Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.678
    Пол:
    Женски
    Зарем е поважно упорно да докажуваш дека си во право, кога не си, или да уживаш во животот со она што ти го подарил Бог? Дали егото на некои луѓе е толку големо, што навистина му треба толку многу хранење? (facepalm)
     
    На coolzhena, Dr.Awesome, eliesaab и 6 други им се допаѓа ова.
  2. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    17.211
    Пол:
    Женски
    Инспирирана од неодамнешна случка, се прашувам со колку луѓе ни се разминале патиштата само затоа што не сме се слушале?

    Ви се случило ли да седите со драга личност која со години била дел од вашиот живот, личност за која би направиле се, да зборувате, дури и да викате - а толку да не се слушате, толку да сте оглувеле?

    Мене да! И многу ме болеше! Не ме повреди глувоста, колку што ме повреди фактот дека и јас иако несвесна за тоа, сум повредувала. Трудејќи се упорно, давајќи поддршка, сила, енергија во клучни моменти, а се било залудно! Луѓето ги паметат само критиките и ''лошите'' зборови кажани најдобронамерно и најискрено, без помисла дека на некому му судиш... Да, за жал, тие зборови остануваат, а се друго тоне во вода!

    Сфаќаш дека луѓето се менуваат, стануваат глуви со текот на годините, толку преокупирани со своето ''јас'', што глувоста преминува дури и во слепило!
    Стануваат туѓинци... Затоа што не се слушале, затоа што не слушале, затоа што биле себични и суетни, затоа што не споделувале и не простувале, затоа што си фаќале кусури! Ете затоа!
     
    На butterfly33, Captain-Omni, Annath и 15 други им се допаѓа ова.
  3. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    Луѓеее фалат пари, не стигнуваат всушност!
    Уффф......
     
    На cresa-jagoda, Marossa, Valerin и 2 други им се допаѓа ова.
  4. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    Долго се мислев дали да пишам, дали да се отворам во целост. И, да!. Сватив дека некои рани мораат да се лечат, некои работи неможат да се чуваат длабоко во себе. Ова што сега го пишувам не сум го кажала до сега, и навистина се осеќам дека ми паѓа огромен терет од срце. Моја непрежалена љубов, слика негова која ми е во мисли секој ден, и која ќе ја чувам секогаш, засекогаш.

    Се сеќавам како се запознавме и станавме блиски. Толку блиски што никој неможеше да не одвои и украде желбите и тајните. Сакавме што поскоро да ни заврше работното време и да побегнеме од обавезите.
    Заедно бевме и во добро и во лошо. Заедно ги миневме сите убавини, неправди.

    А сега? Стојам на раскрсница со безброј патишта и се прашувам по кој да чекорам. Што ќе се случи ако одберам погрешен пат? Дали ќе има време да се вратам повторно на раскрсницата и да го одберам вистинскиот?

    Едно сум сигурна. Едно ќе остане, успомените, сеќавањето.
    Вистина е, понекогаш сакам да се вратам назад.
    Дали сум (не)праведна, прво кон себе, после кон него? Дали навистина сум неодлучна за прв пат, дали навистина ме спречува гордоста или има нешто што не сакам да си признаам.

    Сите ние имаме различни животни приказни, секој човек е жртва на внатрешната бура. Вечни борци со светот ,со самите себе, своите осеќања, понуди и принципи. Секогаш приморани да бираме помеѓу чувствата и стравот да бидеме слаби и ставени во јазот помеѓу принципите и сигурноста во својата сила, можеби и да е постои.
     
    Последна измена: 14 декември 2014
    На sanjaeva, Daydream, Candid и 14 други им се допаѓа ова.
  5. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    1.148
    Допаѓања:
    1.466
    Конечно и јас денес(т.е веќе вчера) одвоив време покрај ова учење за колоквиуми да си ја накитам елката заедно со мајка ми.Морам да признаам во овие моменти најмногу ми фали сестра ми,си имавме традиција ние три секоја година да си ја украсуваме елката и домот,а ете веќе 2 години сум сама со моите,кога ќе ми текне каква депресија ме фати откако се омажи :lol:
    Нема поголема љубов од онаа кон своите најблиски :l:
    Уживам во овие денови,уште само снегот фали :D
     
    На butterfly33, eliesaab, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Кога ќе се подмачкам со бело винце, можам да ги истрпам дури и паткестите селфиња - без превртување очи - што ми се појавуваат на фејсбук со накачена тенденција во сабота вечер. :yawn: Ако на ова додадам и нешто похованко за мезе, топ, се водам како расположенка.:D

