Јас денес го закочив сообраќајот. Ама грешно почнав, звучам ко некој ексклузивен и спектакуларен наслов на нашиве мизерни порталчиња. Не беше ко на Дузи приказната, од убавина, да не ме сфатите погрешно. Туку застанав пред пешачки, а една незгодна кривина е, па да не се зададе некој автомобил и да ме качи на хауба да ме повози, ама и авотобилот што сакаше да сврти подзастана, иако беше забрзан, а јас несигурна дали ќе дозастане, држ- не дај, тој стои, јас стојам, позади застанаа, па тој зема ми мафта со раката помини веќе еднаш. И така, претрчав набрзина, да не почнат да ме пцујат сите. Ама да бев убава ко Дузи, ќе ме чекаше тој стрпливо. Да си знам за следниот пат.
Ponekogas nekoi luge ne zasluzuvat odgovor na nivnoto prasanje,bidejki sami si go skroile odgovorot!.
Криво ми е што не можам да напишам некој позитивен пост,но душата не ми сака,не се чувствувам тажно,се чувствувам нервозно. Две работи ми го уништуваат животот: 1.Преголемите очекувања односно плановите 2.Преголемото дневно размислување за банални работи Ова првото навладувва,и се што ке речам е никогаш,никогаш,никогаш не очекувајте ништо од никого бидејќи ако не излезе како што мислите...ударот е преголем.Клучот е во скромните постапки ..и мисли.
Понекогаш скапо е кога немаш влакна на јазикот. Кога искрено, со добра намера, во лице на некој му укажуваш дека некои работи ги греши. Дека патот по кој оди, не му е правилен. Дека гневот му е непотребен, дека гледиштата му се претесни, дека целите му се невозможни или глупави. Понекогаш е лошо да и кажеш на другарка ти, дека длабокото деколте е предлабоко и дека изгледа евтино со прекусото здолниште. Дека носи ношница, а не фустан. Дека типот кој ја тепа, а она го трпи е дебил, а таа негова поддршка. Дека е глупава што го трпи. А најлошо е да и кажеш дека има љубовница. Лошо е на колегата да му кажеш дека греши и дека не е во право. Онаму каде си се сопнал, тој нема да се сопне и нормано, ке биде пофален дека е безгрешен. Само оти си му пренел искуство, знаење и совет, ти автоматски стануваш глуп, оти си згрешил пред него. Лошо е да дадаш совет кога ти бараат искрено. Совет се дава во завиена форма, и секогаш треба да заврши со - ама ти си знаеш и како сакаш, и секако ке биде она што треба. Лошо е да речеш, ако не ме послушаш, ке патиш, ке се удриш во првото дрво и нема да успаееш. Лошо е да му речеш на некој - си ја утнал работата, сега нема надвор од овие гомна во кои си западнал оти си бил невнимателен, инаетлив и светска мрза. Не. Ке му кажеш дека е баксуз, дека Марфи е крив, а он всушност, многу бил во право, ама ете, лоша среќа. И да не се нервира треба да му кажеш. Не му давај насока како да преживее. Оти ке бидеш крив. Трепкај и прави се фин сите ке те сакаат. Кога си брутално искрен, те мразат. И после ке те мразат кога ке излезе по твое, а не те послушале оти гордоста им била поголема од прифаќањето на реалноста и вистината, и не те послушале. Ама ете, таква сум. Кажувам што мислам, патам заради тоа, излегува пак како што сум рекла, ме мразат оти излегло ттака. А ако прифателе совет, ке биде посреќни. Ама гордоста е тешко да се голтне. Втора работа, кога луѓето ве навредуваат, тоа не значи дека има вистина во нивните зборови. Тоа значи дека немаат начин да се видат себе си во поубаво светло покрај вас, па мораат лажно да ве осипат со навреди, за тие да се чусвтвуваат подобри од вас. Нивните комплекси, болки и маани станале толку големи, што немајќи начин да се подобрат, мораат да ве навредат, за да бидат барем малку добри како вас. Навредувачот зборува за себе, не за вас. И треба да ви е жал за таквите луѓе. немаат друг начин да им е подобро. И нека е на ваш грб, оставете ги. Нека ве навредат, нека им е добро. Вие се знаете самите себеси и знаете дека навреда од таков човек не боли. Само е тажно. Ама, ете сега се празници, па направете некој да се чувствува добро заради вас, па макар и преку лечење фрустрации. Трета работа. Многу работи не се фер, ниту пак животот. Да беше фер, ке беше прелесно, сите ке го добиеа она што го заслужуваат, она што им треба и она што го сакаат. Ама не е така. Секогаш ке има дебили кои возат поршеа и купери, а немаат ни ден работено во животот, и секогаш ке има такви кои работат ко стока, а едвај преживуваат. Не е фер. И така им завршува и животот. Некој умира во скапоцености, на бели перници и меки рачиња, а некој со испукани раце, слаб и истоштен од животот. И мора да е така, и не можеме да се лутиме на никој заради тоа. Четврто, љубов е кога сакате да откинете парче ов своето срце и да умрете, само за да живее оној кој го сакате. Буквално. Кога не ви е јасно зошто не можете да тргувате со Бог за вашиот живот во замена на туѓиот. Кога со сопствените раце би го искорнале срцето и би рекле - на, земи го и дај му го на другиот. И болка е кога Бог не ви одговара, а молкот значи дека не може тоа така. Нема тргување со него. Сеуште би го дала она парче од срцето. Ама џабе. Петто, доста ми се срцепарајучи постови, и онака ќе има неоснован хејт. Отидов да учам. Убава вечер.
