The Death of Nuance е друга тема шо ме интересира (воедно ве молам кажете ми превод на ''nuance'', како „нијанса шо ми вади google translate некако не ми прај смисла за то како сакав да го користам, еквивалент би рекла дека е „смрт на критичко мислење и не гледање низ поларизирани ставови“ ама ... it's a mouthful). Ако речам дека сакам палачинки, значи дека сакам палачинки. Не значи дека мразам, не знам, јајца за појадок. Дефинитивно можи да се согласувам со некоја особа на една тема без автоматски да се согласиме на друга. https://burtwalker.com/the-death-of-nuance/ И ова тема толку долго ја пишам, шо е како досадна лекција. Ама сакам да почнам да зборам за „потврдна пристрасност“ и покасно за когнитивни нарушувања. Не дека се исти, туку јас ко ќе скокам од тема на тема, ми испаднаа испреплетени. Вкупно две реченици напишани, и веќе се загинав. Со среќа на кој и да е доволно храбар да се нафати да прочита. 1. Потврдна пристрасност (confirmation bias) Што е потврдна пристрасност? Буквално имање пристрасност кон информација која го потврдува нашиот став и верување. Единствен начин да се надмини ова е доколку се гледаат сите докази и се земаат во предвид, а не само тие кои ни се во корист. Ваквата пристрасност не афектира само како собираме информации, туку и како ги интерпретираме и користиме тие информации. Пример, ако јас имам одредено гледиште, и сум „жртва“ на ваква пристрасност - не само што ќе барам информации да „докажат“ дека сум во право, туку и вестите ќе ги гледам низ призма што ќе ми ги поддржи верувањата. Како можиш да препознаеш пристрасност во став? Зависно од особата пред тебе, да препознајш дали е пристрасен или не кон одредени информации знај да е и лесно и тешко. Има некои генерални насоки како можи да се препознај кај друг (и кај себе): Само бара информации кои ги потврдуваат неговите верувања,ако треба ќе стигни до последната страна на Гугл,ќе го разубеди ChatGPT и ако не успеј ќе речи дека е заговор. Бара информации кои мисли дека се вистина,место да бара информации општо и да спореди кои се фактите. Се потпира на стереотипи кога обработува информации. Се процесира низ призма на сопствени верувања кога обработува информации. Селективно памти информации,зависно дали му се во корист или не. Има силна емоционална реакција на информации кои го потврдуваат неговото верување,додека останува релативно неафектиран ако информацијата не го потврдува неговото верување. Има неколку типови на „потврдна пристрасност“кои можи да се набљудуваат: Пристрасно внимание (biased attention) Пристрасна интерпретација (biased interpretation) и Пристрасна меморија (biased memory). Пристрасно внимание значи дека селективно се фокусираме на информации кои ги потврдуваат нашите верувања додека игнорираме информации кои не се совпаѓаат со нашето размислување. Од друга страна имаме пристрасна интерпретација шо ни зборува како ние свесно одбираме да интерпретираме информација на начин кој потврува нашите гледишта. И најинтересната, пристрасна меморија и кога селективно памтиме информации кои потврдуваат наши гледишта, додека ги забораваме информациите кои не се совпаѓаат со нашите гледишта. Исто мора да се споменат тука: Пристрасноста на атрибуцијата (attribution bias) е когнитивно искривување (спојлер!) каде што го гледаме однесувањето на другите како под влијание на внатрешната мотивација - како што се моралот и карактерот. Знаци кои може да ги вклучи се:постојано обвинување на другите за своите проблеми и недостатоци,да биди премногу критички настроен кон другите и да бара изговори за своите грешки без да врши себе-рефлексија.