Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    7.435
    Допаѓања:
    18.663
    Леле, леле. Драми.

    Јас само кажав дека има и такви трки.
    Некој спомна.

    Нека сменат рута ете нека биде малку понанадвор од градов.
    По другите населби.
     
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.580
    Допаѓања:
    30.126
    Пол:
    Женски
    И кај нас има треил трки: Ростуше, Љуботен, Водно-Матка, Галичник, Галичица, Струмина, Момата рок, Пештани итн, да не продужувам.
    Ама улична трка е улична трка, различни спортови се. Ни резултатите не се бодуваат исто
     
    На MeowMeow, Unknown_7, christinnn и 5 други им се допаѓа ова.
  3. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    7.435
    Допаѓања:
    18.663
    Ете тоа не сум знаела.
    Супер. Браво. Еее ова ме бендиса.
    Фала Богу не е исто и различни поени се

    А што прајме за организацијата?
    Дали на Скопски маратон е ист со онаа на Берлинскиот?

    Пошто се рамниме со европски трки.
     
  4. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.652
    Допаѓања:
    11.327
    Пол:
    Машки
    Tour de France се одржува баш на улиците во Париз и Барселона. Париз е светска метропола со 2 милиони, поголем од Македонија, и замисли никој не се пожалил :)

    Формула 1 трката исто така на улиците во Монако. Замисли, не само да трчаат луѓе, да имаше галама, ќе требаше да се преселат некаде само да не прават гужва и галама?

    Па настаните се одржуваат онаму каде што се и луѓето за да предизвикаат внимание и интерест, во планина сигурно нема да го интересира некого дали има маратон или не.
     
    На bookslover, Buttermilk, Manako2 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.799
    Допаѓања:
    35.461
    Пол:
    Женски
    Некни во гевгелиска група кукаа зошто комуналците го собирале ѓубрето во тоа и тоа време.

    Нема погодија на овој народ :rofl:
     
    На M&M, Burevesnik, Medea. и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    4.117
    Допаѓања:
    15.750
    Пол:
    Машки
    Не ми се верува дека сѐ уште, после толку години постоење на скопскиот маратон, се коментира за блокирањето на улиците.

    Не ми треба научен труд, или филозофија како било во Европа или пошироко. Затворени се 2-3 улици, неколку часа во денот! Истите може многу лесно да се заобиколат.

    Ако немате друга работа, барем одморете една недела во годината до подоцна…
     
    На M&M, KiT, bookslover и 5 други им се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    15.220
    Допаѓања:
    186.442
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека ние сме одговорни за нашето однесување. Ако некој не провоцира, да, е морон и тој некој е одговорен за своето однесување. Ама, нашата реакција на та провокација збора за нас зошто ние сме одговорни за нашето однесување. Нема смисла да браниме некој кој пример се впушта во насилство (вербално, физичко) само зошто бил испровоциран. Место да имаме 1 ѓубре во конфликтот, со реакцијата имаме 2 ѓубриња.
     
    На M&M, Bitter-Sweet, MissChievous и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.680
    Допаѓања:
    47.381
    Пол:
    Женски
    Не ја разбирам твојата поделба - не е најтежок потфат на светот. Да, трчање е спорт кој може да го почне секој кој има добро физичко здравје, ама како напредуваш станува потешко, логично. Да истрчаш и 5, 10 км со добар пејс си бара подготовка, не па да трчаш полу или фул маратон. Да, попопуларно е за разлика од порано, ама тоа не ја олеснува психофизичката подготвеност да истрчаш толку километри. Ќе беше неимпресивно ако можеше да го направи секој рандом човек без многу замарање.
     
    На Munchmallow20 и theowndemon им се допаѓа ова.
  9. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    7.435
    Допаѓања:
    18.663
    Ај сеа.
    Не може да биде иста организацијата за Скопски да ја споредиш со Ф1.

    Хелоууу! :D

    Па, тој што сака планини ќе го интересира.
     
    На ladyineon му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    4.173
    Допаѓања:
    53.325
    Од толку што не ти е гајле, ја отече еве втор ден за маратонов. Ај иди до Водно, ти пуштија автобус не смарај веќе.

    Ај добро утро.
     
    На M&M, Mumoftwo30, christinnn и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.580
    Допаѓања:
    30.126
    Пол:
    Женски
    Ама што е битна организацијата таму и тука?
    Блокирани се улиците и таму и тука. Тоа ти смета тебе така
     
  12. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    8.483
    Пол:
    Женски
    Мене живо ме интересира мисловниот процес кој те донесе до заклучок дека маратонот, кој се одржува повеќе од 20 години и на кој учествуваат илјадници секоја година, треба да се премести во некоја вукојебина, за да замисли ти можеш да се качиш на 25ка до Средно Водно?

    Како? Како некој може да влезе во таков филм дека светот се врти околу него???
     
    На M&M, Mumoftwo30, MeowMeow и 7 други им се допаѓа ова.
  13. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    7.435
    Допаѓања:
    18.663
    Вчера за вчера.
    Денес за денес.

    Шо сакам ќе прам. :D
     
  14. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.688
    Допаѓања:
    64.955
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:

    Не било импресивно трчање на асфалт. Обично игнорирам вакви коментари, ама ајде да ви објаснам малце.

