Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.363
    Допаѓања:
    157.644
    Пол:
    Женски
    Поради ова избегнувам да отварам коментари под вакви и слични објави, се вознемирувам и ми се гади. Само да го видам насловот и претпоставувам што следи :envy::puke:
    Треба да се има некој филтер да не смеат да се објавуваат коментари со такви содржини, али отидено е се у к...ц
    А за жал имаат повеќето, и ќерки и сестри, ако ништо друго мајки имаат :@
     
    На Mr.Limonko, FriendOfDorothy, Buttermilk и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.763
    Допаѓања:
    62.886
    Пол:
    Женски
    Денес случајно чув како едни зборуваа за девојка што поминуваше пред нас. Девојката си беше пополна и ете носеше аутфит што повеќе го истакнува тоа. И на тоа овие почнаа да коментираат со чудење како се носела така, била грозна, за никаде.
    Можеби го промашила стилот, а можеби и намерно така се облекла, небитно нејзина работа. Но ме интересира ете дали стварно на вакви луѓе убаво им иди на душата кога ќе искоментираат вака за некоја рандом личност? Дали се среќни со својот живот, сѐ им е погодено, и вечер ќе спијаат подобро?
    Да, секој може да си помисли сѐ, ама така да коментираш како да е најужасното нешто на светов, па стварно се сомневам дека твојот живот е среден.
     
    На Raven22, Buttermilk, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.323
    Допаѓања:
    3.782
    Пол:
    Машки

    Еве, да не биде пред но...

    6. Придонесуваш кон поларизирање на односите меѓу родовите, и ги храниш алгоритмите на социјални медиуми кои уште повеќе ја поларизираат односите. Се создава лупинг ефект и self-accomplishing prophecy.

    7. Ако моделите се нездрави, во социјалните медиуми и реалноста, тогаш треба на виделина, со најголема видливост, да бидат добрите пример, здравите видливи модели на однесување на мажи и жени и тоа низ конкретни механизми на однесување.

    8. Инаку, овие насилни концепти и поврзување меѓу шеми на мислење/однесување несвесно се репродуцираат. Многу пати докажано.

    9. За реални промени треба конзистентен систем каде и татковците и мајките (тука подразбирам и институции, се разбира - и тие луѓе се нечии мајки и татковци) ќе работат на тоа како треба да изгледа здрав однос меѓу маж и жена, што ќе почне од самото раѓање на еден поединец.

    10. Стравот не се надминува со дополнителен страв, никогаш (освен во терапевтски техники каде се користи контролиран страв на изложување, но во насока на надминување на тој страв.). Туку, со механизми што ја потиснуваат одржливоста на тие стравови и нудат здрави и одржливи решенија
    .

    НАЈБИТНА ТОЧКА 9. И тоа е што сакам да го видам повеќе на женски форум!

    Обиди се кај некој друг со обвинување со whataboutism. :)

    Немирот што го ЧУВСТВУВАМ произлегува од тоа што гледам дека некои жени, што треба да бидат ЈАВЕН МОДЕЛ (онлајн) за тоа како ќе се развијат здрави односи меѓу родовите ( и за нив всушност се залагаат), се прават дека не разбираат за што станува збор, читаат селективно, користат евтини реторички трикови, наместо да ја поддржат иницијативата за здрава дебата што ќе оди во насока на надминување на оваа поларизација...

    Намерни, систематски и свесни. :) Фала.
     
    На Малечка Малинка му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.986
    Допаѓања:
    15.276
    Пол:
    Машки
    Читајќи рецензии и препораки за историски локалитети, ресторани, барови и сл., сфатив дека американците имаат тенденција за енормно преувеличување на ситуациите. Задолжително користат: fabulous, amazing, breathtaking, spectacular... за работи кои се баш просечни или еве задоволителни, но ништо посебни.

    Исто така, на booking, во многу рецензии луѓево се запнале во ситници, на пр. немало посебно место за тоалетната хартија, топлата вода од тушот тешко се нагодувала, фотелјата крцкала итн. Секако тука ставено оценка 4 или 5 и се добива претстава дека нешто навистина не е во ред со сместувањето, а напротив се е океј. Дали ова се должи дека можеби јас или ние како народ имаме пониски очекувања или не, не знам.
     
