Ах брее .... Зошто секој пат кога ќе стапнам на земјава ми се рика плаче за назад у рок од 24 часа . Некои работи ќе ги сфатев да беше некој друг град ама скопје е. Превише јадење говна премалце работење. Ја не можам да ги сфатам изјави од типот "Ја ебев ја оваа" за малце ќе му викнев провери се да не имаш сида .Прилично јасно ми е дека скапува овде ко стока додека јас си ја ладам у Норвешка - си се посмеав слатко на крај. А и чим ме памтиш сонце веројатно љубовниот живот ти е баш возбудлив
... Ќе има продолжение на расказот???... таман си ја доловив сликата ....и толку...Не е фер да напишеш добар вовед и да ни речеш ко во читанките довршете си го сами расказот.... И што се случи после ??? До девојчето стигна ...да те потсетам...
Значи веќе не знам каде да се обратам! Секој ден нешто ново вкусно наоѓам низ градов и си го ставам на листа на обавезни продукти. Последно сум опседната со десерти со вишна фил. Не пребирам и апсолутно во се' си наоѓам посебна убавина без разлика дали се мафини, кроасани, грчки колачи, англиски пити, штрудли со прав шеќер, вафли... Официјално признавам дека сум зависна и дека ми нема спас! Се читаме во темите за диети Ај воздржи се на ова бе
Има денови кои навидум се сосем обични денови,но во суштина ни носат некои пораки.И не се тоа пораки со шифри,туку сосем обични.По некоја игра на судбината дознаваме нешта кои требало да останат скриени од нас но ете сме ги откриле, без да сакаме.Велам јас, дека се се случува со некоја причина. Ништо не е случајно, туку само спонтано.Ништо не е толку страшно и толку тешко како што ни се чини во одредени моменти.Ако за нешто знаеме дека е крај, треба да бидеме свесни дека по секој крај има и почеток, и секој почеток ,свој крај. Земаме се здраво за готово, без да сме свесни дека сите имаме своја мисија на овој свет. Колку порано го сфатиме тоа, толку подобро и подговорно ќе ја извршиме. Сега без двоумење би продолжила на раскрсницата, а вие?
Во суштина сум личност која сака да им помогне на најблиските,ќе ги слушам и 24 часа доколку имаат некоја мака,ќе се трудам да ги утешам и да им помогнам...А дали знаете какво е чувството кога вам ви треба помош,тие што требаат не сакаат да ве ислушаат,имале и тие свои проблеми,и искрено боли,боли од дното на душата...Јас тоа го разбирам како себичност,кога човек си е битен само сам за себе,а чувствата на другите не...А уште повеќе ме нервира фактот што сум толку сум чувствителна,и дозволувам да ме погодат овие работи...На крајот,човек без чувства па и не е човек...
Ги сакам луѓето кои си ги признаваат грешките и се насмевнуваат од срце кога ќе сватат дека погрешиле и не се во право
многу погрешив ама сепак си ја платив грешката.тоа е животот. ги гледам другите околу мене и понекогаш се прашувам што мене ми фали?
Си ја накитив елката, украсив се по дома и God bless @Salome за празничниот напиток. Е јас така си го викам празничен затоа што каранфилчето и циметот заедно ме асоцираат баш на таква Новогодишно Божиќна атмосфера, баш се изнанадија домашниве и ептен им е по вкус. Едноставно не е тоа тоа ако Декември не мириса на печен бадем и цимет. Топла и пријатна атмосфера, филмче, кученце што спие под елката, кора од портокал на радијаторот, некој дреме, некој гледа тв и така...
Моментот кога ќе запнеш на некоја задача математика и тука си, нема напред, нема назад. Нек се носат и полиноми, и мономи, и форумули, и се’!
Како забораваат луѓево? Како можат да заборават некој кој бил дел од нивниот живот подолг период? Како можат да ги заборават сите моменти поминати заедно? Никогаш нема да разберам. Јас, изгледа спротивно од сите останати, никого не заборавам. Некои заминаа порано, некои подоцна, но останаа некаде во спомените. А тоа не се заборава. Како би заборавила на единствената личност која успеваше да ме насмее кога бев малечка? Како би ја заборавила најдобрата другарка од детството? Како би ги заборавила пеколните денови поминати во болничката соба? Како би ја заборавила жената која ми го спаси животот? Тоа не заминува. Затоа се спомени. За да останат запаметени засекогаш. Никогаш да не избледат.
посакувам овие новогодишни празници дома да ги поминам,со моите. спокој ми фали.и мир.и целата болка да исчезне.се што е лошо да помине. посакувам еден нов почеток и да заборавиме се што не повредило, мамо,тато ми фалите и не ми го одземајте тоа задоволство овој почеток на годината заедно да го почнеме.
Шо убав изум ова славиве. Расположена сум... не размишљам за проблеми, ни мои ни туѓи. И така. Ве сакам сите.
Колку е интересно кога ќе сфатиш дека баш сè си има своја приказна. Дури и сите оние телефони со скршени екрани кои секојдневно ги гледаме низ градот зад себе кријат некоја приказна околу тоа каде или како паднале или после каков ужасен разговор биле фрлени на подот. Но не е толку интересно кога ќе се сетиме дека истото им се случува и на луѓето. Сите ние сме скршени, кои повеќе, кои помалку, и тоа е сосема во ред. Но не е во ред што токму како таквите телефони, и ние често сме во дланките на оние луѓе кои се виновни за нашите скршеници. А колку само повеќе вреди и најмалечок дел од нашата душа во споредба со сите тие телефони...
Време е да се препуштам на виорот.. Леденава врата која води до срцево, е одамна затворена. Впрочем, никој не се ни обиде да го разбие мразот. Премногу му е студено на срцево.
...дојдов овде да кажам дека и покрај лошите оценки, сепак се чувствувам екстра расположена. Ова беше една прекрасна недела која иако беше исполнета со многу тестови и писмени, сепак беше прекрасна и исполнета со многу смеја. Ах,камо сите недели да се такви.. Добра ви ноќ и имајте убав викенд.