Често велиме дека некој е „лицемерен“или неискрен кон себе каде го фрла првиот камен,ама после моли за милост. И то е attribution bias сликовито. Пристрасност за усогласеност (conformity bias) е кога едноставно се согласуваме - или се усогласуваме - со мислењата и однесувањата на другите во групна средина, дури и кога тоа е спротивно на нашите лични убедувања или знаење. Тука можи да сретниме особа која многу гласно се согласува со другите дури и кога не се согласува „вистински“, или особа која не ги кажува своите мислења за да не е осудена од другите и особа која е во група која е насилна иако е свесна дека тоа однесување е грешно. Се опишува како несвесен процес низ кој врви таа особа за да избегни да биди одбиен од околината или за да добие одреден статус. Пристрасноста кон убавината (beauty bias) е или потсвесна или позната склоност да се третираат конвенционално убавите луѓе подобро или полошо од оние кои не се толку привлечни. Тука вклучува осуда на некој базирано на изглед, правење претпоставка на то колку е некој способен зависно од тоа како личи и третирање на некој подобро или полошо базирано на нивниот изглед. Исто тука се спомнува ''halo effect'' кој вели дека ако некој е атрактивен,тогаш мора се за него да е во ред. Ако јас мислам дека ти си атрактивен, јас ќе претпоставам дека си пофин или попаметен од некој кој не го сметам за толку атрактивен. Предрасуди по основ на родовата пристрасност (gender bias) се однесува на тенденцијата да имаме стереотипни или дискриминаторски ставови кон луѓето само врз основа на нивниот пол. Се карактеризира со претпоставки и осуди базирани на полот и постои третман поразличен базирано на полот на индивидуата. Различни предрасуди и пристрасности можи да се дискутираат,но ете издвоивме неколку како за пример. Како значаен корен тука мора да се спомни емоционалната инволвираност во нашето верување. Да се има одреден став често значи дека некој емоционално се инволвира во тој став,и тој став е негова реалност. Предизвикување на таа реалност е страшно. Би било некакво пристрасно филтрирање од моја страна ако речам дека ваквото размислување е секогаш лошо. Зошто не е. Често се дискутира како нешто негативно и кое има тенденција да влијае на процесирањето на информации и чиста логика, ама не е секогаш лошо. Само многу почесто се гледа низ призма на она што е позастапено. Често ќе сретниш да се зборува за тоа како некој е најконзистентен во својот став, дека некој не се откажува од то шо верува и има одредена гордост во кажаното. И за некои та гордост е важна. Како да надминиш вакво размислување? Прво е да бидиш свесен во шо верваш и како то вервање влијае на тебе, и следно колку си флексибилен не емоционално да пристапиш на пошироки информации кои можеби да те соочат со твоето верување. Потоа, секогаш опфаќај ги сите можни извори на информации кои ти се достапни. Барај различни перспективи и дискутирај. Не дискутирај за да разубедиш некој, туку за да размените информации на двете гледишта. И,секогаш биди отворен кон промена на мислење при презентација на нов доказ кој е спротивен на твоето верување. Од видеото: „не можи поќе само да ти се допаѓа нешто, мора тоа нешто да ти стани дел од идентитетот“. Исто збора за rage bait, и важноста на алгоритмите за поларизирано размислување и губење на „нијансите“ измеѓу ставовите и дискусијата. Мислам дека е интересен аспект да се размислува и во тој правец. 2. Когнитивни нарушувања (cognitive distortions) Што е cognitive distortions/ когнитивни искривени размислувања? Когнитивните нарушувања се неточни шеми на размислување што можи да донесат до тоа луѓето да интерпретираат ситуации како негативни, или барем повеќе негативни од тоа што се. Ваквите искривени размислувања се случуваат по дифолт, во периоди на стрес, анксиозност или депресија, и исто можи да рефлектираат подлабоки верувања за себе, другите и светот. Има различни ситуации и ако ваквото размислување е инцидентно е нормално и можно е да се случи, повторувачки шеми со вакво размислување укажуваат на одредени потешкотии. Зошто доаѓа до когнитивни искривени размислувања? Како шо беше кажано претходно,сите некогаш во текот на животот можи да имаме вакви мисли и е нормално се додека е инцидентно. Но,за да настани шема од вакви размислувања, има различни фактори кои можат да влијаат на тоа: Анксиозност и депресија Опсесивно компулсивно однесување PTSD и траума ADHD и неуродивергентност Кај лица со анксиозност можи да се забележи катастрофизирање („Што е најлошото што можи да се случи?