Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    14.175
    Пол:
    Женски
    Сакате да се заразите со некоја песна? :D Или уште подобро, сакате да престанат да ви се мотаат стиховите од Зорица Брунцлиќ - Не могу да те не волим, не волим! И да без тебе жииивим, јер ти ме путем снаа, носиш ко Кошаава. :rofl: Ама знаете колку е глупаво кога некоја песна ви се врти во глава, ЦЕЛА НЕДЕЛА? ]:)
    Е па оваа е таа песна, што барем малку ќе ве оттргне од другата песна. :D
    Иначе кога ја пеам, се осеќам ко Дедо Мраз. :D

    Ги чекам рекламите со Кока-кола, КАЈ СЕ?
     
    На Monna.Monna, Ivy89, Dream-Girl и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.196
    Допаѓања:
    23.274
    Пол:
    Женски
    Мразам кога навечер не можам да спијам, а како што викат дека ноќта била за спиење..
    Мразам кога ми се враќат сеќавања, што јас неќам ни да ги помислам..
    Мразам и кога сепак длабоко во мене имам убаво чувство за нив..
    Мразам да го имам то чувство, мразаммм,,
    Кај и да е ќе се раздени, и кокошките ќе почнат да ечат, и птиците ќе си го барат својот пат, луѓето ќе заминат на работа, а јас абер немам за спиење...
    Ми се оди негде на некое високо место и да се изнавриштам и се она шо е проклето во мене нека си замини од мене еднаш, засекогаш...

    Отивам някъде, където няма
    мои, твои, други закони лајккккк (y)


    Имајте добра ноќ, мојата веќе замина :yawn:
     
    На Mahidevranfan, cheetah.girl, bittersweet и 2 други им се допаѓа ова.
  3. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.618
    Пол:
    Женски
    Вечерва гледав "Твоје лице звучи познато" и нели настапуваше и Елена Ристевска како Џеј Ло со песната "Booty" И навистина ми се иде сите од ред да ги прашам од жири до водители , до цела продукција и сите сајтови кои коментираат како растурила , кажете ми бре луѓе сте го гледале ли спотот ? Па тоа што ЏЕЈ ЛО го прави со задникот таму е уметност ! Исто како што и нејзиниот задник го сметам за уметност .

    И ве молам немојте секое никакво тресење со газ да го споредувате со тверкање , зашто за тоа треба и техника и стас и газ ! И сирота као се срамела , па неа и било незгодно а од што беше возбудена ќе се помочкаше и едно 100 пати стана и па се затресе одново . Мислам тоа што она го правеше беше трагикомично и да и мене би ми било срам на нејзино место да "тверкам" како неа ако уопште може да се нарече така... И не, не хејтам , напротив мислам дека минатата епизода беше една од подобрите.

    Среќна случајност , кој не знае што е тверкање може слободно да ја погледне девојката од видеото постирано над мојот пост , што се држи за вратата од автомобилот :rofl:
     
    На simoncelicius, anuskaNESTLE, 1209 и 13 други им се допаѓа ова.
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.907
    Допаѓања:
    102.609
    Пол:
    Женски
    Колку сум постара имам се помалку време за лоши филмови,лоши неквалитетни дружби,лоши луѓе.Од една страна се осамуваш и живееш во некој свој свет зашто немаш ниту промил енергија за цицачи на енергија и слични видови на вампири.Никогаш не верувавав дека ќе станам таква и животот на тој начин ќе ми тече.
    Така е кога ќе земете метла и ќе сметете се што не чини од животот.
    Само од метењето се дига прашина која гуши и секогаш ќе ти го гребе грлото и ќе ти ги солзи очите.
     
    На 1209, SparkyAngel, Mahidevranfan и 18 други им се допаѓа ова.
  5. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    6.149
    Пол:
    Женски
    Добра вест за моите дома, а лоша за сообраќајот во Македонија-Положив полигон
    По мојот вчерашен пост
    Отидов на додатни часови,вежбав уште 3 саата на полигон и испадна дека и не сум лош шофер само плашлив (што е врти сукај исто).
    И затоа си останувам на она од вчера - Ќе си имам личен шофер (јер министерките не возат).
    [​IMG]
     
    На Mahidevranfan, Dream-Girl, Butterfly-Girl и 8 други им се допаѓа ова.
  6. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Почнуваат да ме гризат забите на психата повторно.Ама овојпат ќе ме изедат.Лежам во своите неостварени соништа,ја живеам агонијата и викам без глас.
    Се чувствувам како да се борам за својот живот во својот сопствен гроб.Матен ми е видикот,матни ми се и чувствата.Помешани.Горчина,очај.
    Ако некогаш се пронајдам себеси,нека ме пуштат да се одморам,лежејќи во борова шума,потполнно сама.На место кадешто ниеден дожд не може да ја допре мојата надеж,
    Каприци на судбината.
    Ако е сон,не ме будете.Ако е само желба,никогаш повеќе не ме будете,
    Не сум веќе sweet.Ниту пак child.
    Вистинското прашање е: во што се претворив?
     
