Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.762
    Допаѓања:
    19.457
    Пол:
    Машки
    Падна Чатџипити :smoke:
     
    На daylight и GirlLove им се допаѓа ова.
  2. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.758
    Допаѓања:
    35.201
    Пол:
    Женски
    Се удри ли? Го боли ли многу? :rofl:
     
    На Cosmic Girl, Bratot, MeowMeow и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.281
    Допаѓања:
    205.286
    upload_2026-9-3_20-44-55.png
     
    На Cosmic Girl, CameliaMiller, Bratot и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.762
    Допаѓања:
    19.457
    Пол:
    Машки
    Одма стана му помина :D

    Nisto
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.495
    Допаѓања:
    5.480
    Сакам да ти кажам како боли душата распарчена на мали парчиња, сакам да ти кажам како боли срцето скршено како стара кристална чаша.
    Сакам да ти кажам дека целото тело ме боли и не само душата, срцето пукам цела......
    И сама се прашувам зошто и како дозволив да ми се случи ова и зошто, едно големо зошто и до кога
    А најмногу боли што времето неможе да се врати вчера никогаш ама никогаш неможе да биде денес ниту денес може да биде утре. Но кој ќе го свати тоа ќе исплива кроз животот а кој не ќе потоне не во кал во жива кал. За жал ни сама јас незнам зошто се ме боли зошто дозволувам да сум толку повредена а не треба......
    А не треба ......
     
    На eliesaab, Mumoftwo30 и Witchy-style им се допаѓа ова.
  6. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.537
    Допаѓања:
    10.157
    Пол:
    Женски
    Какви глупостииии!
    Затоа нашиве кога ќе дојдат на посета во Македонија прават заби и одат на прегледи.
    Ми вика еднаш роднина од Америка - како ненормална станав, само викам по децата да не трчаат низ дома. Ако паднат и скршат некоја коска, кој ќе плаќа за лечење.
    Чекале да ги примат на итна со саати во дел со завеси поделен. Никако не доаѓал доктор да ги прегледа. Кај чекале, на крај на сметката за лечењето додадени саатите што седеле во болницата дур чекале...
    Тие врвните не се за средна и ниска класа, туку само за оние што можат да си дозволат. Другите нека цркнат.
    И да ние одиме натаму кон тој капитализам, за жал.

    А сите вие што мислите дека е колонизација подобра чавка мозокот ви го испила. Сериозно мислам дека само психички пореметен човек би сакал да биде колонизиран. Некој што е мазохист или некој психопат со садистички пориви, што едвам чека да соработува со колонизаторот за да ги мачи своите. Многу омраза потисната, во секој случај.

    Колонизацијата значи да те цедат за ресурси, а ти да не видиш ништо од нив. Не е за твое добро, туку за нивно.
    Изгледа историја кога се учело, сте спиеле на часови.
    Земјите кои излегоа од колонизација уште не можат да си ги соберат своите непроценливи артефакти и богатства од колонизаторите.

    Уствари, многу очекувано размислување од некој што мисли дека е супер дата центри да се направат во земјава. Логично.
     
    На LadyD, M&M, eliesaab и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    45.245
    Пол:
    Женски
    Не можам да имам емпатија за луѓе што кукаат за некој здравствен проблем што го имаат со години додека не обрнуваат ни 2% внимание на исхраната.
    Не може да живееш на шеќери и процесирана храна и да очекуваш да си здрав ко дрен.
    Не може толку да не сакаш со прст да мрднеш да подобриш нешто во навиките што те носат до пропаст.
    Битно за жалопојки први да се.
     
    На Oxymoron, theowndemon, Buttermilk и 12 други им се допаѓа ова.
  8. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.583
    Допаѓања:
    11.183
    Пол:
    Машки
    Колку е мизерна оваа држава, толку е мизерна и реалноста во која живее обичниот човек.
    Гревота е бе човек да работи за 30.000 денари плата и секој месец да му ја мисли дали ќе му стигнат парите до крајот на месецот за најосновното како леб и сметки, а не пак за нешто друго, да поправи нешто дома, да смени мебел, да реновира или да купи посалам телефон, тоа веќе станува луксуз.

    А во истата држава имаме луѓе шо ја цицаат државата од сите страни со високи плати, бенефиции и згора на тоа и службени телефони итоа па и сметките им ги плаќа државата за телефон и интернет, коли, патувања, шетања, одмори а не придонесуваат ништо, ниту се продуктивни ниту ништо а јадат и уживаат, итоа ова сето тоа на товар на народот. И на истите тие и пак им е скапо се, а чекај, шо да речи работникот дали му е ефтино? И кога треба да се штеди во државниот буџет, се штеди на оној што едвај преживува, мислам?

