100% сам превземам одговорност. Обично на сите му кажувам, или проблемот ќе го решиме заеднички на двајцата да ни одговара, или ќе го решам на моја штета, ама битно ќе го решиме. Мразам кукачи од дното на душата, изговорите твои мене ништо не ми значат. Последно ми плачеше еден, државата вака државата така...имаш друже 200+ земји во светов, од денеска за наредна недела можиш да заминиш во 4-5 од нив со посолидна плата, систем, здравство, ама поарно е со еспресото во рака и билтенот пред кооперација да исправаме политики.