И никад нема да ги облечат, или факинг еднаш. Па немаат шо да носат, ајт порачај купуј, троши ко да нема утре Какви плакари ли ќе поседуваа Една соба е мала бе за толку гардероба.. Убаво ги сфаќам, меракот е голем, паднав и ја под влијание на конзумеризмот изминативе месеци. И за шо? Шо со тоа? Не сум посреќна шо ги поседувам тие нешта! Ми помина меракот. Сеа ми се најобични. Не знам кај другите како ви е, кај мене што и да е , значи колку и да сум го посакувала, од денот коа е у мои раце, више не тоа тоа, ми станува сеедно шо го иам. Сакам нешо друго..
Секоја нека си гледа за себе. Секоја си троши свои пари. Не нивни, па да мерат. Решението е едноставно. Не ти се допаѓа, игнорирај го. Компирко знае најдобро како се игнорира. И на мене не ми се допаѓаат некои теми, но не ги отворам и не им се мешам на членките и членовите кои пишуваат таму. Смеј се, де. Убаво е човек да се смее.
Таа тема е consumerism final boss, порано објавував таму и само ме стимулираше да купувам глупости. Скроз беспотребна тема.
Баш е интересна темата, мене ми е убаво да гледам кој што си купува, само тие некои интимни работи исто мислам дека нема потреба да бидат објавени и некои основни работи од секојдневието.
Абе сѐ во ред тоа, ама ти многу лично ги доживуваш работиве некако. И мене ми е интересна таа тема и објавувам таму понекогаш, ама ако кажам дека не би објавила чепкалки и долен веш на пример, не значи дека имам нешто против тебе или против друга членка лично. Буквално никој не алудираше на тебе лично, нема потреба да се вреѓаш и да се осеќаш прозвано, уживај малку. Реално, не ми е гајле кој што објавил на фемина, имам поголеми проблеми во животов од тоа. Само, ми беше смешно искрено што ја замеша војната во нешто што немаше врска со тоа. Немој молим те и ти ко пензионериве у короната да се тепаш за леб и тоалетна хартија, остајте нешто и ние другите да купиме. Хмм, ајде нека биде така.
Да, владе од мусинци, прв ти на телеграм дознаваш дека радарите во тел авив му биле турнати и дека вестите од cnn, bbc, итн биле biased. Му прават ai видео дека тел авив и базите на америте се пепел напраени и тие запалени како мајмуни, истото важи и за другава страна. Не ми се отвара фб, експертизава од украина се премести на блискиов исток,..Некогаш се прашувам дали само јас буфтам приватен сектор и немам толку време на секое видео да остам коментар и на секој можен српски гуру да му изгледам видеата.
Имаше постирано во оваа тема, како пола форум му е на игнор. Не знам зошто го избришаа, баш се сврте добар муабет. Тебе те имаше, не се секирај
Остај, ратно време, не знаеш шо ќе биде. Залихи од гз папир, влошки, чепкалки и тако даље.. И благце и долен веш. Да не забораам Оти не смее да трпи и задоволството, у тешки времиња само тоа ни преостанува. Љубов и заедништво Дали романтична, или хранење на душата преку стомакот, исто му се фаќа..
Не ни сумњам дека ме немало, само не знаев дека до толку сериозно било со се листа со се се... И сеа бан јадел, а?