Секогаш, ама баш секогаш, кога запознаваме нови луѓе правиме се за да оставиме добар впечаток, И зошто после се разочаруваме? Ете баш затоа! Затоа што сакаме некому (па и непотребно) да удоволиме. Затоа што сме спремни дури и да се преправаме дека поседуваме особини/нешта кои реално не ги имаме. Затоа што премногу ги идеализираме новите познанства. Кога секој би бил искрен (кога би постоела искреност) и/или отворен, светов би бил поубаво место за живеење и веројатно тогаш би имало (многу) повеќе вистински пријателства.
Од што ми е убава новава реклама на Кока Кола, си плачам, кога и да ја гледам. Многу ми е некако, така... полна со љубов.
Велат дека нештата се случуваат кога ке изгубиш надеж.....а јас што да правам кога никогаш не губам? Тоа значи дека нема да ми се случи тоа што го чекам......
Постов е за сите оние што незнаат или неможат да се воздржат ( и додржат) ,за оние што побитно им е да се олеснат некаде а не мислејќи дека ке стават некој друг во непријатна ситуација. Попладнево враќајки се од раб,си влегувам во колата ја стартувам палам светла и пред мене ОП ... Со брзина на светлината исчезна (иако ги исклучив светлата одма ) . Па побогу девојко во строг центар на ОГРОМЕН паркинг опколени со згради се реши на таков чекор ? .
Знаете штО? - Јас незнам да се шминкам, но имам огромна желба да научам! И постојано експериментирам на себе. Секој пат добивам пофалби од сестра ми дека е подобро од минатиот пат. Треба да се вежба, да се испробува. Но, сепак, знам што сакам, - нежна шминка. не ми се допаѓаат нападните шминки, лично на мене. Порано не ме интересираше шминкањето, модата, козметиката бидејќи бев заробена во Салото во кое се давев секојдневно. Но денес се е променето. Се, баш се. Сега знам што сакам и се придржувам до моите размислувања и ставови. И воопшто не ми претставува потешкотија да ги кажам Гласно. Најважно ми е да ми е удобно и да се чуствувам пријатно во тоа што го носам. патики и фармерки ми се омилени парчиња, лежерни комбинации. Но и кога ми треба некоја поелегантна комбинација и на ова поле сум развила свој стил. Но и воопшто не ми претставува потешкотија, страм да побарам мислење. Човек се учи додека е жив. Денес одвоив време за себе, конечно. И не , не сум себична. Ако не најдеме време за себе, нема да бидеме среќни - ако не сме среќни, нема да бидеме ни оптимисти. А по природа сум оптимист, секогаш, Се што се случува ,се случува со причина, а се е минливо. Се.
Пролетта дојде и во моите коси, секој дел е расцветан.. Ова есен беше бе Ќе морат да ја науча косава на годишниве времиња, вака не ојт
Од утре.. Во последно време сум многу мрзелива. Единствено нешто што правам по цели денови е лежењето во кревет и разгледувањето на литература за дипломската работа, но никако да ја почнам. На секоја ново зададена обврска културно си се извлекувам со - Здравје, од утре На секоја понуда за социјализација - Од утре Кога ли ќе дојде тоа долго очекувано утре во кое ќе имам желба да ги завршам барем дел од моите обврски ?
И ти си ми била некоја другарка хаха Дали си ти свесна колку само ме иритира фактот што незнаеш муабет да направиш со мене,кога последен пат си ме прашала како сум,како навиена си кажуваш некои работи,друг нема простор да каже нешто,зборуваш за луѓе што појма немам кој се ниту па ме интересира за нив.Дали ти си свесна колку ми е непријатно и незнам како не приметуваш дека само климам со главата,дали мислиш дека ми е интересно ??? За што к** ме викаш на кафе а дремеш на мобилниот цело време скролајки надоле по фејсбукот или покажувајки ми некои таму глупости као многу се смешни па многу ме интересираат и морам да ставам вештачка насмевка.Колку пати се покајав што дојдов на тие кафиња,и пак упорно ти давам шанса,веќе немам никаков заеднички муабет со тебе,бидејки ти незнаеш никаков муабет да направиш со мене,па уште кога нешто ти треба мислиш секој пат јас ќе летам како порано па нема и несакам едноставно не сум добила ниту едно -Кала како си,што се случува кај тебе или да гледаме некој филм, да се смееме Можеш колку сакаш да се лутиш,јас сум уште полута и уште повеќе навредена,незнам само како не приметуваш дека нешто правиш погрешно? Жално какви станаа луѓево...
Секоја година мајка ми експериментира со колачите за слава. Или ги усовршува старите рецепти, или пробува нови. Дегустатор? - Јас Па татко ми ѝ вика: Ама ти упорно сакаш мојата баклава да ја симнеш од тронот, само што не ти оди баш Годинава на мени имаме нови тоблероне колачи Фоткава не оди во Фемина Инстаграм зашто се дело на мајка ми. Таа тема ми е резервирана исклучиво за мои специјалитети Ги пробувам... што да ѝ кажам на мајка ми - превкусни. Само што она не се замара со баклавата, само гледа да си се надмине себеси. Сама со себе си се натпреварува Ми заличи на Моника од Пријатели кога за Денот на благодарноста му викаше на Чендлер: Stay away from this Chandler! This is between me, and ME!