    На Mahidevranfan, Chicken.che, Anabelle.Amorette и 2 други им се допаѓа ова.
  7. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.036
    Допаѓања:
    36.228
    Пол:
    Женски
    Движејќи се низ толпата во есенското сивило, задлабочена некаде во мислите, пред мене забележав две деца.Опуштено и безгрижно ги одминуваа минутите на гратското тло и започнаа погласен разговор за некои спортски активности.Со вооодушевеност и елан разменуваа зборови за нивните фудбалски подвизи.
    Едното од нив во раката држеше бонбони Бони топ.Тоа се оние ретро-пакувања со чоколаден вкус прелиени во различни бои кои одамна не сум ги забележала во продажба.Во таа еуфорична "навивачка" атмосфера го послужи неговиот другар кој му возврати со гест на благодарност.Ја стави бонбоната во уста без дополнителни прашања.
    Децата шлапкаа со усните, лижејќи ги бонбончињата со голема сласт.
    Циркулирав по инерција.За миг се оттргнав од денешното лудило.Ме обзема детското чувство, ми се разнежнија мислите и посакав да сум на нивна возраст.
    Се вратив во годините кога живееја детските јунаци и се беше убаво, разнобојно и достижно.
    Потонав во слатките страници на Зоки Поки и неговата другарка Лидија.Толку беа вкусни шарените бонбони што таа не можеше да им одолее, па посака да ги изгриза.
    Чекорев со слаткиот вкус што го голтаа кога две шарени бонбони беа вредни колку целиот свет.
     
    На SparkyAngel, EMoonlight, sanjaeva и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.201
    Пол:
    Женски
    Знаете како да си ги направите убави понеделниците?
    Уште кога ќе станете нема да почнувате со истите реченици:
    „Леле, како страшило сум.“, „Леле, косата“, „Ми се спие“... :drunk:
    Наместо тоа пејте. :) Лесно и едноставно. Не мислете, не зборувајте, пејте. :music: И тоа не некоја балада за лав енд шит, туку некое весело, „кечи“ песниче. Или во краен случај, Зорица Брунслиќ, ако не друго, од самата помисла ќе се изнасмеете. :rofl:

    Ќе видите дека уште од старт ќе ви биде повесел денот, и ете ви рецепт за како да бидете среќни и весели во понеделник, покрај сите други полузаспани. Верувајте, ќе добиете сто и еден поглед накриво, ама што ви чуе? (mooning)

    А да, на моето братучедче денес му пораснало првото запче :angel: А како вчера да беше кога се роди. :inlove:

     
    На Mahidevranfan, eliesaab, Butterfly-Girl и 12 други им се допаѓа ова.
  9. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Сдк и деца читаат но простете да ви простат кога ќе дојдете на овие години.Ко многу да се:angel:
    Јас арна подобра од затнато вчера.Денес се фатив за сукалката и по желба на госпоѓаТерминатор
    (Мајка ми) им исукав зелници, мазници и за малово пицеринки.
    Ја гледам карпа жена бре:)и од нигде никаде ми текна и си ја прашав.
    Епа за мене нема табу тема. Старо, ја правите онаа работа уште со староно?
    Кој се жали од свекрва срам да му е, терминаторов со сукалото ме бркаше и сукалото од газ ќе ми го искршеше да можеше:D Што мор само си прашувам му велам јас(lalala)срамота било:^)
    Е срамота ама здрава работа:) ти ко невина на шеесет и некоја:^)
    Дедо Боге и на осумдесет кога ќе го прашаа што правиш дедо велеше душа сака људи не верују:lol:
    И така, терминаторов ја смажа тепасијата и на мм му се пожали дека дома ќе си оди и старото ќе си го води :D:wasntme:
     
    На 1209, Mahidevranfan, cresa-jagoda и 14 други им се допаѓа ова.
  10. Sedmica

    Sedmica Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    149
    Никогаш не го лажи оној кој ти верува.
    Никогаш не го верувај оној кој те излажал.
     
    На Mahidevranfan му/ѝ се допаѓа ова.
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.807
    Пол:
    Женски
    Е така драги мои садови. Се надевам сега сте задоволни во својот сјај. А колку фино бевте “нашминкани“... ќе ме барате пак. :D
     
    На luci22, eliesaab, Dream-Girl и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Tumblr.123

    Tumblr.123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2014
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    421
    Пол:
    Женски
    Aма сум била глупа пред една недела.. сега се свестувам шо сум правела и каква катастрофа ќе направев ако го слушам умот шо го немам наместо срцето шо го имам:)
     
    На luci22 и Sedmica им се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.131
    Пол:
    Женски
    (mooning)
     
