@tessie Сите ме прашаа што ќе носиш на свадба.Следеше одговор...па каква фризура,шминка...следеше одговор.....а надградба на нокти...реков нема да имамсите ме погледнаа како од марс да сум падната или од последна мода
@mal.ecka модата се враќа Од кај знаеш, може не си демоде, туку баш напротив, попрогресивна од нив. Боже со какви работи се преоптеретуваат луѓето. Не одам во мантија, сакам да се дотерам и да се дуздисам све, али да се преоптеретувам до ниво на дискриминирање, ау не.
Јас па нема да се сложам со ова, затоа што имам аргументи од реалниот живот кои се косат со реченицава и обратно.
Никој не рече дека сите треба да се сложуваме во светот, апсурдно е тоа да се мисли, нормално. Само твојата реченица ми беше некако премногу осудувачка, па затоа искоментирав.
Добро јас сум застарена или незнам што е проблемот ама ај ве молам како можеш да му кажеш на некој што ниту го знаеш ниту познаваш освен од социјалниве мрежи дека ти се ... и да потенцираш милион пат дека си сама Неможам да разберам,не дека викам стари моми да си седат или невини до брак ама дефинитивно неможам да разберам
Ако сакаш да дискутираш на некоја тема со татко ми, или во најмала рака да го прашаш нешто што те интересира, сметај дека треба да одвоиш минимум 45 минути за да го слушаш. Затоа што таков човек си е - сака да тргне од коренот, за да стигне до листот. Па ќе ти извади книги, ќе почне да ти раскажува и попатно ќе начне еден куп други теми. На крај само ќе те праша: Од кај тргнавме? Ааа, да! И пак ќе се врати на темата. Моето знаење е трошка во споредба со неговото, па јас секогаш сум во улога на учениче што само го прашува и потпрашува. А најмило му е кога ќе види дека сум запамтила сé што ми кажувал, па ќе му речам: Знам бе тато, ми кажуваше за тоа. И ќе почнам да му раскажувам. Ми се чини дека нема област за која не може да зборува, ама правото никогаш не го сакал. А да биде иронијата поголема, дома две правнички има. Доаѓа минатата недела и на маса пред мене ми остава некаква скрипта. Читам - Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита. Па ми вика: Новиве измени уште не се донесени, за некој ден ќе имаме јавна расправа. Ај разгледај ги и кажи ми што мислиш од твоја гледна точка. И овојпат тој беше во улога на ученик. Па гледам потцртувал некои членови, пишувал прашалници за некои нелогичности, а јас му објаснувам зошто ова е така, или она е онака. И ете така, се почувствував како grown up
Деновиве повторно не бев баш најрасположена,overthinking about life 'n' stuff...Но денес ме израдува една прекрасна вест Дада ќе се мажи ,полетав од среќа За вакви моменти вреди да се живее! Да ве почестам.
Деновите поминуваат , ветерот како да брза некаде а со него го носи бледиот мирис на зима, вдишувам а во истиот момент ми наидуваат слики на празничната расположеност , шопинг , спремање по дома, фамилијарно собирање , смеење, мирисот на божикната храна како да ми е пред мене, позитивна топлина во мене расте како и нетрпливоста што побрзо да ги дочекам тие денови
Кога гордоста и егото го заземаат местото на разумот, емоциите и чувствата, се претвораш во сопствен непријател! Е, тоа е она кога велат дека „сам што ќе си направиш, друг не може да ти го направи!“
Cel den go pominav so rabota eve do sega,se reklo rabotaj za da nemislis ama aj nemisli pak ista prikazna nemozam da gi zaboravam nekoi teski momenti sto preziveav i se toa naednas edno po drugo pa drugo Znaete koga si dete i se ti e onaka detski a naednas rastes i vlagas vo dlaboki teskoti mnogu teski i bolni e pa posle nemozes da gi zaboravis lesno,nemozes pak da si dete so detski problemi zivot so se...samo na dobro da e.
Сакам да кажам, дека со парите мајка ми шо ги дава за лото, до сеа уште една куќа ќе изградевме Надежта последна умира
Поздрав девојки. Јас одамна не сум пишала на темава,некако ништо интересно не ми се случило во животот,така да не знам каде води овој пост,ама ај ке треснам нешто бидејќи само тоа ми оди од рака. Една тема за која ретко сум зборувала на форумот Бев заљубена и нема поубаво чувство,посебно во овој период од мојот живот...јас си ја нарекувам детска заљубеност Пеперутки во стомакот,насмевки од увце до увце и нормално оние ситуации кога ке се избрукаш,ахх... Кога веќе зборуваме за брукање... Пред некој ден имаме час Географија и зборуваме што има во Јужна Европа и ни збори професорка,јужни овошја,текстил и слично,и другарка ми што седи до мене вели ирваси.Професорката ја гледа и се чуди што треска другарка ми која,инаку,гледала тоа во атлас но,во северна Европа и јас да се направам попаметна реков дека не учиме за Европа.А цело време учиме за Европа. Ама тоа сум јас,експерт за бруки. Ај останете ми со здравје.
Јас џабе се правам дека Петок со својата посебност, не ми влијае специфично позитивно. Еве, рака на срце, признавам дека сум била во заблуда. На работа сите несвесно зрачат. Одам во банка, пред затварање, девојката на шалтер насмеана и услужлива како тоа да не и е 7ми работен саат. На афтер парти, тура од куќата. Во маркет, добив гага рецепт од рандом мачор што одбираше намирници на полицата до мене. Епа на вакво расположение, не се седи дома. Башка тоа времево е пријатно, а и јас тазе издепилирана. Наводно ќе завршивав некои обавези по дома вечерва, ама пак ме влече викендска сила да искочам. Mи се смешкаат мастилните штикли.... јбг, морам вечерва да ги шетам. Убав викенд форумџии! Ваша М,