Жена дава полесно да ја допреш за нога отколку за друга локација. Најверојатно не го рачунаат тој дел за интимен. А не сваќаат дека дозволувајќи го тоа, ти дозволуваат побрзо да дојдеш до другите делови од нејзе заради зголемено чувство на поврзаност. Интересно.
Случајно или не, се почесто ја отварам темата за да се искажам. Додека се враќав дома од работа капките дожд нежно паѓаа по моето лице. Косата целосно мокра а исто и облеката. Не врнеше кога завршив со работата, по пат ме фати, истури наеднаш. Инаку, дождот е најдобар , најверен пријател и никогаш нема да ме издаде, знам. Колку и да плачам и колку и да се тешки солзите, дождот е само нем сведок. Стигнав дома и за кратко престана да врне дожд.. Почнав да размислувам и за мојата моментална ситуација. Ме радува тоа што откако изгрева сонце, после дождот сваќаме колку е убав животот. Не, нема простор за паника, после дождот секогаш доаѓа сонце. Јас трпеливо и со целото срце ќе го чекам тоа сонце бидејќи знам.. се ќе биде во ред. Во животот не е се розово. Многу пати паѓаме за да можеме на крај да стоиме стабилни пред сите останати пречки кои ќе следат во животот. А животот е борба. Во моментот боли, но мора да се издржи, колку и да сме скршени треба да останеме цврсти како челик и постабилни од предходниот пат. Знам, можеби понекогаш сум навистина неиздржлива, понекогаш неподнослива. Но само сум човек. Девојче со многу Мани и предности. На моменти премногу и претерано филозофирам, на моменти дури влегувам во некој друг свет. На моменти знам да го изгубам трпението, но, надежта и вербата Никогаш, тие се единствените што ми остануваат. И така, ова го пишувам додека крчка ручекот во рерна, за брат ми и татко ми. И во овој момент сваќам дека не сум завршила сеуште со обврски, да одам кај баба ми. И на неа да и направам за ручек за утрешниот ден што следи. Сама не може, морам јас да одам додека мајка ми не испадне од болница и не оздрави во целост...ако оздрави...ама надеж не треба да губиме и верба. Вчера, ближна роднина целата насмеана ми рече дека сум целосна забрзана верзија. И земам лепче и кувам ручоче за утрешниот ден. Дрва исто. Ме погоди, не кријам, но што да правам. Бев немоќна да и одговорам, да и вратам на нејзината злоба кои со ноктите прават се само за да ја изгребат чистата душа, невидливо.. Но тие се такви и само со тоа се хранат. Добро е што следната недела нема да работам па ќе имам повеќе слободно време и подобра организација. И баба ми многу ми отежнува. не сака жено да дојде нагости недела дена и не сака. И мене ќе ми олесни, ама тоа е, мисле само на неа и е тешко, жал и е за ќерка и а притоа заборава дека нејзината ќерка мене ми е мајка, и мене ме боли. Само да не вагаме на кој му е повеке. Секој различно поднесува, секој различно искажува. Но, сепак ме смирува кога ќе погледнам во небото, гледам се спрема повторно да врне дожд а после дожд доаѓа сонцето.. Гледам светла надеж, се ќе помине. После ќе бидеме само посилни.
Мојата коса - кога ја тинтраш двеста години у последен момент ќе те зафркне, додека во меѓувреме имаш фризура за бал собирајќи ги прамените што сметаат додека бришеш прашина. Се` додека времево е никакво, имаш дежуре виновник и така.
Градовите ни ги коваат душите,во темелите.Градот кој го дишам,градот кој го живееш.Боите на автомобилите ми играат пред очите помислувам како само тие го бојат слевајќи се со мракот. Ти ја коваат душата за навек дури и кога во рацете имаш куфер а на срцето тежина и надеж.Минуваат безброј возови наутро.Газам калдрми.Тука и таму запишувам некоја приказна.Билбордите се уште светат,и неколку прозорци од високоте згради кои бдеат од висина.Времето не ја избледува љубовта,си велам додека тој ме гушка а постарите застануваат покрај нас,можеби се сеќаваат и за момент оставаат да им ја стоплиме душата како чај во Јануари. Љубете во есента,бидете поет. Кога мојот град би бил писател би бил стар и мудар,со перо и животи во шише со мастило. Разлеани стихови,ноти.
Ајдее ми тргна со добри вести периодов,дипломирала братучеда ми Многу ме усреќуваат вакви вести,инстантно подигнуваат расположение,среќна сум! Иако во последно време само среќни вести добивам,сепак се плашам дека тагата ме демне од некој агол.Ми се чини дека кога и да сум среќна,ќе се најде нешто за сето тоа да го уништи.Но,полека сфаќам дека грижењето за тоа дека во секој миг ќе престане среќата,е губење на време и расипување на расположението.Подобар избор ми е да уживам во ваквите среќни моменти,исчекувајќи некоја нова среќна вест,заборавајќи на сите проблеми.Ќе се трудам да останам позитивна,и покрај тоа што има некои негативни работи кои ме растажуваат.Тешко е,бидејќи цел живот сум песимист,но ќе бидам упорна.
Оној момент кога влегуваш во кујна, на тепихот гледаш нешто што личи на лист од собнитe растенија, се наведнуваш да го кренеш и сфаќаш дека е ЖЕЛКА!! Dafug?! Од памет се извадив! Мони мори кај акаш, како стаса тука?! Излегла од аквариумот, паднала на масата, од масата на тепих, од детска соба преку ходник до кујна стасала. Уште не ми е јасно како успеала да го изведе сето тоа. Пут путујем... Среќа не ја згазив и на време ја видов, инаку можеше да се пикне некаде, па оди најди ја. Ајде после рикверц во аквариум. И на желкава ѝ се бега од државава.