    Му кратат на земјоделецот и работникот, луѓето шо произведуваат храна, шо работат и преку ден и ноќе на нива, фабрики, конфекции, шо создаваат и ја движат економијата. Од нив се бара да стегаат ремен, за други да живеат комотно.
    И не, системот не се само тие "големите“ горе. Системот е секој, сите шо ја цицаат државата, секој шо молчи, секој шо гледа неправда и вели "па не е моја работа па да му ја мислам ја“, секој шо гледа како некој се богати на туѓ грб и го оправдува со снајди се. Не можеме постојано да бараме виновник само горе, а долу да се правиме дека само муви летаат.

    А човек шо работи цел месец и не знае дали ќе има доволно за леб до први, додека некој друг ужива привилегии платени од неговите пари, тогаш нешто сериозно не е во ред, зошто рибата не смрди само од главата по се изгледа. И со право си заминуваат сите, после зошто си оделе, епа си одат.

    Една држава не се мери само по тоа колку има богати луѓе, туку по тоа како живее обичниот човек :)
     
    Последна измена: 5 септември 2026 во 15:57
    На Oxymoron, christinnn, Miss666 и 10 други им се допаѓа ова.
  9. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.290
    Допаѓања:
    42.646
    Пол:
    Женски
    @quattro граѓаните се задолжени до гуша со брзи кредити, посебно младите.
    Дел од нив затоа што тие пари навистина им се потребни, другите поради курч, за жал вторите се почести.
    И уште не можам да ја разберам потребата од кукање како се нема пари а истите утре на сите продолжени викенди се во Грчка или Охрид, нов ајфон ( голем хејтер на ајфон сум) би си ги пружила нозете колку ми е долга чергата наместо да земам за курч па да се кријам подоцна кога ќе ме бараат да исплатам.
    Се согласувам дека земјоделците се највеќе оштетени, во иднина ќе дојде време секој за себе да си посадува овошје и зеленчук па ќе се чудиме зошто е се скапо.
    Со тие 30.000 не знаеш дали најпрвин да платиш сметки, храна, облека за себе или за деца доколку имаш или да средиш некоја дупка во станот или куќата.
     
    На LadyD, M&M, Buttermilk и 6 други им се допаѓа ова.
  10. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.583
    Допаѓања:
    11.183
    Пол:
    Машки
    Реално е така.
    Оваа држава е за некого маќеа за некого мајка, е така.
    Паднавме на дискусија, и кажуваат на државно биле, плата висока, телефон службен, па замисли дури и СМЕТКАТА за телефон и интернет од операторот државата им ја плаќала, ејјјј.

    И овие истиве пак ќе мрчат дека се им е скапо, лебот им е скап, а чекај, овие шо рмбаат како црнци тие шо да речат?? А да не правиме муабет за земјоделците, се зафркаваат со нив како деца да се, земјоделските производи за 9, 18 и 25 денари им ги земаат.
     
    На Buttermilk, Cosmic Girl, bicycle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.290
    Допаѓања:
    42.646
    Пол:
    Женски
    Истиве овие галамат и пљукаат зошто некој решил да ја напушти државата.
    Се почесто и почесто заминуваат и во идна ќе е така.
     
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.487
    Допаѓања:
    85.245
    Пол:
    Женски
    И да акаш по плажи не било лесно.
     
    На Peperutce6, lovely91 и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  13. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    10.913
    Пол:
    Женски
    Побарала на фејсбук совет дали може да се абортира плод во 8ми месец, поради несогласувања во бракот.

    Тоа не е плод, тоа е бебе веќе, оформено. Колку и да не сум против опцијата за абортус, иако одвратно ми е некоја повеќекратно да абортира затоа што не знаат куртони да користат, ова ме шокираше. Не знам кој здрав во паметот доктор би се нафатил, според мене ова би било класично убиство. Роди го, дај го на некој што ќе го сака, не знам во каква состојба е, но бебиња во осмиот месец редовно се раѓаат и живеат здрав и квалитетен живот. Се потресов искрено и се шокирав.
     
    На M&M, Miss666, bicycle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.352
    Допаѓања:
    4.441
    Деменцијата нема врска со возраста, туку со други фактори како генетика. За Трамп нема докази дека има деменција, без разлика дали некому се допаѓа неговата политика и стил или не.
    Се очекува од престедателот на САД да биде искусен, некои тоа го поврзуваат со староста, секако не мора да значи.
     
  15. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    4.132
    Допаѓања:
    52.679
    Колку треба да ти биде мизерен животот да оценуваш филмови и цртани за деца со еден и два, особено оние кои очигледно не заслужуваат испод седмица?

