Ја накитив елката атер кученцето, да се радува. Знаете, кој има деца ја накитува зарад нив порано, а јас зарад кученцето, што да се прави. И си отворив беља работа. Неколку пати ја тресна досега, и уште седи до неа, со еден невин поглед, како да сака да каже: Не сакав, сама падна. И гледа да се скрие потоа. Ама не го карам јас, само тоа нека се радува. Сите лампиони што беа за кршење ги скрши првиот пат, сега веќе нема ништо кршливо. А, јас, се изнакупував чоколадни дедо мразовци, просто ги обожавам ! И сите се за елката, ама ни 5 мин. не траат до неа. Ја сакам Новата Година поради ваквите ситни задоволства. Само тие ме исполнуваат, не сакам и не очекувам ништо поголемо.
Како може некоја личност,со која веќе немаш никаков контакт, да ти недостига толку многу? Порано ми беше се,а сега ништо! Зарем толку не ти значев,што наеднаш згасна се Зошто ме оддалечи од себе,и зошто јас сум таа која чувствува вина?
Нема ништо поубаво од тоа кога случајно ќе сретнеш реченица од јазикот кој се’ уште го изучуваш и ја разбираш од збор до збор.
Конфорт со портокал, ќебе и во кревет. ДМ ми дадоа награда, уште станот од фискалните го чекам. Сум станала воркохолок, се нервирам оти пола јануари е неработен
Не сакам да дознаам што ќе се случи за една година. Ниту пак, за еден месец. Не сакам да знам на кои нешта ќе се навраќам следниот декември, а ниту пак дали ќе бидам носталгична по овој. Животот е непредвидлив, а периодов, таква сум и јас. Можеби токму затоа толку ми годи во моментов. Пронаоѓам шеќер во целата негова горчина. Неговата рапавост ми е свилена постела. Обично секогаш кога заладува и се ближи крајот на годината, размислувам за минатото. А сега? Не размислувам ни за иднината. Уживам во несовршеноста на сегашноста, како и во својата.
Бараме слобода на говор како компензација за слободата на размислување, која исклучително ретко ја користиме. Жално, но вистинито.
Опуштен петок, нанижана првата дузина денови од декември, радоста и нетрпеливото очекување на празниците ти ја обземало душата и новогодишното расположение одамна ти лебди во воздухот... па зарем е потребно уште чекање за онаа слатка работа која уште повеќе ја внесува предвремено сета таа магија во секој дом? Епа од вечерва - среде соба високо и кај нас дома елката стои... Да, единственото дете во куќава го зафаќа дополнителна еуфорија за 18-тиот ( ) роденден за една недела. Ама откако памтам за себе, баш поради тој факт и секогаш иницирам порано китење на елката, па традицијата си продолжува. А и луѓе, па рекламата за кока кола веќе ја има една недела, така да никој веќе нема фора да ја спомне реченицата рано е, is it clear? Начекав еден ден без школски обврски, па се растрчав со мерак низ продавниците во потрага по нови сијалички и лампиони. А со лампиониве значи сум како батко Ѓорѓија секоја година, откако сум почнала сама да пазарувам и да се вклучувам во овие работи, секоја година не знам кој пакет лампиони од продавнициве попрво ми фаќа око. Татко ми ми вели, секоја година некои мора да застарат и отпаднат од игра, пошто сите лампиони што ги имаме на елка до таванот не би ги собрало, може и уште една елка во некоја друга соба ќе биде потребна. И така сега ми иде во секој момент да изгасам се` и да ги направам сијаличкиве на елката единствена светлина во дневна. Само уште времево ја кочи комплетноста на таа идила, не дека не бев цел ден окезена ради сонцево, ама заедно со ведрото свежо време да ја осетевме белината на зимата, би било совршено. Сакам разлетаните снегулки да ми го расшараат капутот, седејќи со кафенцето покрај прозорец покрај веќе украсените тераси, да видам и избелени дрвја. A најголемиот доказ колку е будно детето во вас е вашата реакција на сликава...
Негувајте го детето во вас и недозволувајте никогаш да порасне.Колку и да е човек натоварен со грижи, доволно е само да се потсети на детството и грижите за миг ќе ги снема. Вчера еден обичен чај од ментол врати една пријателка на моите девојчиња во детството. Ја понудив онака, бидејќи е сезона на грип,да го испиеме заедно. Кога после ми стигна порака дека мојот чај ја вратил во детството,во безгрижното време.Верувам дека е така зошто во ова време на толку многу видови кафиња,ретко кој пие чај. За среќа ние сме семејство во кое сите сме по малку Баба Рада.Ги имаме основните познавања за чаевите,нивната примена и подготовка. Посебно овој зимски период нема ден а да не се напиеме чај. Во право беше девојчето вчера.Во една шоља чај, може да се соберат сеќавања од едно безгижно време, Не е се во обичните исушени корења листови и цветови.Чаевите содржат скриени формули.Една од нив се вика љубов. Спојлер Ментолот го донесов во ташна,речиси исушено коренче.Го посадив во кутивче од јогурт,па штом растера ливчиња во дворот на сосема мала површина.Отогаш постојано имаме чај од ментол.Во лете е одличен напиток кога е изладен.Малку труд чуда прави.
