Не се праете светци и светици. Сите оговарате, апсолутно сите до еден, кој повеќе кој помалце. Неам сретнато чоек кој не го прави ова Во природата на чоекот си е Само намерата е битна
Вчера, спремајќи се да одам до маркет, вратава подотворена, врзувам патики пола саат пошто у ходник слушнав дека стојат комшии и муабетат, а да делам лифт со некој ми е сачувај боже, ме убива awkward тишината, а ич не можам да терам бош муабети. Соседка му се жали на сосед дека катастрофално било кај неа на работа. Доаѓале луѓе, работеле месец-два и си оделе или ги бркале. Сите што останале денес биле за никаде, не им се работело, а тие што најмногу вределе си заминале у странство. И ми текнува дека миграцијата, се дешава ради такви како неа, си доби топ местенце пред 15-тина години, благодарение на тогашната гарнитура, се уби од дремење по штабови. Па после се префрлија на пензии, апокалиптични сценарија, бетер ќе било за нивниве деца, кој ќе работел, бла, бла... Јас додека врзував патики и слушав кукања од луѓе кои го сјебаа системот, без да се замарам за потомство и иднината на истото, пошто сѐ завршува со моите гени:
Не знам зошто, но алгоритамот на фејсбук цело време ми покажува постови од деца кои работат на нива. И нормално, сите коментари се преполни со пофалби за тоа како децата треба да се малтретираат во 3 саат да стануваат за по ниви, наместо да бидат разгалени и да лежат цел ден како нивните врсници. Само ќе кажам дека по-некритички настроени генерации од бумери не постојат. Како може сите да се со истиот калап на размислување, да ја следат истата шема и да ги имаат истите ставови и да ги повторуваат со ист ентузијазам. Многу фасцинантни генерации.
Сакаат сите да се мачат и да страдаат како они. Добро, освен нивните внуци. Само туѓите деца и млади нека се ,,научат на живот, да видат што е мака".
Имам другар, млад, 31 година и размислува дека во животот треба човек да се мачи, демек да учи лекции по потешкиот пат. Е му велам, чоек треба да има БАЛАНС, нит премногу да се опушти, ни премногу да се мачи. Што ќе ми е живот ако постојано се мачам до степен да си го уништам здравјето и сите пари да ми одат по болници и лекари и апчиња? Јас сега знаам како е да заборавиш на себе од работа. Има препреки, има и ќе има. Со Господ напред.
Не, замина Германија во Мкдоналдс да работи.. Ептен беше разочаран во МКД, за работата шо ја работеше тамам беше платен, пошто одеше 4 саати на раб само, минималец. А, за трудот, слабо платен, а и доста интелегентен е.
Само во Македонија се гордеат со тоа што во нормалните држави е со закон забрането. Никое дете самоволно не станува во три часот наутро да оди на нива наместо да има нормален сон што уште му е потребен да расте и да се развива. Никое дете не бира да се бори со грутки и треви и да се гуши во горчината на тутунот наместо со своите врсници да оди на базент, фудбал или прошетка. Тоа не е успех за тие родители туку одраз на нивниот неуспех на своите деца да им овозможат услови за нормално детство. Само кај нас е нормално детето да мора да почне да си вади за лебот уште на десет години па и порано. Знаете ли какви бајки им се продаваат на тие деца: Работи сине, да ја изградиме и дотераме новата куќа за да не мора да се мачиш кога ќе пораснеш. Во најголем дел од случаевите сè што ќе се заработи преку цела година се вложува т.е "наместува" во некоја таква инвестиција на зима. И кога тоа дете што уште од 10 години црнчи под јакото сонце ќе порасне и ќе дојде ред да си го бара својот дел од спечаленото ќе му речат дека таму не му е местото, дека треба да си обезбеди свој дом и како што тука многу милуваат да кажат дека не треба да се коти под туѓ кров. А на ќерката, нормално дека ќе и дадат до знаење дека неа не ја следува оти е женско, се знае. Единствено што останува од такво (немање) детство се трауми.
Јас сум рударски инженер, иако бранев дипломска по заштита на животна средина, и само душман можи да го натера детето да учи на ваков факултет. (иако имаме потреба од рударење, ама кај нас никаква заштита нема ни за луѓе, па уште помалце природата)
Е оваа вечер е поим за летна ноќ! Свежина, нежен звук од инсектите, и конечно малку спокој Вака више се дише. Спојлер Не ме карај, ќе спијам вајда, би требало Сакав малку да поуживам у тишинава Денес фала Богу не е пуштен тракторот од клима на комшиите
Колку убаво е освежено надвор после жештините. Фали уште на ајвар да замириса од некаде. Уживајте додека можите бидејќи следниот бран ми изгледа ќе е најжешкиот ова лето досега.
Мартин Гарикс, Кејти Пери и Луис Капалди за една недела у Приштина на ,,Сани Хил", а денес и утре за нашата публика настапуваат Спасен, Диџеј Боно и Лозано на ,,Пробиштип Summer Festival 2026".
Утре се Крафтверк во Скопје, Mahmut Orhan во Охрид. Duran Duran беа, Deep Purple ce во Октомври. А David Guetta во Септември. Ама добро, овие сите пропаднати се. Без Кејти Пери, и богот Кење не правиме ништо.
Сакав само да го исхејтам трошењето државни пари за селски бостан манифестации и финансирање на провладини пејачи.
Е го најде Косово за добар пример. Божем таму не се трошат државните пари на нивни локални пејачи што пеат "Тенкју Јуесеј" и "Голема Албанија". Балканот е copy - paste политички. А колку повеќе човек копа во европската политика, и таму почнува исто да смрди.
Немам добар пример од овие простори, си бирам најпогоден за хејтање у моментот, во зависност од моето расположение.