    Надвор кочан, подзамрзнати вирчиња, се гледа дека иде ладнотоооооо. Потребни се грејни тела за зимово, од типот - дечко, или дечко со кола. Се зезам за второво:D, не сум продадена душа, фала Богу па ќе си купам кола некој ден. Прилики има, ќе се најде некој за наоѓање, ама нејќам за наоѓање бе, пу. Нејќам оти другите мислат дека ќе ми биде супер, тоа докажано многу лошо испаѓа. Мада што се' повеќе почињам да верувам во магичните моќи на стројниците, тап тап, ајде за два месеци свадба.

    Кај е тоа детето од Америките, ќе го збрлавам уште малце и ќе ме побара, па чао Македонијо.(fingers) А имаше и едно дете со 300 овци, го гледав по веснициве, па не се малце 300 овци, ќе го збрлавам и него, само овој без пасош иде. Ама па 300 овци жива мера, не се малце.... Живци раат, си одиш си пасеш цел ден, а не тука под константен стрес ќе живеам!

    Се мислев дали да фанам да си ја китам елката сега, ама оставив за утре. Не за друго, ќе мислат дека сум се ,,лапнала,, бааги, па од забеганост сум ја накитила. Дека никој нормален не кити елка во 3 саатот ноќта.

    И чисто информативно се зафркавам за мажачкиве, дека почнаа луѓево да ми честитаат. Можда мојот мртов сериозен израз на лицето им пренесува погрешна порака, ама шта чеш. Привилегија е да го имаш, па и да се потплашуваат троа од тебе.:devil:
     
    На Daydream, Captain-Omni, imelda и 22 други им се допаѓа ова.
  7. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.089
    Допаѓања:
    44.398
    Пол:
    Женски
    На овој датум минатата година се зачленив на форумов.На тој ден воопшто не ми ни текна дека со тек на време ќе запознаам толку интелигентни и мили личности.Почнав да се допишувам со неколку на чет,па си разменивме фб,а тоа воопшто не го очекував,не ни мислев дека ќе биде вака...А сега,сега без форумов не можам! Ех,кога ќе се сетам на честитките за мојот роденден :sun: ...Многу ме расположија!Секој ден се восхитувам од новите постови на членовите,овде сите споделуваме среќни вести,се тешиме кога ни е тешко.Во многу мислења се пронаоѓам,како јас да сум ги напишала.
    Како едно големо семејство сме.ВЕ САКАМ МИЛИ ФОРУМЏИИ! Да ве почестам по повод на првата годишнина. ^_^
    [​IMG]
     
    На LittleChili, butterfly33, Captain-Omni и 27 други им се допаѓа ова.
  8. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.946
    Aj so sreka. Uste mn da slavime.:)
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.899
    Допаѓања:
    173.522
    Пол:
    Женски
    Среќен форумски роденден :)

    Сакам да кажам, дека ми се смачи од времево. Коскиве ме болат, како стара баба сум.
    Реума...(facepalm) ОВие што си патат си години помалку се жалат од мене:rofl:
     
    На Teodora* и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  10. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Тукушто ја имав најлошата ноќ во животот..
     
    На eliesaab, Dream-Girl и Valerin им се допаѓа ова.
  11. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.033
    Допаѓања:
    36.162
    Пол:
    Женски
    Мисли и желби... Нешто меѓу реалност и имагинација.
    Правење план, стратегија за дејствување, разгледување на опции и заглавеност во моментите да се биде нешто повеќе. Нереални барања и копирања на ситуации кои не опкружуваат за да се вброиме меѓу мнозинството. Многу посакувања за успех, малку исполнувања. Тоа сме ние.
    А угорницата е тешка за искачување кога сме научиле да чекориме по рамнина. Приземноста тешко се изодува кога големината на афинитетите се вивнува во височината.
    Идеите се храна на духот што тлее како жар.
    Кога разгорениот пламен од мисли е толку моќен што нема сила да го изгаси ниту една исполнета желба на добар пат сме да се препуштиме на алчноста.
     
