СДК ... Никогаш не ги игнорирајте и не ги потценувајте знаците на патот ваш наречен живот. Никогаш не се знае кој правец ви го покажуваат ...
Бев да си го пробам првиот фустан што го шијам за свадба и сум пресреќна,прекрасен беше и одвај чекам да си го земам.Кога го облеков се почувствував прекрасно,не сум навикната на долги свечени фустани,не ни сум имала прилика да носам,многу ми се допадна како изгледа на мене. Среќна сум исто така што сега за сега се ми оди добро на факултет,се изненадив дури колку добро е.Малку ме загрижуваат други работи па од друга страна,ајде ќе помине. Ви посакувам пријатен остаток од денот.
Ме нервираш! Мене воопшто не ми е гајле со кого си се зблишувала. Не те сваќам зошто сакаш да му дупиш очи на *****? Не те сваќам зошто сакаш да го направиш љубоморен оној со кој се муваше пред неколку месеци? Не сваќам што ти е гајле за него? И што ако во школо некое убаво машко ти побарало да му помогнеш во нешто, демек имаш шански кај него? Зошто се обидуваш да местиш некој а во исто време да го раскарш а целта ти е да го земеш момчето? Ги скара и што постигна? Ете го сега друга си најде, мислеше кај тебе ќе долета? Многу турски серии гледаш мила моја. Зошто икаш дека не го сакаш а кога ќе те потсети било што на него очите ти светат? Пред некој ден го згреши пасворфот на фб, гугол хромот го зачува, зошто пасвордот ти беше датата на твоето мување пред неколку месеци, а ни го сакаш детето ни ништо? Незнам зошто толку се радуваш што за неколку дена ќе ти стигне нарачката од али? Демек само ти ќе имаш такво? Зошто сакаш се да имаме исто, да не сакаш и (тиит) да ни бидат исти? Немој си го пуштила телефонот од рака, никако. Фејзбукот некој си го исклучила, немој грев е. Господе божее, јас доаѓам кај тебе/доаѓаш кај мене за на телефпн да седиш или да си праиме муабет? Океј коа ке доеш кај мене и ја телефонот нема од рака да го пуштам зошто ќе ми се налутеле ако не им вратам! Можеби ќе беше подобро следнива смајлиња да ги ставев, наместо рефератов зошто навеќе ти одговарат: Претера!!! Од тоа што несакам да те повредам не ти го кажувам ова во лице (знај да беше некое од девојчињата од друштво сега реченициве немаше да стојат на фемина), најблиска си ми ама немора да значи дека ќе те трпам ова е прво, а што ако продолжи? Ќе ја тујам фемина со твоите глупости?
"Знаеш дека си сам/а дома , кога освен гласната музика и денсањето низ цела куќа - одиш во WC и ја оставаш вратата отворена"
Од тоа одење во WC дома со отворена врата, внимавајте! Јас од навика еднаш вратата од WC на работа си ја оставив ширум отворена. Толку сакав да ви кажам.
Сите имаме сомнежи. Дури и оние кои глумат дека нивниот живот е одличен. Дури и оние кои се трудат да изгледаат самоуверено и цврсто. Сите, без исклучоци.
Rule number one: во awkward ситуации од типот разговор при голема галама во која не слушаш што ти велат, секој си има различна граница во поглед на тоа колку пати е нормално го препрашаш соговорникот и после која почнува да клима со главата надевајќи се дека не било прашање кое не се одговара со да или не...
За да се увериме,колку тоа Ние(лујџето)сме различни,доволно е да влеземе во -снаи и свекрви -секс за една ноќ -сакам брак со маж кој се разведува -младината некогаш и сега... Поготоово во фемина инстаграм Колку сте само вие што истакнувате фотографии злочасти кон нас стрвните
Се привикнавме сите на новата платформа,нели? На почетокот сите мрчевме,ама вака ни е по сеси. Рејч треба да учит пошто утре историја ќе ја рендат,а вие останете ми со здравје и бидете уууууште по сеси од наша фемина.
СДК Кога ќе не напушти некој драг, не боли смртта, боли сето она што доаѓа потоа. Боли празнината која никогаш нема да биде пополнета. Боли неможноста да се направи уште нешто за него. Болат зборовите кои не сме ги кажале, а сме можеле. Болат солзите.. Болат спомените .. Боли молкот. Боли тоа што никогаш повторно нема да бидеме заедно, нема да го видиме и нема да ни се јави. Боли тоа што секогаш и секаде ќе ни фали и секогаш ќе биде оној кој ни недостасува ... Кога ќе не напушти некој драг, не боли само неговата смрт, туку и животот кој можел уште да трае, а завршил.Болат победите исто колку и поразите, успесите и неуспесите и во еден момент, се станува еднакво, станува бесмислено, празно.... Кога ќе не напушти некој драг, си оди и музиката што ја слушал, луѓето кои ги познавал, соништата кои ги сонувал,си одат неговите планови, неговите тајни и неговите стравови. И се ова боли ... Боли кога ќе си го поставиме прашањето дали е се залудно? Дали сме погрешиле? Дали можело да биде поинаку? А добро знаеме дека не е така ... Боли кога ќе помислиме дека го нема. Боли секој спомен на него. Болат фотографиите. Болат местата на кои сме биле. Болат зборовите што сме ги кажале. Болат зборовите кои не сме ги кажале, а требало. Болат неговите пријатели. Боли се што потсетува на него. Боли секој дел од овој свет ... Кога ќе не напушти некој драг, не боли само болката, боли и се друго. Боли што тој исчезнува засекогаш и помислата дека никогаш и никаде повеќе нема да се појави. Боли сознанието дека никогаш повеќе нема да биде во можност да се радува, да се смее, да плаче,да сака. Боли помислата за сите работи што можел да ги направи, но не успеал. Боли помислата за сето она што допрва требало да го помине, а нема... Боли се она што живее без него, боли целиот свет ... Кога ќе не напушти некој драг, се одеднаш застанува, запира и ве потсеќа на минливоста во животот, на годините кои поминале и на оние кои ќе поминат. Кога ќе не напушти некој драг, со него заминува и еден дел од нас самите, можеби најдобриот и најубавиот. Си заминува сето она што сме го имале со него и со никој друг. Со него заминува дел од нашиот живот, живот кој заедно сме го поминале и кој со неговото заминување се претворил само во спомени и сеќавања. И конечно, кога ќе не напушти некој драг, не боли смртта, туку боли сето она што се случува потоа. А потоа за жал, не се случува ништо. И тоа ништо боли најмногу ...
Значи сакам да кажам дека денес е еден од најложите денови во мојот живот.Идеа многу моменти на кои ми се плачеше во школо,и толку многу се чувствував осамена....................
Баш кога ќе легнеш малку да поспиеш, тогаш сите те бараат, се будиш и гледаш 1000000000 пропуштени повици, 100000000000 пораки на мобилен, 10000000000 пораки на фејсбук...
SDK денеска нешто цел ден сум зајадлива , се надевам дека е поради времето ... Спојлер: lyrics Yeah, baby, I been drinkin' And I shouldn't come by But I found myself in trouble And I had nowhere else to go I got some whiskey from a barman Some [Incomprehensible] from a friend I'm gonna keep on movin' Till I'm in your arms again Guilty, baby, I'm guilty I'll be guilty all the rest of my life How come I never do what I'm supposed to do? How come nothin' I try to do ever turns out right? But you know, how it is with me, baby There are times, I just can't help myself It takes a whole lot of medicine For me to pretend, I'm somebody else