“, „Сигурно ова ужасно нешто ќе се случи“) или се обидуваат да читаат мисли и чувства,каде препишуваат што осеќаат или од што се плашат и тоа нагласува страв и одбегнување („Сигурно ме осудуваат“, „Сигурно сега размислува за како личам вака-или-така“). За разлика од тоа кога имаме депресија како фактор за когнитивно искривено размислување,најчесто можи да се забележи „се или ништо“ менталитет или „црно-бело“ размислување. Се фокусираме на едно нешто,најчесто негативните чувства и безнадежноста и одбиваме да видиме дека има и нешто друго,позитивно. Јас OCD го викам „ритуализирана анксиозност“, ама со екстра чекори. Многу не би се согласиле дека ваквото когнитивно нарушување е дел од OCD дијагностиката, но кога гледаме дел од симпромите (пр.Напаѓачки мисли/ intrusive thoughts) лесно е да се заклучи дека има поблиска корелација. Покрај тоа, човек со OCD можи да прецени опасна ситуација, да се плаши без основа за тоа,или да верува дека нивните мисли може да предизвикаат одредена штета. Исто така значаен предизвикувач на ваквите мисли се трауматските искуства кои често носат до долгорочни когнитивни искривени размислувања. Траумата „удира“ на она „основното“, на преживувањето, каде правиме се да се осеќаме безбедно и се шо не повредило го вадиме низ призма на претерана генерализација за да се избегни повторно несакана ситуација. Чести чувства кои можи да се развијат се „не сум безбеден“ или „дека се е моја вина“. Човековиот мозок има механизам за преживување и тој се базира на негативни мисли како страв и грижа, кои овозможиле на нашите предци да се свесни за потенцијалните опасности. Амигдалата е дел од мозокот кој е одговорен за емоционалното процесирање и често знај да направи overreaction (пре-реагирање) на негативните стимули. Од друга страна,неуродивергентноста, особено ADHD - не предизвикува вакви мисли директно. Но, придонесува до креирање на ваков мајндсет низ низ предизвици со фокус и емоционална регулација. И како резултат можи да развијат мисли како: „Јас сум мрзелив“, „Јас не можам да запамтам“, „Јас секогаш грешам“. Ваквото искривување иди од години фрустрација и негативен фидбед, и можи да се ујача со срам, анксиозност и перфекционизам. Накратко, когнитивното искривено размислување е рефлексија на она како некој научил дека можи да го интерпретира светот,особено кога е соочен со стрес,траума или незадоволени потреби. Но,најважно што мора да се спомени тука е дека социјалните мрежи значително нагласуваат вакво размислување, низ споредба и ставање на ознаки, со што се крева анксиозноста, недовербата во себе и нереалните очекувања. Често се затвораме како во мало кругче и се вон тоа кругче е „грешно“и не сме отворени кон него. Често носи до поларизирано мислење или „се или ништо“, црно-бело размислување каде некоја средна вредност и не постои. И не само социјалните мрежи, но генерално надворешните фактори имаат тенденција да прикажуваат понегативни сцени, него позитивни. Поверојатно е на телевизија на пример, да се прикажи вест или човек кој е тажен, уплашен, загрижен и да укажува на можни идни катастрофи, него да се фокусира и на тие мали победи. Кои се предизвиците и „казните“на ваквото размислување? Пример доколку јас препишувам чувства и мисли на партнерот без тоа да го искомуницирам со него (користење на „читање на мисли“) - мојата врска ќе страда,и ќе биди плодна почва за конфликт, мискомуникација и (негативна) емоционална реакција. Исто значително можи интерперсоналните односи да ми влијаат доколку судам луѓе ако не се совпаѓаат со моето размислување на светот (should thinking). Особено со партнер можи да се забележи, ако едниот партнер има ''should thinking'' се обидува своите ставови да ги наметни на партнерот, за и тој да биди променет како што одговара на партнерот со вакво размислување.