Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    15.222
    Допаѓања:
    186.488
    Пол:
    Женски
    Ама ти си имаш пауза и користење на та пауза не смеј да навреди некој друг зошто си е твоја за користење. Ако некој се навреди од то, тој некој има проблем. Ако ти чекаш на секој да удоволиш, а луѓе идат постојано - никогаш нема да си ја земиш та пауза, или барем не цела. Јас со години се влечам во corporate свет и зошто мојата пауза од 30-60 минути да е поважна од паузата на доктор или некој друг работник со луѓе, ама особено здраствен работник? Нема смисла. Сем ако стварно не е итна ситуација, се друго можи да чека.

    Јас сум пациент 2+ години, одење во болница ми е еднакво на чекање. Нит се нервирам, нит се напнувам, нит се карам. Поќето го прат то и не разбирам зошто буквално сами си креират стрес и нерви. Дури и странство се чека, а особено за не итни работи.
    Сум била итен пациент, сум била и не итен додека имало итен пациент. Во прва ситуација пак имало некој да се излајнари зошто доктор излезе да ме земи (онкологија, да примам еден синтентски лек за кревање леукоцити зошто треба минимално да си во контакт со луѓе оти ако закачиш нешто RIP немаш одбранбен механизам), а и сум била на клиника и на онкологија чекач кога имало итен пациент. И таман работа да се налутам дека прими доктор некој пред мене шо едвај на нозе седи. Или дека се качи на одделение зошто некој имал некаква реакција од нејзините пациенти па морам да чекам сат-два нахнадно. Буквално луѓе сме и да на сите ни е лошо, ама ако на некој му е полошо зошто не остајте да помини на ред побрзо? Ако некогаш некој со приоритет поминал пред мојот редовен термин, можи не е со врски, можи сестрата гледа наодот и носи одлука дека ова е поитно од мојот редовен термин, или ако двата сме со приоритетен - дека е поприоритетен од мојот приоритетен упат. Има толку многу nuance и сива зона шо е lowkey бедно дека мора ова да се објасни и повика на емпатија за други не само да сме саможивци.
     
    На nextredstyle, Angie1432, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  2. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    18.286
    Пол:
    Женски
    Ми се има случено да седнам да каснам на 5 мин. едно пециво пред да продолжам со работа, не во одредената пауза од 30 мин. зошто тогаш работев, туку многу подоцна од одреденото време, и ја слушнав во чекална сестрата како кажа "почекајте за кратко да јаде докторката", и не, сепак ми влета внатре, само нешто да прашала пред да оди на работа, ако чекала ќе задоцнела, па ме фати инает и си реков дека ако таа нема осет да почека 5 мин. (за да не доцни на работа можела да дојде порано) нема ни јас да имам осет да престанам да џвакам, и така, си јадев и си работев. И да, пред било кој да ми воочи, гледано отстрана и моето во моментот не било културно, свесна сум и се согласувам со тоа, а исто така сум свесна дека во 14ч. заслужувам да каснам едно пециво наместо појадок без да се чувствувам виновно зошто во 8 часа ефективна работа сум зела 5 мин. за себе.
    На крај пак сè се сведува на лично чувство за осет и култура и за тоа колку сите се навикнати на тоа да мора сега и веднаш да бидат услужени и како нема што тие да чекаат, ако не, се знае - ќотекот.

    Disclaimer: да, има безобразни и здравствени работници и пациенти, како и вработени во било која друга сфера зошто на крај сите ја сочинуваме истата целина, нема никој безгрешен, но на сметка на безобразните не треба да плаќаат сите.
     
    На nextredstyle, Biljarkata, eliesaab и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    3.135
    Aј прочитај ми го мислењето уште еднаш.Реков дека најчесто тоа значи дека ефтината облека е направена од пластика. И тоа е точно. Секогаш има исклучоци. Отворив Ernsting's family. Дебелите блузи имаат дури 4% волна инаку полиестер, полиамид. Тенките блузи 50% памук.
    Забелешка : не ги проверив сите, може има исклучоци ама оние модели кои ми се допаднаа, составот ич не ми се допадна. Инаку имаат 30% попуст моментално.

    5 блузи на сезона се 15 блузи за 3 години. Веројатно не ги фрлаш сите секоја сезона. Ако се скине блузата на раб за 1 година тогаш уште еднаш ми ја потврди поентата. Квалитетот е многу опаднат и на материјали и на изработка на облеката.
    Затоа реков и дека порано се изработувала квалитетна облека и изработката била подобра и материјалите биле подобри. И баш од оваа причина е подобро и поздраво да се купува втора рака.
    За децата среќа уште има памучна облека и од H&M и од C&A и од Ernsting's family.
     
