I ovoj strav pomina.Ne.ne.Del od ovoj strav pomina.Sega baska sme i na pola pat.Vo mislite samo edna e zelbata.Covekot do mene uste ednas pokaza deka pravilno sum izbrala.Opsipana so ljubov bolka ne cuvstvuvam.Samo nadez i strav.Edvaj cekam da si go precekoram pragot i da vi se pridruzam so praznicnata euforija.Edvaj cekam za prv pat da ja nakitam elkata kupena po povod odkrivanje na polot na naseto galapce.Ma voopsto ne bese biten polot.Samo da bide zivo i zdravo.Samo mala simbolika za da niz nea dominira sinata boja.
Ај немој да ме карате само сакам да кажам. Не знам според кои модни принципи се водат некои од денешниве девојки со гол стомак на 16 Декември Ја ко недотуе капут и чизми до колена си опнав за до продавница
Порано, кога бев дете, овие денови, средина на декември, татко ми ќе не ставеше во кола, и ќе не однесеше некаде во планина. Уште рано, 7-8 часот. Со шалчиња и ракавици на нас, ја биравме најубавата елка, најзелената, највеселата. Ја носевме дома, ја китевме, не боцкаше по рацете, ама бевме среќни. Мајка ми не чекаше со готово јадење, и некој сутлијаш со мирис на лимон. Мирисаше цела куќа на елката, на лимонот, на храната, на нас. Заспивавме навечер, сите заедно во една соба, за да гледаме како светат сијаличките на елката. После Божиќ, елката ја дававме на некој кој немаше доволно дрва за греење зимата. Мајка ми ја раскитуваше, оти тоа не е и баш нешто весло како китењето, па децата бегаа од обврската. Денес, се сеќавам на тие моменти, ги уклучувам ламбичките на мојата елка, печам туфакии во шпорет и си варам чај. Се обидувам да ги доловам мирисите од тогаш, ама ништо не е исто. Мирисите на косите на моите браќа, на рацете на мајка ми, на татко ми. И сфаќам дека старите работи, не се враќаат. Нови традиции доаѓаат, нови работи, ново семејство, нови елки, нови обичаи. Некои нови клинци И сфаќам дека и оваа традиција, со елките денес, со туфакиите и чајот, ке ја снема. Ке има нова традиција, со деца, со нивни желби, со нивна елка, каде јас ќе бидам лошата која ке ја спакува елката во јануари, а тие ке чекаат подароци од неа. Се се менува, се тече, се е поинакво, секој ден, секој момент. И можеш да жалиш по она што поминало, или да тагуваш оти она другото не се случило. Или можеш само да се насмееш, да се утукаш во ќебето, да се напиеш една голтка од чајот и да помислиш колку си среќен сега, во овој момент, на ова место. И да уживаш. Оти се мора да заврши, дури и ние. И ѕвездите умираат, се менуваат, горат и ги нема. И нас ќе не нема. Ама среќата во овој момент е единственото што го имаме. Повелете една онлајн туфакија, моите уште се печат за да можам да ги сликам.
Ме нервира фактот што ми е ужасно тешко да зборувам за своите чувства, и што воопшто не знам да ги изразам кога тоа е потребно. Секогаш останува, како огромна грутка на душава нешто кое што ме пече, нешто недоречено кое што или не сум сакала или не сум знаела да го кажам. И најчесто, токму во тие неколку премолчени реченици лежи суштината. И проблемот. Никогаш не научив да го одредам својот карактер. Времето го менува, изобличува и дели на илјадници парчиња кои се составуваат на секогаш различен начин. Немам проблем со тоа, баш напротив. Само малку се плашам од тоа каква можам да станам...
Нема ништо поубаво во зима од попладневна дремка на каучот карши елката. Топличко, сијаличките светат... за мерак!