Ова можи да креира многу тензија, особено во ко-зависни врски. Доколку јас скокам до заклучоци или катастрофизирам - тоа можи да донеси до радикални и импулсивни одлуки, одбегнување и едноставно испуштање на многу прилики. Но, не само во интерперсоналните врски, предизвиците можи да бидат и на лично ниво. Доколку се плашам од се и го гледам налошото во секоја дадена ситуација - тоа ќе влијае на моето секојдневие. Доколку се гледам во негативно светло и иднината за мене е темна - ќе предизвика лошо расположение и чувства на безнадежност и воедно ќе влијае на моето секојдневие. Когнитивните искривени размислувања ја уништуваат самодовербата така што ја заменуваат со негативен концепт за себе. Луѓе не веруваат дека нешто можат да исполнат ради вакво размислување, се споредуваат со другите и се осудуваат доколку не се подобри и на тој начин се соочуват со чувство на намалена вредност на себе. Како личи ефективно третирање на ваквите размислувања? Ова е и во самото име, ама когнитивно бихевиорална терапија (КБТ/CBT) е пристап кој се смета за најефективен во искоренувањето на ваквото размислување. Во сржта на КБТ е идејата дека нашите мисли определуваат како се чувствуваме и однесуваме. Кога ваквите мисли доминираат тогаш и негативните чувства доминираат. Многу е важно да се стави акцент на тоа автоматско размислување и да се соочуваме со себе. Ако сега јас го гледам најлошото во дадена ситуација - да се потсетам дека јас во моментов го предизвикувам ова размислување и да се соочам со другите опции и да видам нешто позитивно. Да се прашам „кај е доказот“ за ова мое размислување, „како е ова поддржано“ или пак да се запрашам што некој би помислил кога јас би ја презентирала оваа идеја. Дали ќе мисли дека е логично и основано, или ќе мисли дека е налудничаво? Ваквиот начин на преврамување го ублажува ригидното размислување. И ваквото преврамување има и кратки и долги цели кои можи да се исполнат. На краток план, се фокусираме на денес и на сега, и на балансирани и позитивни мисли. Долгорочно, можи да влијае на целосното наше расположение и позитивното мислење да стани повеќе автоматско, за разлика од негативното. Како ова личи кога би го ставиле во шема: 1) Мора да се идентификува нарушувањето. Треба да се обидиме да видиме кога мисла предизвикува негативни чувства и анксиозност и тогаш почнуваме да се прашуваме себеси: „Што беше тригер за да се чувстувам вака?“, „Зошто го мислам ова?“, „Кои емоции се поврзани со оваа мисла?“, „Каков тип на размислување користам?“итн. Секогаш кога сме соочени со искривено размислување, мора да си кажиме себеси. Пример, предвидувам дека за нешто не сум доволно добра и се фоксуирам на тоа. Таквиот фокус ми креира стрес.Таквиот стрес предизвикува да јас навистина згрешам. 2) Ја пренасочуваме и ја препакуваме таа мисла со тоа што ѝ даваме друга перспектива.Се запрашуваме кој е тој друг начин на кој можи оваа мисла да ја интерпретираме и дали има начин на кој можи да стигниме до некој баланс? Преврамување на мислата можи да се прави и низ визуелизација. Замисли се во ситуација која е предизвик за тебе и замисли се како ја совладуваш таа ситуација на смирен и конструктивен начин. Овој начин помага да се смири анксиозноста и да не подготви за секојдневието. Потоа почнуваме да ги прашуваме прашањата кои веќе ги дискутиравме, каде се прашуваме околу валидноста на овие мисли, каде гледаме дали има докази дека ова е така, и кои докази ја поддржуваат оваа мисла; кои ни се алтернативите и да се запрашаме дали скокаме до заклучоци. 3) Некогаш негативна мисла можеби ни помогнала во минатото и треба да се потсетиме како ни помогнала и зошто и како сегашната ситуација се разликува.Но, пред се мора да бидиме свесни и да сме присутни во сегашниот момент за да ваквите мисли ги фатиме во нивната почетна фаза, пред да излезат од контрола. Дишење длабоко и „заземјување“ни помага да се повеќе свесни и да превентираме негативно мислење. 4) Многу е важно да се замени јазик кој зборува во крајности и да се тргни од вокабуларот „секогаш“, „никога“ или „сите“. Охрабрување за користење „некогаш“. Тука е исто важно да се кажи дека ние означуваме и се фоксуираме на однесувањето,но не и на човекот со тоа што се трга вината од него. 5) И за крај наоѓаме докази и ги бараме позитивните аспекти кои ќе ни помогнат да се предизвикаме себеси и да се предизвикаме да ги идентификуваме работите на точниот начин. Зборување со себе на начин кој е нежен изгледа едноставно,но мора стварно да се потрудиме со тоа што ќе практикуваме позитивен разговор со себе секој ден.