    На Adi888, JustFun и Tumblr.123 им се допаѓа ова.
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.614
    Допаѓања:
    290.442
    Да споделам една статија од секојдневието.
    Последниве неколку недели активно следам приказна за едно мало детенце со срцева мана од Турција.
    После успешно собраните донации фамилијата се упатила во Германија каде детенцето требало да добие ново срце.
    Ноќта пред трансплатацијата детето доживеало инфракт и дошло до оштетување на мозокот. Медицинскиот тим децидно одбил да му даде здраво срценце на детето и го симнале од листата на чекање само часови пред почетокот на предходно закажаната операција.
    Фамилијата се влечеше по судови но одлуката остана непроменета. Пациенти кои имаат доживеано оштетувања на други органи, освен оној кој треба да биде трансплантиран, и кои подлежат на потешки заболувања имаат мали шанси за преживување.
    Родителите изјавуваат дека докторите им ја скратиле шансата за живот на детето.
    А докторите дека животот ќе биде даден таму каде што има поголема веројатност да биде долгорочно искористен. Се знае колку е минимален бројот на детски срциња кои се на располагање да бидат искористени како донори а листата колку е долга.
    Ова срценце ќе оди кај друго детенце.
    Детенце без додатни оштетувања од кои дури ги изгубило говорот и останало парализирано.

    Колку сурово, болно и реално.
     
    На Mahidevranfan, Mishela, eliesaab и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Tumblr.123

    Tumblr.123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2014
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    421
    Пол:
    Женски
    aaa.PNG aa ново знакче:)
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  16. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.787
    Допаѓања:
    6.716
    Пол:
    Женски
    1 year with femina ^_^:^::beer:
     
    На Mahidevranfan, eliesaab, Dream-Girl и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Jovananana

    Jovananana Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2014
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    166
    Пол:
    Женски
    Почнува сезоната на гушкање,новогодишни реклами за кока кола,слави,семејни собиранки,радост,радост и радост ^_^ И како да не бидам среќна?
    Отсекогаш зимата ми била омилена и периодот пред и после нова година ми бил најубав. Знам дека сеуште е ноември,ама веднаш штом залади во мене се јавува празничниот дух. :D
     
    На Mahidevranfan, luci22, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  18. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.868
    Пол:
    Женски
    Интересно е како љубовта многу лесно може да премине во омраза, (јас не мразам, само љубовта полека ми избледува до момент кога целосно ќе го заборавам човек... абе исто како да починал! )

    Пример секогаш бившиот дечко ни е крив за прекинот на врската, секогаш тој е олошот, секогаш тој не е во право... Додека сме со истиот во врска се ни е ок, се ни е фино, а откако ќе се разделиме ... Тој е ваков, онаков, птаков, кретен, идиот ..просто ни се лоши:envy: од него..
    Сето тоа е само за да си олесниме на самите себе си и да си ја намалиме онаа болка која некој ни ја зададол со тоа што си го подигнуваме нашето его повисоко од нечие друго.
    Girls are always right!
    Луѓе сме , шта чеш ....:headbang:
     
  19. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.778
    Пол:
    Женски
    Секојдневна ситуација: некој ти бара итно да позајмиш нешто, позајмуваш без збор ама со напомена дека и тебе ќе ти треба, и добиваш одма ветување „нема проблем, утре ќе ти го вратам“. Минуваат и утре, и задутре со „лелеее извини, заборавив“, „утре обавезно“...
    Или пак кога се договараш за некоја работа, го прашуваш дали е слободен - „даа, нема проблем - само потсети ме“, и одеднаш му излегува некоја обврска, нареден ден заборавање, и така те влечка една добра недела.
    И клучниот момент - после неколку дена кога ќе помислиш колку пати си ја потсетила дотичната персона за некоја од горенаведените ситуации, си ствараш слика за себе како најдосадна особа на светов, и на крај тебе ти станува срам веќе да зборуваш за тоа, иако станува збор за нешто што ти ветиле, или враќање на нешто твое. Познат осечај? 8-|

    Значи за секоја своја обврска можам да одлагам кога ќе ме фати мрза, да заборавам нешто кога ми е шашав ден - но кога се работи за нешто што сум се договорила со некој, не може да ми излезе од тоа внатрешниот организатор у глава. Или пак, една обична слободна литература да позајмам и тоа со напомена дека на сопственикот веќе му е прочитана, не бе, пак како некое непишано правило ми е, и ја читам најбрзо што може.
    А не станува па да заборавам дека имам нешто туѓо, позајмено дома. До мене ли е, шознам... значи стварно не можам да разберам вакви луѓе, не можам да им најдам НЗС и не мо-жам!
    Неодговорност, неодговорност еverywhere... |-)

    [​IMG]
     
    На 1209, SparkyAngel, Mahidevranfan и 14 други им се допаѓа ова.
  20. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.853
    Допаѓања:
    15.446
    Утре ми е роденден :wasntme: ќе бидам постара за една година :D ти благодарам мамо што ме донесе на овој свет ( иако сега си во рајот сакам да ти се заблагодарам) за се што направи за мене што успеа да направиш човек од мене што ми ја пружи сета љубов и радост на овој свет. Сега си далеку од мене и се надевам дека ме гледаш и дека се гордееш со мене те сакам најмногу :)
     
    На EMoonlight, Mahidevranfan, eliesaab и 13 други им се допаѓа ова.