Другарка ми ми рече дека дури сеа и било јасно што и мрчам десет години дека Раста е мачор, само треба да се спастри малце.
Децата ви крадат ствари од пред згради. Нз што генерации, ќе беа овие. Еден комшија имал оставено столче пред зграда , и заминал кратко до влез. И кога дошол видел две деца, нз точно која возраст, едниот изгледа демнел другиот крадел. Ќотек, само ќотек. Не велам смртско тепање!!! Тегнење уши, краток шамар. Не знам што ќе прајме со децава. Ни со арно, ни со лошо.
Мислењево не ми е политичко, само сакам да си се надоврзам на нешто што стално го дрндам на форумов, па како сака нека биде сфатено. Некое време го пратам Алекандар Видановски, ништо не знам за него, од каде доаѓа, дали е од некоја партија, пак кажувам, не зборувам од партиски аспект. Човекот снима, покажува сè што е гнило, штетно, наопаку, запоставено, во државава. Повремено поради неговите записи, оп, промена. Исчистено, сменето, реновирано, интернивирано. Човек за пример, некој што наместо да го троши времето во ц'цкање, гомнојадење за северџаните, кукање, билдање на супериорност наспроти бедната глупава раја, го троши на обрнување внимание, укажување на неправилности, БАРАЊЕ на промени. Има и пар момци у државава што издвојуваат свое време и енергија, и со свои алати и средатва, одат и чистат. Не ц'цкаат и куцаат арогантни коментари по социјални. Праат нешто. Тоа што можат. Не се штедат. Не чекаат некој друг таму некаде, некогаш во иднината, да направи нешто. Не им е под ниво да ги искористат нивните вештини и интелигенција, иако сигурно се свесни дека илјадници други утре пак ќе наштетат и трудот можеби ќе им го избришат. Само така се извојува. Иначе никогаш нема да има промена, промената што нели сакам да ја има.
И јас го загледав и ми фати око. Видиновски е квалитетен новинар кој навистина си го сака родното место. Настрана неговите политички идеали, он знае да балансира со критиките кон сите и вистински да посочи што е проблемот. Заедно со него доста луѓе се фативме да бараме мали промени со надеж да дојде и до поголеми. Како што рече и ти, промените веќе се гледаат. Значи, со правилен притисок и обединување е многу лесно да се среди едно место, па и повеќе. Кога има волја, има и начин.
После шоуто на Викторија Сикрет сфатив дека веќе немаат стандарди за бирање на модели. За постарите модели немам коментар, убави, згодни, совршенство, ама за овие по новите, катастрофа од избор направиле.
Да и после викаат демек не правеле дискриминација, како не прават кога на сите реклами им се слабите модели. Баш ги анализирав, сите, која со лоша насмевка, која со кратки нозе долг труп, ужас. Далеку се од претходните години, се знае модел, слаба-висока убава насмевка.
Врв на некултура ми е кога на некој му стигаат нотификации од телефон и шлапање со мастика истовремено, во чекална каде е тивко и чекаат пациенти. Џабе очила за сонце ставени на глава, усни пуне силикона.
Kарактерот му беше малку чуден на главниот лик, неговите реакции. Ама нормално е тоа кога си соочен сo траума и од раѓање те гледаат низ стереотипи.
Некултурно е некој да те прекине дур збориш, ама исто така некултурно е пред луѓе да збориш 15 минути ко навиен и мењаш 10 теми без да дозволиш другите да дојдат до збор. Вакви ги прекинувам и баш ми е гајле
Не. Само општествено корисна работа, зимски и летен распуст со саати да рмбаат. Сонце, дожд, снег, камења нека паѓаат ама има да работат. Ако не го почитуваат тоа, да се казнат родителите со по иљадници евра казна. Не знам зашто не се практикува ова.
Во коментарите под вести од црна хроника можеш да видиш што одвратен народ сме. Неверојатно е колку недијагностицирани психопати шетаат слободно по земјава.
Или на пример се ти да знаеш. Да не дадеш простор за збор воопшто. Има такви се по чести се. Или зборуваш ти ама ти префрла не е така вака е.
Оток... Па кога ќе фати некоја тема како слеп за стап, тресе ли тресе, а ја знаеш, се знаете де... 0 резултати, ама ти се прави лајф коуч на темата. Јас од такви и др.причини заносив слушалки у уши и раат сум .