Уште една недела,ќе се тргнам од загаденово,досадно градче,со сиво секојдневие,стресно и полно со обврски и главоболки. Ах вторник со душа те чекам. Патувам за омилената ми Германија,со најомилените другарки и професорки(и по некоја глупача која нема да успее да ми ја уништи радоста,барем така се надевам). Веќе си ја најдов цимерката,каде што ќе престојувам. Контактираме по мејл претежно. Многу фина,културна и со поинаква перспектива за животот отколку мојата,зборува по малце англиски,колку да се разбереме. И врвот... ИМА КОЊ. Добро,заборавив да спомнам дека живее во мало провинцијалско гратче,ама коњ... Ќе биде весело И ми кажа дека другар некој нејзин одвај чекал да сум дошла... Пфф сирото дете,незнае со кој си има работа... Ама ако,може и некое германче ќее уловиме,бар тие ми се плави,по вкус. И така женски,место да учам хемија,јас тука си филозофирам,се занимавам. Коа ќе дојде тестот ќе се смеам
Добро бре луѓе до кога ќе се замарате со туѓи животи А!? Абе метете си дома како што треба, а не вашето ѓубре го пикате под чергите и одите по други куќи да метете. Ич не ви е гајле дали вашето метење ќе крене прашина во толкави размери како торнадо. Не дека ви се замарам многу вие бедни суштества, ама ниту ѓаволот нема да се сети тоа што јас ви го посакувам. Аман од простотилук.
Денес од сестра ми дознав дека дете со пречки во развојот, во некоја градинка во центар на Скопје, било оставено во јасли да седи со бебињата, додека целата градинка и неговите врсници од неговата група учествувале на групна приредба! Треба нешто повеќе од ова да кажам.?! СРАМОТА ЗА ОНИЕ КОИ ВО ГРАДИ СЕ УДИРААТ ДЕКА ЗНААТ ДА РАБОТАТ СО ДЕЦА....НЕКА СИ ГИ ИСКИНАТ ДИПЛОМИТЕ.
Комплетно дебилно ми беше пред саат време кога една мајка (на моја возраст) си го учеше тригодишното синче како се бакнувале тетка и чичко на филм Ме фати срам кога почна тоа да врти главчето и да ја лигуши мајката Зошто, о зошто семоќен Господе?! Слези собери си ја вересијава, од овие луѓе не бидува
Long time no see Долго време (недела дена хахаха)не сум шкртнала ништо во темава. Се тера се по старо, школо, дома, спиење, ладно, ТВ, мобилен, компјутер..секојдневие Едвај чекам да дојде четврток инаку, осеќам дека ќе биде интересен ден, а и ќе биде една променa за мене. A да овој ме потсети дека косата ми е предолга и треба да ја шишам , ама ајде може да почека уште малку. А се ближи и почетокот на новата година т.е 2015, во која ме очекуваат многу промени, како промената на ново училиште, нова средина, можеби и преселба, се ново, нов лист во животот. Иако сум среќна за тоа, од друга страна се плашам како ќе биде, но да се надеваме дека ќе биде добро. И така, само да ви кажам добра сум, ако некој се прашуваше зошто послабо ме има деновиве.
Здраво, здраво. Да се претставам, јас сум Нева Нова. Новата јас, со сосема нов изглед, нови погледи, нови насмевки, нови трауми, нови почетоци. Постојано си велам себеси дека во најкраток можен период ќе започнам нов живот, но досега ми одеше тешко. Е нема веќе. Смачено ми е. Го оставам болното минато зад себе, ќе го заборавам. Си ветувам. Ветувам дека веќе нема да обрнувам внимание на злобните коментари кои имаат намера само да ме повредат. Ветувам дека ќе се гледам себеси како девојка, а не како дете. Ветувам дека веќе никогаш нема да бидам истото девојче од пред неколку дена. Фала, пријатно.
Значи какви сѐ здравствени работници имаме, не можам да верувам! Мајка ми денес имаше закажано рутинска контрола на крвна слика, ѝ земале крв, ѝ одиме заедно по резултатите, ни викаат утре требало повторно да ѝ земаат крв, као демек нешто не било во ред и требало да се повтори тестирањето. И ни збор повеќе не кажаа! Која непрофесионалност и бесчувствителност демонстрираа, неверојатно! Крајно сум растревожена и револтирана! Не знам какви сѐ мисли и сценарија ми поминаа во глава, а како ќе издржам со овој немир во себе до утре ни сама не знам. Страшна работа е сомнежот, посебно ако имаш изгубено родител, другиот што ти останал го гледаш како зеницата во окото.