    Трчање на асфалт и треил трчање се сосема различни дисциплини, во кои заедничко нешто е само тоа што се трча. Тотално поразличен терен, тотално поразлични стратегии и тотално поразличен тренинг.

    Во треил трчањето има едни предизвици, во роад сосема други. Пробајте да видите како е на тврда површина да држите одредено темпо, без пауза, на пат каде нема спустови, со тренинзи на пеколно време, во услови каде може да се погоди надвор да е 30 степени.

    Излезете, пробајте да истрчате бар 5К, па после вратете се и кажете како ќе поминете, дали ќе ви е прелесно.

    Знаете ли колку се 42 километри на такви услови? За нивото на шеќер, за трупање на млечна киселина, за грчеви и одредени слаби точки и кондиционирање за да не ти откажат нозете нема ни да зборам, виша математика ви е тоа.

    А тоа дека градот бил затворен на неколку саати... Ќе преживеете дечки, големи сте. Нема да умрете ако едно претпладне друга рута за движење си најдете.

    А да.
    Еве ви една неимпресивна медаља за полу, парче метал за кој се спремам цела година, пошто нели прелесно е.

    IMG_20261004_134321.jpg
     
    На M&M, simonka93, Waverly Raven и 19 други им се допаѓа ова.
  15. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.925
    Допаѓања:
    27.746
    Луѓе шо нишо посебно не напраиле у животот се демек најнеимпресирани од туѓите постигнувања. Можеле и они, ама не напраиле зошто 1. имале друга работа, 2. немале време, 3. на друго сакале да си го трошат времето, 4. не се замарале за тоа, 5. не било предизвик за нив, 6. ги болело глава, 7. 8. 50, 100. 500. 473810183..... Секој може да биде Кандински ако сака. Ама не сака. Не за друго.
     
    На Mumoftwo30, MeowMeow, sweet-cherry и 5 други им се допаѓа ова.
  16. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.417
    Допаѓања:
    41.647
    Пол:
    Женски
    Јас да земам да трчам треба некој да ме брка, тоа е факт. Немам желба.
    Ама вчера ко ги гледав трчачите така ми беше милно на душата. Улиците биле затворени, абе големото чудо.
    Само да се мрчело. Не знам колку статуси се изначитав од вчера, ко да нема улици по Скопјево кај шо можеш да свртиш и пак да стигнеш кај шо ти е целта.
    Шо не мрчите кога затвараат улици за да помине некојси , не даваат ни пешки да поминам по Водњанска детето да си го земам од градинка. Ама трчачиииите се проблемот.
    Пресмешно.
     
    На M&M, Waverly Raven, Mumoftwo30 и 16 други им се допаѓа ова.
  17. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.346
    Допаѓања:
    71.148
    Да беше олку гласен критичар народов за сѐ останато во државава, колку што е за маратонов, ќе беше нешто и од нас како држава :puke:
     
    На Amellie13, Waverly Raven, Mumoftwo30 и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Nina.mina.lina

    Nina.mina.lina Нов член

    Се зачлени на:
    24 септември 2026
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Вчера гледав Македонски стари народни приказни...носталгија
     
    На L.i.n.a.a, anggell, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.580
    Допаѓања:
    30.126
    Пол:
    Женски
    Јас годинава си заработив мал милион повреди, па многу пати почнував од почеток. И летово, пред 2 месеци викам еј топ сум ќе растурам на полу. Е виткам ногата, една недела не трчам, оток имав со модрица. Поминуваат 7 дена, таман да се вратам, на трчање, пошто иде Скопски, рече Господ чекај чедо божјо, уште стомачниот вирус и ќе трчаш. Ме цеди на максимум у 3 дена и ајде пак не вежбај и после цуп цуп 3 км не можев на прво трчање после хаосов. У две недели отиде све у курац. Па бев на обука у странство и немав кога да трчам.
    И се вратив и ајде викам за помалку од месец колку спремам толку.
    Минатава недела поставив пб на Илинден ран, а вчера се борев со еднава нога што отиде капУт уште на 7ми км. На 19ти правам кратка пауза со одење зашто факинг болеше. Собрав последни сили и истрчав резултат скоро ист како лани. Со повреди и сите срања. А со кондиција бев далеку подобра ама толку дозволија нозете.
    Еве денес сум топ, болат нозете нормално ама функционирам.
    Си викам ја сум била ѕвер бе.

    Не сте плачеле ко почетници од болки у потколеници оти коските не ви се навикнати на механички стрес, ама пак продужувате.
    И не, НЕ Е просечно, секојдневно, нормално или како сакате кажете да истрчате 5 км за пола саат или 10 км за саат без тренинг, без ништо, онака да ти прдне само
     
    На Mumoftwo30, MeowMeow, Unknown_7 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.614
    Допаѓања:
    18.759
    Сè убаво ама таа мајката што трчала туркајќи го бебето во количка напред... што таа всушност сака да покаже? До толку ли нема на кој да го остави додека она истрча 5км? :?:

    Може си мислело кутрото, "кој и зошто не брка па мама мора да бега." :D
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.