Среќата е во малите работи Пример, си излегов 10мин порано од работа си го фатив автобусот кој секогаш ми бега и ќе бидам дома со 40мин порано Си најдов 5ден по пат, се израдував како мало дете, си сокрив во новчаникот чекајки да ми донесат среќа И по пат слатко се изнасмеав, сокриена во долгата јакна... Ми текна на муабет кој го правевме со мм. Тој е мојот живот, она што ме расположува секогаш И сега со некое посебно чуство, убаво, си одам накај дома да си ги прегрнам најмилите, за нив и постојам
Среде соба високо, елката ни стои... Со сестра ми се решивме и ја ставивме во ќошот... Пеејќи и смеејќи се, ја стававме некако. Додека ја вадевме од кутиите постојано се плашевме врскајќи демек излегол гуштер или такво нешто. Комшиите баш се забавувале слушајќи не’. Туку повеќе јас ја редев, сестра ми само се врткаше и ќе ставеше по некој лампион, а на крај, јас како перфекционист 1000 пати ја прегледав од сите страни, а таа само тапкаше со нозете. Ги обожавам овие денови, полни се со љубов, топлина и радост. Се’ е некако полно со новогодишен елан, и колку и да ти бил лош денот, не можеш а да не се кикотиш и смееш мавтајќи со оние реските и правејќи неред. Ама на крај преубаво е кога ќе го видиш крајниот резултат. Па и кога ќе се изгасат сите струи, телевизорот, екранот на компјутерот и само светилките светат во собата, невозможно е срцето да не ти се разигра и исполни со чудна топлина, па ти доаѓа да скокаш и викаш. И за крај, еве ја нашата елка, сестра ми што ја сликала од Снапчат . Жал ми е што не може да се долови убаво светлината и лампионите кои светкаат одбивајќи ја. Спојлер: Слика од елката =D И да: Дополнителна радост ми причинува што додека ја вадеше мајка ми од подрумот, најде стар Правопис на македонскиот литературен јазик. Додуша доста е стар, ама сепак е Правопис. Ќе припукнам од радости
СДК ... јас сум можеби една од ретките ...Овој период од годината со време некако сакам да го преспијам. Празници, некако не ме радуваат како порано ... Собирање на блиските, пријателите, забави, славење ... тоа ми е некако напор. Китење?? Абер немам, а и го правам ради реда. Не е дека не верувам во магијата на овие празници, туку секогаш по некоја случајност не сум исполнета, затоа што емотивната страна ми е заспана. А овие празници токму тоа и се, емотивно - магични. За мене од некоја година навака, не.
Мода, после ќе си имаат здравствени проблеми, па ќе размислат дали пак ќе тераат мода.Друг начин, да сменат мода, нема.
Најмил мој... Денес сфатив дека не плачеме поради тоа што сме слаби, туку поради тоа што премногу долго сме биле силни. По толку тежок период конечно добра вест - и веќе во следниот момент се крши фасадата што си ја чувал со месеци и не можеш да ги сопреш солзите од набојот на емоции... Благодарна сум за овој ден и за пружената шанса, за една грижа помалку, знаејќи дека си добро...
Неможе човек на рает да се израдува на празниците и доаѓањето на Новата Година од овие колоквиумите и семинарските работи... А, баш би сакала да лежам стуткана во ќебе и да ја гледам елката како светка, наместо да седам пред компјутер да правам презентации, семинарски и да учам деноноќно. Но.... си се тешам дека после ќе сум слободна и ќе имам конечно време да ги направам сите работи кои ги испланирав (look on the bright side) А, вие кои сте слободни поуживајте и за мене малку
Кога веќе почнавте со предновогодишните слики.. Она кога не ти се учи, ќе бараш слики од чоколадни зајаци.
Изгубен е сјајот, изгубена е магијата и оригиналноста, изгубена е топлината, изгубена е светлината. Не е тоа што беше и никогаш нема да биде, без оглед што не сум чест посетител како некогаш, имам убави спомени од тука, но, не е тоа што беше и тоа нема да го смени фактот што имаме нова платформа. Изгубени се многу вредности, не само тука, туку генерално во целава ни држава, па и во светот. Не можеме да промениме ништо, за жал. Се обидуваме, но залудно е. Еден ден ќе биде подобро, да се надеваме. Еј, празници се ближат, знам дека знаевте. Го обожавам ова време од годината. И снегот. И светулките. И топлиот чај и топло ќебенце со книга во кревет. И мирисот на печени костени и смрзнатите дланки дури ми се симпатични, а па за топла прегратка на студено време не се потребни коментари. Среќни празници на сите. П.С не ми значи ништо титулата форумски идол сè додека не станам реален идол еден ден на моите деца
Живееме во време кога владее отуѓеност. Робови сме на паметната технологијана на која и посветуваме повеќе време, отколку самите меѓу себе. Кога конечно ќе најдеме малку време за кафе-дружба, со наведната глава, секој е задлабочен во виртуелниот свет, додека пријателот седи до нас. Очигледно полесно е да му пишеме, отколку да размениме два-три реда искрени зборови, очи в очи. Замреа обичните дружби, бидејќи немаме доволно време за такви излети. Обврските, работата и стресот не гушат и оддалечуваат. Трката за преживување не изобличи, претворајќи не во напнати, агресивни и бескрајно тажни луѓе. Или немаме време, или немаме пари. Во најголем дел, проблем се и двете работи. Не можеме да искажеме најобична емоција, без некој да ни ја поистовети со слабост. Не радува туѓата несреќа и кришум размислуваме што не е наша сопствена мизерија. Рамнодушно одмавнуваме на секој поздрав и продолжуваме. Ова лудо време ни ги одзеде оние мали задоволство во кои сакаме да уживаме. Наместо семеен ручек за кој се помалку има време и можност, сервираме нескриен восхит на изопачени вредности, го делиме воздухот со квази-јунаци, се восхитуваме на изјави од самопрокламирани професионалци за што наоѓаме време. Најдобрата одбрана е дека секое време носи свои промени на кои не можеме да влијаеме. Неосетно, ја изгубивме човечката сентименталност и заборавивме да се радуваме. Никогаш не сме биле толку осамена толпа од народ.