@theowndemon не ти ги читам целите текстови, ама од она што го читам и гледам како ти е се подредено, мислам дека можеш свој сајт да си отвориш. Предобро би изгледало за читање.
@Mr.Limonko сајт/блог не се одржува со повремени (интензивни) извори на мотивација. Ќе ми помини за една недела и в година пак ќе пишам.
Скоро се е копи паст од пребарани текстури на интернет стави ги и ти на копи пест на LENS ќе видиш од каде се текстовите
@theowndemon Ова е за комплетна нова тема во која сите со барем малку критичко размислување би требало да учествуваат. Што си по професија? Можеш и пп, не мора јавно.
Ако некој сака да учествува во таква тема, супер. Ако неќи, никому ништо. Јас повремено се фиксирам на одредена тема и морам да ја „извам“ од мене. Се шо пишам тука е од мене за мене. Некогаш темите се вакви, некогаш се за поп-култура. Тоето. И од ко ќе ја извам темава за мене е „завршена“ и се префлрам на нов интерес. Така да за мене двете работи кои ме мачеа некоја недела, ги „исфрлив“.
Незнам дали е целосно копи паст, ама секако мора од некаде да се информира, дали е книга, интернет небитно.. Сепак ми е предобро напишано, јас и да превземам нешто од некаде нема да знам вака добро да го испишам, ќе биде се измешано, нема никој ништо да разбере.. Не ми делува како да е ископирано, само многу добро се снаоѓа во пишување на текстови и естетика. Имам видено и уредени слики со храна од неа мислев дека со апликација се правени, ама сама ги има уредено, предобро е.
Шознам дали е здрав, ама важно да се прај нешто. Мене интересите ми се циклични, сега пребарвам, читам, пишам, вадам белешки од студентски деној. После цртам интензивно. После се префрлам на некој трет интерес и така си поминва годината. Уште една тема ми остана шо сакам да ја обработам @JoyJoy можи мисли ја заборајв само едноставно не сум среќна со то како испаѓа текстот. Нешто ми фали. И после то можам конечно да се префрлам на дигитално цртање зошто моментално сум меѓу двете работи растргната. Спојлер: за Џој Можам приватно да ти пратам ако сакаш пошто уште не ми е по ќеф.
Зборот нијанса има француско потекло и значи сенка. Ако сакаш да го избегнеш или намалиш неговото повторување во долг текст, само треба да размислиш во кој контекст треба да ти биде текстот и дали треба да ти звучи негативно или позитивно. На пример јас во политички контекст на два јазика користев и варијанти, варијации, прелевање, фрлање сенка, суптилни разлики, разноликост, обоеност/колоритност, сиви области... И некој/и од овие зборови можеш да го/ги комбинираш со друг, како зборовите догматизам, едноумие, идеолошко слепило или ригидност.
Иначе. Открив дека клучот кон зголемена среќа е пост + добар сон. Особено постењето. Само со вода или овошни сокчиња. Толку чисто се чувствувам. Многу уникатно чувство е.
Многу често фантазирам да сум интернет популарна на некој начин и потоа замислувам како некој ме аутнува како Срцката28 на фемина или некој од бившите снима exposé видео дека сум била токсична и ме сите канселнуваат. Мнооогу се плашам од својот и дигитален и аналоген отпечаток.
Girl please, текст шо решавам од белешки да го извам за да се најди на некој - не ми менва дали рандом особа мисли дека е копиран. Јас корист во секој случај немам. Важно ми е мене да ми е забавно. Можи и рачно пишаните дигитални белешки не се мои, idk. Ти во секој случај добиваш копија од белешките, за други како било.
Додадено одземено не е битно тоа се вика брза помош све е копија текст не филозофијај сакаш доказ ако сакаш да се расправам со тебе и да ме банираат биди реален не фантазер и не се спротивстави кај има реалност бајдувеј СРЕЌЕН БОЖИЌ дете инаку мешано има да нешто реално нешто од гугле ти си суд јаоо храна си видел бе и тоа е доказ оккк