    На Biljarkata, eliesaab, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    7.486
    Допаѓања:
    18.735
    А ако е така, зошто го свикаа тој пред мене во др одделение?

    Јас бев закажана пред него 1 месец, па не се бунев.

    Матичната ми даде ПРИОРИТЕТЕН ЗА ВО ДР. ОДДЕЛНИЕ, вчера.

    Пациентот што беше закажан пред мене си заврши работа, и излезе во 10.
    Во 10,на тој термин, не дојде пациентот.

    И сестрата си замина на пауза од 10 и 15 наместо од 10 и 30 и дојде назад во 11 и 05.


    Оти очигледно и се можи.
     
  5. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    3.135
    Оти им се одело во тоалет и се израдувале еве што не дошол пациентот и можеле пред паузата да одат во тоалет. Инаку ќе се врателе во 11 и 20.

    Ти си отишла со приоритететен упат сестрата ти го видела упатот и дијагнозата и заклучила дека можеш да чекаш. На пациентот во преходното одделение може дијагнозата му дала предност пред тебе со термин.
     
    На nextredstyle, Biljarkata, Angie1432 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.590
    Допаѓања:
    30.236
    Пол:
    Женски
    Не само јадење, јас работам лабораториска работа и не може кога ми прдне сред работа да прекинам, некогаш имам точно темпирано кога кој реагенс се става, колку време стои на одредена температура итн и мора да се заврши до крај или до фаза каде може да паузирам оти отиде јабана анализата.
    А последните двапати на гинеколог баш се деси пред мене да пуштам пациентки, ми се чини со болки беа. Сум била итен, не животозагрозувачки, али итен со повредено око отидов на дежурен навечер, не смеев да чекам до сабајле со толкави болки и пред мене влезе човек со карцином рекоа имал. Си почекав, ме болеше ужасно окото ама пак ме примија и завршив.
    Сум рекла многу пати, ќе чекам и ќе пуштам пред мене ако треба.

    Али не толерирам дрзок однос ко пред две недели кога влегувам по резултати, се поздравувам и место прво поздрав или да ме праша кој доктор ме праќа, зошто, какви симптоми имам итн добив на врата уште ЗАШТО ЗА ЏАБЕ СИ СЕ СНИМАЛА???
    И после разбра батето дека ме води доктор, дека имам проблеми што укажуваат дека треба снимка и беше ко аха ок.
    Е тука не ги можам.
     
    На nextredstyle, Medea., Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  7. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    7.486
    Допаѓања:
    18.735
    Да дојдеше кај мене, јас шо работев во кол центар и секакви слуачи ми се јавуваа, требаше да си земам порано пауза 15 мин да му исклучам на пациент?

    Иако имаа некои само за надополнување на апчиња што му требаат за наредна недела, или упат за КТ за наредна недела и ај да си се исклучам и чао. Ѕвони си пак, ќе се јави некој колега.

    И наместо 30 мин пауза да си продолжи на 50?

    Не бе мачиња, немаме систем.
     
  8. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.729
    Допаѓања:
    9.036
    Пол:
    Женски
    @GirlLove работам во здравство каде што немаме пауза, може да цркнеш од глад, може да се умочаш у гаќи. Ако случајно ми текне од нозе да каснам, одма коментари од пациентиве сега ли најде да јадеш? А шефот тоа не го дозволува. Епа и ние здр.работници сме луѓе.
    Што се однесува до приоротетните, не примаме, затоа што на луѓето не им се чекаат редовни термини и земаат приоритетен за се и сешто, ама кај мене не пали тоа пошто знам да проценам кога нешто е хитно. Што се однесува на Клиника, приоритетните чекаат додека да се завршат редовните т.е до кај 14ч. Еден час чекање е ништо, јас како колешка сум чекала и по цел ден, освен нели ако не свртиш некој број што за жал така ни функционира се во државата. Факт е дека приоротетните упати се злоупотребувани и од здр.работници (пред се од матичните што тек така ги издаваат), и од пациентите, па доаѓа до расправии по ходниците оти сме невидено прост народ, општо земено. На запад ова го нема. Така да, ќути си трај си, ни е работава :mm:
     
    На Ugly Duckling, eliesaab и Малечка Малинка им се допаѓа ова.
  9. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    7.486
    Допаѓања:
    18.735
    Па тоа велам, хаос систем е. За сите.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.817
    Допаѓања:
    35.571
    Пол:
    Женски
    Аман бе, 1 саат чекала со итен упат. Големата работа.
    Итен упат е за да те примат итно баш тој ден, без термин.

    Секаде е така, и тука во странство иам чекано 1-2 саата со итен упат. Ама фино лепо ми објаснија дека моето може да почека пошо има други пациенти на кој животот им е во опасност.
    Е и јас се најдов во таква ситуација еднаш, добив алергија, цела се подујав и одма ме примија пошо ситуацијата беше животозагрозувачка .