Искреноста. Ја сакам во сите форми и облици. Најмногу ја ценам како човекова доблест. Бев на фризер. Таму одам секогаш. Знам дека си има проблеми човекот со контрола над најдојдените еротични чувства штом ме види, ама го бива плус ни оди муабетот. Ни за сто години не би го откачила оти е супер дечко, искрен е. Ме фарбаше денес. Нешто ново, малку да сменам ( а промената осеќам ќе ме трае до утре али нема везе). Ми рече дека нијансата ми стои убаво, очекува резултати со нетрпение. Следен момент ме сврте со столот, седна до мене и мртов озбилен надвор од конотација на предвиденото рече имал предог. Да се uknowwhat Вака народски кажано тука и сега, ако сакам. Без да промени гримаса на лицето. И тука следи моето култирно одбивање, исто без додатни драми - Не, фала. Така баш, како бомбонче да одбив на гости. И фризерајот продолжи во најнормален тек. Од една страна си велам да имаше некој присутен на дискусијава ќе не проценеше и мене и фризерот како ненормални ама јас гледам само нормална понуда, културна, и нормално одбивање, културно пред се.
После подолго време, чувствувам топлина во душава.. Може немам се во животот-хармоничен и топол дом, пари, многу пријатели, немам видено многу од светот, ниту искусено ден од она што би требало... Ќе излажам ако некогаш не жалев за тоа. Денес, се сетам на некогашните желби и благо се насмевнувам. Пред некое време во животот мој се појави една премногу драга личност за мене. Навидум за многумина ништо посебно, но за мене значеше се! Тој ми ја подари целата среќа.Што друго би можела да посакам?
Колку ми се интересни луѓево, обично не сакам да зборам, ама некои едноставно вадат очи, уште пробуваат со некои финти, провидни, со ниски удари, да ме замараат, оф, па кај мене нашле тоа да го прават не знам што се мачат за џабе, стварно, кога не дозволувам такво нешто.Абе ги осеќам луѓево, ко до нив да сум, па и уште некоја глума као наводно нема да ја приметам Ко буквар ги читам.Веќе ништо не ме изненадува.
Јас сум небо. Небото е отворено и пространо. Небото е недопирливо. Јас сум небо. Неговото пространство го распарчуваат птици, па дури и авиони, но тоа сеуште е небо. Јас сум небо. Торнада и олуи го парчат, но тоа сеуште е небо. И после се' пак е небо - отворено, пространо и недопирливо!
Едвај чекам Цукенберг да го воведе копчето dislike па да ги видам ''фуфине'' по фб како ќе реагираат на нивните фотошопирани слики
Љубов е кога во полна просторија и вашата врвна лудост, ќе ви рече, ова ме држи до тебе, а уствари е најлошата карактеристика кај вас. Е тоа е љубов... А кога сте во мир и зен, ви вика - е ова ме смирува и ми треба. Кога е најсмирен тоа е нештото што ме држи до него, а кога е со неговите демони прави да ме смирува. Дрога, љубов, како и да би го нарекле, ова е мојата, нашата формула. Како стареам прифаќам да сум смрттник, да ми го чита гадниот поглед кога знае дека + и - се споени, ладнокрвни, а лоши, следи потоп и чаша вино. За себе си најлоша, за другите со кнедла, еднаш ќе се ставиш на прво место и си демон, те жари неправда, те боли, ти доаѓа да се развикаш, голташ и враќаш вербално... душата те боли. Јас сум драма и танго, тој е некоја досадна опера и салса. Чудесии. Го љубам, целиот, мој, најмој... Во ПМС, а сум пресреќна. Нештата се редат, мирот се реди, сигурно не ќе биде се совршено, ама... се случува живот, убав живот полн мечти и остварени желби! Можности на тони, соништа на куп. Навистина можете да бидете се што сте замислиле да бидете! Се зависи од тоа колку сте подготвени да се предадете и да земете, да не се стискате и притиската, да не се сомневате во себе си. Секако и не романтичарски да сонувате, ами реално. Не знам до сега дали сум истакнала, ама... сега ќе го кажам па нека горам. Тешко примам размислувања, особено по критики од луѓе кои никогаш не биле среќни во љубовта, а уште помалку такви кои постојано се жалат за истото. За да имаш љубов, треба да бидеш љубов. Цел универзум се темели на љубов, а ти да ја немаш, до тебе е... или не знаеш да ја препознаеш и примиш или ја немаш во себе па не можеш да ја привлечеш, најмалку треба да делиш критики за некого... можеби треба прво да се засакаш себе си, луѓето околу тебе, да зборуваш со најубави зборови за оние кои и баш ги немаш, па да очекуваш чуда. До тогаш, чувај си го мислењето за себе тажен човеку.
Заљубена сум вечерва малце повеќе во мојот дечко ,леле како првиот пат се чувсвувам денеска,а минаа 6 години,да не претерав со апчињата?