    На Annath, SparkyAngel, Mahidevranfan и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.278
    Ако денот по утрото се познава, тогаш мојов ќе бидe пријатен, осечам. :)
    Почнувајќи од вечерното излегување синоќа каде се случија мал милион пресврти, а во слична бројка што се вели, добив и покани за дружба на Новогодишната ноќ, од драги луѓе со кои ете поради некој сплет на околности едвај си имаме разменето некој збор овие пар 7 години уназад. Така да по се изгледа планот да славам дома нема да доживее релизација. Нејсе, утрово така поспана, после долго време го почувствував тој сладок мирис на празнична еуфорија кој мора да признаам дека ми недостигаше. Ги слушав моите од соседната соба како се расправаа ,,Пане, не синиот лампион бе, не и се свиѓа тој на Добрица, дај тој светкавиот'' И одма сконтав дека се ќити новогодишното дрвце. И еве ме сега со утринско кафе во рака, ве поздравувам и посакувам убав неделен ден исполнет многу насмевки.
     
    На Captain-Omni, calliope, cresa-jagoda и 13 други им се допаѓа ова.
  13. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.972
    Пол:
    Женски
    До кога аман веќе до кога ќе купувам козметика, кажав не купувам и пак купив мори главо тврдоглава чорапи немаш колку што имаш шминки
     
    На kala21 и Tumblr.123 им се допаѓа ова.
  14. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.064
    Пол:
    Женски
    Ги паметите оние македонски народни приказни, во кои децата и мајката "крадат" од подрумот месо и сирење дур таткото се расправа со бркање на мачор за да се реши од глувците ?

    Е, имам и јас едни такви дома :D На комшиите им го пушиме месото во нашата пушарница (нели она, суво, пушено месо што е де :D ), и баба ми ко мачор некој отиде и си украде малку од месото :P Ако комшшите видат дека сме им вратиле помалку месо, ќе ги удри една дамла :rofl:
    Битно, мевцето е супер, па сега другото.. :P
    Како велат старите: Дур мачорот го нема, глувците оро играат :rofl:

    Туку, ај моШ ќе ви правам лиги со месово, заминав јас :hug::hug: :bandit:
     
    На eliesaab, cresa-jagoda, Dream-Girl и 7 други им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Ај денес морам да си ги загреам газето, морам да учам
     
    На cresa-jagoda, Mahidevranfan, Sunshine.Sunshine и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    5.835
    Пол:
    Женски
    Убаво утро и убав сончев ден сонцето мами насмевки на нашите лица,уште поубав е денот кога ке помислиш дека си дал се од себе некои работи да бидат во ред и на место,а оставаш на другата страна да размислува и да сфати дали ке те цени каква што си или ќе одлучи со инает да го расипе она што започнало на толку убав и магичен начин.
    имајте убав ден искористете го ова малку сонце што е и излезете надвор,размислете за она што вие го сакате и само позитивно реагирајте дајте до знаење ако некој ви значи,утре задутре кога ке размисли малку ке сфати дека си била во право и дека вреди да се даде и друга шанса,надежта последна умира,нека остане тоа така.
     
    На Mahidevranfan му/ѝ се допаѓа ова.
  17. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.540
    Ме фаќа носталгија ,порано во мое време кога некој ке ми пратеше новогодишна честитка радости бев ,секое сабајле на вратата очекував по некоја новогодишна честиттка за нас во тоа време дефинитивно детствотот ни беше поисполнето во секоја смисла . 10846135_1062978990409348_6083153599198618370_n.jpg
     
    На natemila, butterfly33, eliesaab и 12 други им се допаѓа ова.
  18. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.109
    Допаѓања:
    20.051
    Пол:
    Женски
    10394829_843001462429361_145148449162880500_n.jpg

    Повелете Послужете се од кое сакате. Јас дури сега го пијам првото кафе за денес. Средена, избањата ( нели недела ефтина струја да искористиме :D ) , и си седнав со кафето на фемина. Имајте убав ден иако надвор е никакво
     

    Прикачени фајлови:

    На Mahidevranfan и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Абе што ме оговарате мене ми е галје. Тоа што ве игнорирам значи ви давам шанса да се соберете малку. А јас одам да учам, ај направете ми го животот уште поинтересен, кога веќе со вашиот нема што да се направи. Изгубени случаеви ви е.
     
  20. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Многу пати е кажано дека форумов беше подобар порано во однос на дружба. На сите нови членови им се посакуваше добредојде, им се помагаше, сите беа добро прифатени и не се чувствуваше некоја разлика во стар - нов член. Сега на кого да да му посакаш добредојде итн итн. кога секој втор што се зачленува е дупли, троен профил, трол или напален дечко |( Можеби на второто, третото лице на профил од некој член :D Очајни сте, навистина.
     
    На natemila, Lella, f.e.m.i.n.k.a и 17 други им се допаѓа ова.