    1-2 саата не се ништо, бидете среќни шо уопште сте добиле итен упат, а не термин за после 6 месеци.
     
    На Biljarkata, eliesaab, KiT и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.548
    Допаѓања:
    85.588
    Пол:
    Женски
    Во ерата на онлајн трговија, многу просто, несериозно, неодговорно ми е некој да порача нешто и после да се премисли и да не го земе. Да, ќе се врати, ама тука е вложено време и труд. Ако не сте сакале, зошто сте порачале? Тоа е исто како да купиме нешто од продавница и ај после ќе го вратиме, сме се премислиле. Зошто? Се купува кога имаш вистинска потреба од производот, а не да си играш конзумеристички играчки.
     
    На Малечка Малинка и Medea. им се допаѓа ова.
  12. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    3.135
    На македонски зборувам мислам. Пауза за јадење ти е 30 минути. Пауза за до тоалет ти е плус. Она направила пауза откако завршила со пациентот, не го прекинала прегледот. Ако дошол следниот пациент ти исто толку ќе си чекала евентуално малку подолго ако после 30 минути пауза за јадење докторката решила и да оди еве пр. до тоалет. Замисли не е робот и има и она потреби. Плус и ти било кажано дека ќе чекаш.

    Ако треба да се продолжи терапија тој пациент не е итен и може да чека или ако треба да се издаде упат за компјутер/магнет на глава некаква контрола или дијагностика и тој пациент не е итен и може да чека. Итните се наоѓаат на одделенија или во брзата помош и овие добиваат термини побрзо.
    Во овој случај ама ич не си во право!

    Системот треба да функционира така што на хроничните пациенти докторите самите ќе им даваат контролни термини за 6 месеци или година дена. И казни ако не се откаже терминот на време. Во Германија казната ти е најчесто 30 евра.

    @MagsDestiny вака работев и јас се додека не ослабев 10 кг за 3 месеци и сфатив дека можело и пациентите да чекаат и дека и јас сум човек. Со причина имаш 30 минути пауза за јадење. Вака само можеш да добиеш burnout ништо друго. Колку и да правиш се за пациентите секогаш ќе има незадоволни без причина.
     
    На Medea., Buttermilk, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    7.486
    Допаѓања:
    18.735
    иам чекано 1-2 саата со итен упат. Ама фино лепо ми објаснија дека моето може да почека пошо има други пациенти на кој животот им е во опасност.
    Е и јас се најдов во таква ситуација еднаш, добив алергија, цела се подујав и одма ме примија пошо ситуацијата беше животозагрозувачка .

    1-2 саата не се ништо, бидете среќни шо уопште сте добиле итен упат, а не термин за после 6 месеци.[/QUOTE]

    Битно кој како сака зема пауза.
    Остај упато.
     
  14. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    7.486
    Допаѓања:
    18.735
    Дојди во кол центар, ќе ти кажам....
    Нас паузата од 30 ни е 30мин. Шо сакаш праи ти.

    А за да си одиш до вц, не можиш така лесно да оставиш телефон. Ќе си кажиш, одам вц, и да влези друг да те замени.

    Не можиш кога сакаш ти да се мафташ.
     
  15. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.817
    Допаѓања:
    35.571
    Пол:
    Женски
    Битно кој како сака зема пауза.
    Остај упато.[/QUOTE]
    Па искрено за 15 мин порано шо земала пауза и не е толку страшно. Може и се присерело на докторката па отишла да се олесни.
     
    На Medea., KiT и Малечка Малинка им се допаѓа ова.
  16. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    11.963
    Пол:
    Женски
    Сериозно споредуваш кол центар со докторска работа што е каде каде далеку посериозна и треба да се земе можеби и подолга пауза за да се одмори мозокот да може да превземе следен пациент?
     
    На theowndemon, nextredstyle, Ugly Duckling и 3 други им се допаѓа ова.
  17. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    7.486
    Допаѓања:
    18.735
    Ние дирек поврзувавме доктори со доктори.
    Не се тепај, ко не знајш мм работи
     
  18. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    11.963
    Пол:
    Женски
    Кој се истепа? Само реков да не споредуваш две неспоредливи работи.
     
  19. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.729
    Допаѓања:
    9.036
    Пол:
    Женски
    Е ова
     
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.548
    Допаѓања:
    85.588
    Пол:
    Женски
    Ова ти сама си го измисли или некој те излажа? Паузата е 30 минути, во тие 30 минути и да јадеш и да отидеш до тоалет. Секаде е така, и за доктори е така, не може 30 минути само за јадење, а за други потреби плус.
     
    На Трагедијаупмм и GirlLove им се допаѓа ова.