    Еве сеа го глеав новиов со Којотот и баш беше супер, седум накај осум и неои гревови кои го дркаат на топ 100 Imbd и не виделе подалеку од Кум и Фајт клаб турале единици...

    Уствари, тоа и ми е едно непопуларно мислење, али овие листи се полни со чисто машки филмови, каде увек мажот е жртвата, небитно дали е добар или лош човек, и у глобала се пола инјале само обични мех причи а има илјада поарни филмови што не ни рангираат оти на дотичниве им е испод муда да ги гледаат... А па да не праиме муабет за серии, колку хејт јаде Фуриос од инсели и дркажии на инцестоидни порничи кои врвот на емоционалната интелигенција го доживеале у седмо одделение коа умрела баба им или некоја курва им акнала корпа. Мех.
     
    На M&M и Angie1432 им се допаѓа ова.
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.352
    Допаѓања:
    4.441
    Не знам возачите на скопските јавните автобуси дали се светат за нешто или едноставно ги мрзи кога не застануваат на постојка иако има и по неколку патници... или кога неколку пати на патници дословно во текот на истата линија им затвораат врата пред нос. Не гледам дека имало ефект пријавувањето до надлежните.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    4.132
    Допаѓања:
    52.679
    Дали треба да ни биде жал за обезбедувањето на Братучедот оти му го дудлал со се јаца, па на крај ни фала не добил?! Па уште и кај Ландов нижи патетики.

    Коа се курчеше ко и СО криминалец, арно му беше. Биди муж бе лигуш, ако јадеш гомна јади ги до крај.

    Плачел коа го апселе, да ти се плукнам у гревот. У нашава држава сите сакаат да се ебат, а никој нејќе да му влезе. Особено мафијашиве у наводници.
     
    На M&M, GirlLove и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  18. Mrs. right

    Mrs. right Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    5.178
    Допаѓања:
    21.616
    Ме нервирате коа се курчите со мочаниот ејај |(

    Поим од животот си немате, 2 чисти немате каква е позадината :)

    Све понеписмени и поголеми штеточини стануваме :)
     
    На GirlLove, Cosmic Girl, MiloMalo и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.537
    Допаѓања:
    10.157
    Пол:
    Женски
    Тоа е затоа што се во denial дека шеќерот е проблемот.
    Прво со редовно јадење шеќер и пиење газирани пијалаци се создава зависност и те тера да конзумираш пак и пак. Треба да се одвикнат од зависноста, а тоа е многу тешко.
    Второ се потценува неговата штетност.
    Ако праша некој што е поштетно алкохол или газиран пијалак ќе ти рече алкохол заради опојното дејство на алкохолот. Ама и едното и другото кога се метаболизираат во телото и кога црниот дроб се обидува да ги процесира се добива ист продукт.
    Исто се штетни.
    И од често и големо конзумирање шеќер се добива замастен црн дроб (се оштетува и тој и панкреасот), покачени триглицериди, когнитивно опаѓање, масни наслаги (од тие најштетните оние околу половината), воспалителни процеси во телото, нарушена микрофлора во цревата и се убрзува процесот на стареење.

    Никој не го сфаќа сериозно шеќерот, се повеќе се натура на потрошувачите, како никогаш претходно во човечката историја.
    Алкохол се цензурира на ТВ ама пола реклами на ТВ се за слатки и др. кондиторски производи. Во маркет се е полно процесирана храна. Шеќер има во солената храна, во кечап, салами..
    Алкохол после 18 или 21 година, ама шеќер уште пред 1 година.

    Замените за шеќер се уште полоши за организмот и црниот дроб. Да не се лажете со калории. Ако не сакаш калории пиј вода.

    Јас една недела сум без шеќер и пржена храна. Нула грицки, слаткиши, чоколади, сокови. Ако сакам благо земам некое овошје.
    Стомакот одма почна да ми спласнува.
    Исто и отоците по нозете.
    И пари помалку трошам :D
     
    На Julianne89, јolene, bicycle и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.537
    Допаѓања:
    10.157
    Пол:
    Женски
    Еднаш еден возач рече дека затвара врата на луѓе со торби. Буквално пред нос им затвараше. Не било дозволено со торби рече?! А неќни се напикаа една група туристи, натоварени ко магариња со огромни ранци на грбот и на градите. Ама тие беа ок ако одземаа цел слободен простор.
    И возат како психопати, брзаат па кочат нагло, те сецкаат. Ладат кај себе, а позади патниците се варат. Нема прозори, нема клима. Топлотен шок!
    Возење во автобус стана тешка мизерија, да се плашиш дали ќе преживееш.
    Уште кога ќе влезат за контрола ми иде да им речам дека треба они да ни платат за малтретирањето.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.