Смс комуникација меѓу мене и маж ми. Јас - Каде си? Тој-Во кафана! Јас-Уживај !!! Спојлер (во превод ,, )
Кој ги измислил и дефинирал оние teen години... Аххх.... Колку сакам да го имам овој мозок сега вграден во мојата некогашна 17/18 годишна глава, кога се крстев со двете раце во некои луѓе и во нивната верност... Кога ги сакав сите околу мене и бев желна за да го делам моето време со сите нив, да им се доверам да им кажам што доручкував, што ручав... И да сето тоа низ нос ми излезе после неколку години кога секој си го трга г'зот на страна и си се грижи секој поединец само за себе, и луѓето со кои е под ист покрив. Колку им имам помагано на луѓе, кога мене ми требаа никој немаше. Кога ми беше најтешко кој беше со мене? Ајде погодете да видам??? (многу е тежок одговорот) Па нормално кој друг освен мајка ми? Никој мои мили тинејџери... Се би дала да можам да им го турам со инка тоа што го поминав и научив тогаш во тие немирни тин главчиња, за да не си ја чукаат после таа истата глава во ѕид како и јас мојата, и како и многу други повозрасни на форумов, па и низ светов. Во денешниов свет не е битно само дипломата од универзитет , многу е поважно и да ја имаш онаа ,,уличната,, школа поминато за да знаеш што ти носи животов и колку е уствари навидум убав, а во глобала суров! Прашај паталец...не гаталец!!! А, и да! повеќе не сум поборник на паролата ,,Прави добро, со добро ќе ти се врати,, Зошто? Многу едноставно! Затоа што обратното се покажа како далеку поефективно и поблагородно. Барем во светов во кој што јас живеам оние олошите се и најуспешни во животот. Во секој домен. Тоа е .... животиште! И јас се лошам сега Ма немам влакна на јазикот абреее ич. Чудо... Ваљакот ме помина изгледа
Под стрес сум од луѓе со кои разговорот ми се одвива вака: Ало, _______ дома си? (нема добровечер, нема како си) - Да, еве само шо си дојдов од факултет. Кога ќе ја завршиме онаа работа за која зборувавме? - Нема проблем, дали може утре? Утре... ?! Ама, јас сум пред твојата зграда. - Хм, добро може да ме почекаш 15 мин. максимум да се пресоблечам, во пижами сум? Лелеее, ама мене ми се брза. Јас еве баш во лифтот влегувам за кај тебе. Не е битно дали она е културна, она тргнала и се јавила со намера да си заврши работа и и успеа. Абе, кое утре, кое покасно. Нејзиното е најбитно. Моронка бесчувствителна и невоспитана. Туку јал во контекст на муабетот, јал не... Секој ден околу мене гледам злобни, а успешни луѓе и некои многу „посалам“ кои преживуваат. Има ли правда, се прашувам?! Три фази на животот: 1. Се раѓаш. 2. Шо кој кур се дешава? 3. Умираш.
Јас можам да кажам што сакам за моето семејство ако мислам на некого дека треба нешто да кажам, но не дозволувам никој друг да ги оцрнува. Никој не ги познава доволно добро за да може да плука по нив, а и да е така како што тој некој кажува никогаш нема да си дозволам да потврдам или уште полошо да се вклучам во таков муабет. Многу од луѓето не ме сакаат затоа што не дозволувам плукање по моите, па дури и кога со некој не сум во добри односи мислат дека можат да искористат ситуација и се сигурни дека тогаш ќе успеат во нивниот злобен план. Треба да си без осет да мислиш дека можеш да плукаш по нечија мајка и да мислиш дека тој некој ќе ти молчи. Ахам, може и ќе биде. Ми се јавува така една личност и уште ми наредува ако сум во соба со мајка ми да излезам. Се разбира ја игнорирав, а потоа и се јавив и ја направив партали. Без разлика во какви односи сум со мајка ми, мајка ми е и за мене е најдобра! И капак на се да го чула дечко ми и фалел. И фалел бе! Му кажувам на мојов и он се смее и ми вика - Мила јас навечер не можам да спијам од што ми фали она. Обавезно кога ќе сме заедно ќе ја чуеме. Се шегува се разбира. Ме нервираат вакви личности без осет без разлика колку се трудам да бидам толерантна поради одредени причини.
^Senza.parole,јас им го најдов крајот на таквите. Чим муабетот им почнува со ало,кај си,следува моето па еве наваму,натаму. Што ти треба? И во зависност од одговорот им кажувам кај сум. Ова важи за тие што не ми се блиски и се опасни гребатори додека да си завршат работа. А,уз пат се крајно нечувствителни и без почит за туѓото време.
Ми треба воздух, да воздух доста бев опкружена со штетни честичи околу мене. П.С. се однесува на луѓето кои повеќе не се! ( е па сега кој как ќе разбере )
Исто Озбилна, а па прво ми се прочита „ кучиња“ Луѓето сакаат искреност, а ко ќе ја добијат, па се лутат, ако се лутат, нека им стои и нека се носат со тоа, фино - лепо.Тражили сте, гледали сте, работава, колку и да си човечен, некои претеруваат.