Нема нешто поубаво од тоа на крајот од денот да сфатиш дека си имала преубав ден исполнет со среќа, позитивни мисли и насмеани луѓе покрај тебе. Имајте добра ноќ!
Едвај чекам да помине годинава. Убедена сум дека наредната ќе биде многу подобра на секое поле. Убедена сум дека ќе ми донесе среќа, здравје, успех. Убедена сум дека се ќе тргне по вистинскиот пат. Крајот на оваа година ми го разубавува славава, ми го разубавува собирањето на семејството на куп, доаѓањето на омилениот вујко. Тонењето во храната која некако секоја година празнично има преубав вкус иако секогаш ја готвиме на ист начин. Прв пат елката не ни е накитена пред слава, зошто при сите преместувања по дома не можам да ја најдам, а е буквално една педа Утре ќе превртам да ја пронајдам и да ја ставам во некое ќоше каде внук ми со топка нема да може да ја докачи И си чувам нови пижами за новогодишната вечер, затоа што и така ја замислувам, во пижами, со свинско, руска и кифли и омилениот колач. И ќе им дозволам на гостиве и Гранд да си пуштат, ма што сакаат само да тргне на весело. Изминативе недели сфатив колку е важно да си близок со сите од фамилија. Толку многу сме се одалечиле што дури и две карти да платиш до некого се многу. После многу години одлучивме со сестра ми да одиме на гости кај тетка ми, братучед ми. Верувам дека кога би ги исправиле сите малку по малку работите животот ќе ни биде многу полесен. Денов поминат во спремање, па сега се осеќам како стара преморена баба која едвај чека да одмори. Не дека се скршив од работа ама некако за еден ден премногу ми дојде. А секоја година викаме дека нема да чекаме последен ден. Ај од наредната ќе фатиме по со ред
Ужасно ме нервира постојаната промена на расположението. Лошо ми делува. Ме измачува. Се уште ме прогонуваат работи од минатото и никако не можам да тргнам напред без нив и да ги оставам таму каде што им е местото. Има моменти кога ме исполнуваат и прават среќна некои мали работи, а веднаш после тоа паметот ме навраќа на непотребни, лоши работи и расположението ми се сведува на една голема нула и непотребна тежина ми стои на душата. И јас, исто како и @marama со нетрпение го очекувам крајот на оваа година и се надевам дека следната ќе биде многу подобра и дека конечно коцките ќе се наредат. Иако, очекувам и крајот на оваа година да биде добар, ако ги земеме во предвид и двете убави работи кои ми се случија вчера. Во наредниве, последни две недели од месецов и годинава, ме очекува многу дружење, славење и убави моменти, за добро заокружување на оваа година. Да ја завршиме оваа година добро, и да ја започнеме новата уште подобро.
Колоквиуми се ближат - а желба за учење = 0 !! Криво ми е што годинава го пропуштам утрешниот собир со целата фамилија, нормално по повод славата. Но што е тука е. Барем ќе бидам покрај него после цеееел месец. Имам некое чудно чувство...како нешто да останало недоискажано. Кај и да е можеби ќе соберам храброст и ќе решам се што ме мачи. А до тогаш? Ќе уживам со него, ќе уживам во неговата љубов, неговата прегратка, неговиот мирис... Знам дека еден ден ќе ми недостасува...но исто така знам дека потоа повторно ќе бидам само негова. Ќе биде подобро - за нас. За двајцата нас.
Не можам да верувам што ми се случи, значи тоа што го посакував очајно веќе неколку години, денеска конечно добив надеж и сум прекумерно среќна. Чуден е животот.
Sekoja godina ova vreme slusam citam'aj da si odi ovaa losa godina'.I se taka 36 godini go slusam istoto.A posle preku cela godina slusame'lele kako brzo letat godinive'. Godinite ne letat nie gi brkame. Uzivajte go sekoj moment dur minuva pokraj vas i skoncentrirajte mu se.Posle nema zalenje.Nitu pak vrakankje.
кога си мртов те фалат кога си жив те плукаат и газат кога си мртов ти е сеедно кога си жив те боли стварно, што е со луѓево? ај биди паметен?! јас не сум, никако да го сфатам тоа .....
Се сеќавам кога ми кажуваше дека неа веќе ја нема... Кога ми кажуваше дека можеби никогаш повторно нема да ја сретнеш... Но, јас знаев. Знаев дека еден ден пак ќе ја сретнеш, ќе ја гушнеш силно, посилно од порано. Таа никогаш не те напушти. Само одреден период патиштата ви се разделија. Но, сега се споени, па зарем е важно што било претходно? Знам дека вашето другарство ќе трае вечно. Знам колку е силно. Години и години поминуваат, а таа сеуште е овде за тебе. Знам дека таа секогаш ќе биде. Кога сите ќе те напуштат, па можеби и јас, таа ќе остане до тебе.
СДК честита слава Св. Никола, на сите оние што ја слават како домашна и на градот наш. Повелете на гравче и сарма, а богами и на чаша винце. Тетка ми се израдува денеска рече по 10 години повторно ќе почнам славата да ја правам и како нешто да ме тераше. Вика сето на брзина така го спремивме, ама да ме прашаш сега се чувствувам среќно. Јас имам две-три слави, едни денес едни утре и така деновиве со занимација ми се. Иако многу, многу не обожавам јас ваква работа сепак кај најблиските кога си за убаво е. Да се собереме сите на една маса и претчувствувам дека ќе биде фешти.
Ако сакаш ќе ти кажам кај да отидеш, абре лепотица ќе испаднеш, не незгодни кривини, луди возачи, па па паа... Ќе си газиш на пешачки ко кинеска краљица.