    На Gosh, Munchmallow20, Buttermilk и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.323
    Допаѓања:
    3.782
    Пол:
    Машки
    И затоа треба и за ПОЗИТИВНИТЕ објави да се пишува, многу повеќе, а ваквите „од кои му се згадува на човек“ да се решаваат, системски, институционално, и со промена на образованието и менталитетот.
     
    На Малечка Малинка му/ѝ се допаѓа ова.
  6. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.459
    Допаѓања:
    19.883
    На претходниот смештај на букинг, некои Данци оставиле 8 со образложение: Сѐ беше супер само се слушаа доста автомобили од улицата.:drunk:

    Да ја преместат газдиве куќата ако не.
     
    На Panda00, Gosh, Waverly Raven и 2 други им се допаѓа ова.
  7. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.363
    Допаѓања:
    157.644
    Пол:
    Женски
    И на позитивните објави има одвратни и простачки коментари, такс да избегнувам да читам коментари на објави на социјални мрежи генерално.
     
  8. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    15.067
    Допаѓања:
    185.194
    Пол:
    Женски
    Не те обвинвам. Само сум анојната од машката визија за женски форум.
     
  9. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.323
    Допаѓања:
    3.782
    Пол:
    Машки
    Ти зборуваш за индивидуална стратегија која е ментално здрава, и поддржувам да не читаш коментари, ако за тебе лично тоа функционира. Но, ако не читаме коментари КОЛЕКТИВНО, не значи дека ќе го снема и насилството зад нив. Ако се зголеми бројот на позитивни објави, ќе се намали и потребата од насилство кај негативните и кај позитивните. Но, повторувам, твојата стратегија како поединец е здрава за менталното здравје и ја поддржувам.
     
    На Малечка Малинка му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.414
    Допаѓања:
    28.378
    Пол:
    Женски
    Не знам за други али јас коа барам било каде смештај, битно ми е да имам каде да легнам да спијам, да се измочам и да се истуширам. И ако е со кујна, да можам кафе и супа да направам. А дали бил стар мебелот или мала кадата или не знам што, мање битно. Таму сум на неколку дена, не ќе ги носам дома.
     
  11. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.323
    Допаѓања:
    3.782
    Пол:
    Машки
    И јас сум исто толку гневен на НЕКОИ МАЖИ и на НЕКОИ ЖЕНИ и на форум и во „физичката стварност“, но тоа мене не ми дава право да им се обраќам на други жени и други мажи, на форум или во физичката стварност на основа на МОЈАТА генерализација од други конкретни лоши примери. Така ЛОШИТЕ примери се продолжуваат и на добрите, а треба ОБРАТНО, всушност. Да не им се даде простор на лошите, и да се стимулираат добрите примери и на жени и на мажи. Тоа е целата поента.

    Немам јас ЛИЧНО ништо против тебе, искрено. Имам против извесни наклоности на однесувања, и затоа сакам да упатам на тоа.
     
    На Малечка Малинка и dorota им се допаѓа ова.
  12. sino.o.oka

    sino.o.oka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    840
    Допаѓања:
    4.057
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден бев сведок една колешка од работа како и се дери на сопствената мајка на телефон. Значи во буквална смисла дерење. Ужас ме фати што ја слушам. А млада, образована личност, навидум фина во глобала... Страшно. Не сакам ни да замислам како и беше на жената, или пак што се случува дома кога никој не ја гледа / слуша. Притоа беше свесна дека е на јавно место, на тераса, со колеги, и мува не ја лази... Вешти, се дере... А за речникот да не правам муабет, ти, мори, ма, неспособна една, шо се замислуваш... Ужас....

    Тешко на таа жена.

    До душа, ми стави малку сомнеж, ако со мајката што те родила можиш така да се однесуваш, до тоа ниво, како ли со другите ќе си дозволиш...
     
    На Panda00 и dorota им се допаѓа ова.
  13. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    4.020
    Допаѓања:
    50.398
    Оф бе срциња , колку сте наивни... Користење странски зборови у стил а ла ЏПТ, двојни стандарди и нарцисоиден увек жртва муд не се знаци на високо интелектуална особа, туку на обичен муж кој имал повеќе слободно време да прочита некоја книга...:D