Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.624
    Допаѓања:
    18.861
    На кој начин можат овие две работи да бидат поврзани..?

    Па и на онкологија ги лажеле луѓето дека примаат терапија за карцином а всушност солена вода им ставале во инфузиите. Ако не се лажам и тоа е дел од официјалната медицина...:wasntme:
    Каде е тука разликата..
    А за медицинската измама на векот во 2020-2022 да не збориме.
    Да не заборавиме дека и голем број на лекари се фатени како непотребно препишуваат поголеми количини од исти лекови од различни фирми само за да фатат квота за бонуси.
    Дури ги фатија дека и операции на срце правеле без да има потреба за тоа, освен потребата за повеќе пари де.
    Етиката во медицината одамна е под знак прашалник кога е во прашање профитот.
     
    Последна измена: 24 октомври 2026 во 12:54
    На Gosh и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.593
    Допаѓања:
    30.311
    Пол:
    Женски
    Зашто некастрирани кучиња кои не се парат имаат ризик од рак на тестиси, што се десило и кај кучето.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  3. E.Day

    E.Day Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2026
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    103
    Кешки да е само во медицината така.
    Поодвратни и понефер играчи од оние во фарма.индустријата, особено оној нејзин департмент воден само од финансов ќар и профит нема, нажалост.
    Штанцаат безосетно и безмилосно на туѓа мака, на маката на болниот па и здравиот народ.
    Што ќе им се толку пари?
    Што со нив доволни за кизнај кој колку животи?
    Страшно...ужасно.
     
    На mKdevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.624
    Допаѓања:
    18.861
    И притоа само пробај да кажеш дека имаш некој сомнеж за некој нивен производ и дека бираш да не го примаш одма те етикетираат како игнорантен те обвинуваат дека шириш теории на заговор оние (јАс мУ вЕрУваМ на наУкАта1!!1).
     
  5. E.Day

    E.Day Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2026
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    103
    Така де што има проста маса да едуцираат со научно поткрепени докази...
    Ти повеќе дискутираш за корона периодот јас за нешто безвременско, неповрзано со тоа.
    Но ајде да е кешки само во мед.и фар.ич да не е во ембриолошка биологија- репродуктивна она масакрирање и молзење на жени само за чист профит, во образование, во судство...во администрација...додај по желба.

    Кешки само да се сведеше на критика на оние и се она од твојон коментар, ама ете гледаме како е навистина, насекаде.
     
  6. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    4.186
    Допаѓања:
    53.626
    Извини, ама да ти продава некој квази вакцини по рандом паркинзи у сомнителни коли ете у случајов на медицинско лице за татко болен од рак, или пример да веруваш на рандом особа од интернет дека треба си ја пиеш мочката или солна киселина не е превара, него ли природна селекција.
     
    Последна измена: 24 октомври 2026 во 15:18
    На forumce и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  7. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.975
    Допаѓања:
    25.139
    И јас го мислам истово, ама мал дел од мене (ептен мал) си вика дека можеби, у тие најтешки моменти, кога се работи за некој што многу го сакаат, луѓето се спремни да пробаат сè, со надеж дека ќе го спасат. Али оној поголем дел од мене верува дека повеќето се глупи, ние сме сепак престолнина на суеверието, бајачките, прдеж у тегло можеш да им шитнеш како лек.
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    4.186
    Допаѓања:
    53.626
    Сосема е нормално човек да оди на радикални решенија во последен момент како спас, нема што тука да се дискутира. Ама во случајов не постои измама, платиле што платиле на надрилекари за нешто што свесно знаат дека шансите да функционира се мали или ич, и најарно да си ќутеле и да си траеле. Него мене ми чини ги болат парите што ги фрлиле за џабе, колку и да звучи ова лошо.

    Мислам, не им давале солен раствор место цитостатици у факинг болница па да бидат измамени.
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.