Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.668
    Допаѓања:
    6.008
    Пол:
    Женски
    Обавезно, нека се бори опозицијата малку па за да остане и народот, а не да се чукаат во гради на ТВ и да ги полнат џебовите. Не вреди да се расправаме за нив, безвредни се.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  2. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    7.518
    Допаѓања:
    18.810
    А бе сите се за нигде.
    Та позиција, опозиција.
    Само народ трпи.
     
    На FlirtBerry му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.938
    Допаѓања:
    27.816
    И ти си во право. Но, истово важи и за во странство, ретко кој работи по струка, екстремно ретки исклучоци се тие што со знаењето и вештината можат во странство да работат, а и да заработуваат бајаги многу. Има и такви случаеви, велам индивидуално е.
    Би било супер да работиме по струка, секој сака, не за џабе сме студирале. Но сепак мора да работиш, без разлика, дали ви Мкд, дали во странство, нешто ќе работиш, нечиј џеб ќе пуниш. Исто така, сметам дека не е само доволно да завршиш факс, и толку, треба да ти следуваат нешта по дифолт. Повеќе ги разбирам старите што цел живот се труделе, барем пробале.
    Како може да се сменат нештата? Прво, секој да биде пример за позитивни вредности, морал, одговорност, дисциплина, итн. Второ, да се пружи отпор, да не се остава неправдата да проаѓа неказнета, да се поставуваат стандарди со борба. Но за жал повеќето не се замара за ништо од тоа, тоа е проблемот. Но колку повеќе квалитетни луѓе, способни и свесни, заминуваат и трудот и знаењето го вложуваат во друго место, толку повеќе ова место останува на таквите газот што го продаваат. Пак ќе кажам, да не биде дека не ги разбирам сите што заминуваат (мада бугарскиот пасош не го разбирам искрено, за мене и тоа е продавање, не би по секоја цена), тотално сфаќам, еден живот имаме за живеење. Секој треба да прави така како што смета дека е најдобро за него. Ама ако нема кој да ја направи промената, ништо нема да се смени.
     
    На FlirtBerry и GirlLove им се допаѓа ова.
  4. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.993
    Допаѓања:
    25.223
    По еден шот на екс кога ќе прочитате ,,Зошто се радувате, не сфаќам". Умирате за 3 минути од алкохолно труење. Најсофистицираниот облик на политичка пристрасност е оној кој е претставен како неразбирање.
     
    На lovestoneddd и CameliaMiller им се допаѓа ова.