Среќен Божиќ на сите оние од католичка вероисповед како мене! Туку,за празнициве сите роднини ми дојдоа освен црвената тетка И заради тоа што таа касни,сабајлево се посрав од страв Вчера дури и купив тест за бременост за да се осигурам дека нема да станам млада мајка,иако сум милијарда проценти сигурна дека не сум правела ништо без заштита. И ете,негативен ми излезе. Една линија. Арно амаааа,истиот ден си активирав да имам две линии на телефон,знаете,да ми звонат и други додека зборам со некого. И сабајлево,мајка ми ми пишува порака: - Од каде имаш две линии бе? И тогаш,во глава ми излегоа триста сценарија,дека мајка ми го нашла тестот,дека станал од контејнерите позади капитол,дека тестот оживеал,се премислил и ја разбудил мајка ми да и соопшти дека сум трудна... Абе баш на се помислив,освен на тоа дека за телефонот ме прашувала. Епа тоВа ми е
Колку- толку и јас почнав да созревам.Дојдов до оној стадиум каде што ги тргаш своите потреби на страна и правиш работи само за да изнудиш насмевка на саканите.Ете, денес наместо со заштедените пари да си купам некои стварчиња по кои долго време си пекав, решив да и купам на мајка ми подарок онака без никаков повод.Па нека се радува жената.Cheers to that. Имајте убав ден.
Не знам за вас, ама мене веќе ме зафати новогодишна еуфорија и покрај тоа што времево наликува на сé друго освен зима. Дури почнав и новогодишни тегли да правам Сега само уште да ја погодат временската прогноза, па да нé завее снег
Цврсто сум убедена дека некој доаѓа дома додека сите спијат и ми краде чорапи и усб-а. Патем како што полека станувам свесна за ова, мислам дека добивам сантафобиа и престојниов период ќе заклучувам брава неколку пати. Батали тоа подароци под елка, мора да признаете дека е тотално creepy некој непознат да ви влезе дома за наводно да ви остаи подароци и притоа се шета во темницата на прсти, а не зборам за евентуалното загледување во мене додека спијам кога дедето проаѓа од мојата соба..
Праници се нижат празници се ближат...каква празнична еуфорија ме фати на секаде фотографии со елки декорации крисмаски па нема поубави фотографии од зимските бре нема барем за мене некако ти ја топлат душата ,топол дом камин елка и ти си пиеш чајче безгрижно е ајде де не баш безгрижно се плетка по некоја грижа ама пак кај има поубав анбиент ,ти ја топли душата звукот на дрвата што горат ,па и снегче да падне и све ке си биде како што треби, убавини.. .Секое годишно време со своја убавина .
Не сум сигурна како времето кое што си го давам на себе за да размислувам влијае на мене. Понекогаш е конструктивно, понекогаш е деструктивно Како и да е, уживам во моментите кога сум сама со својата психа и имам прилика да се дружам со себеси. Некогаш сум си многу добра пријателка, а некогаш сум си она ’лошо друштво’ од кое мајка ми ме советувала да се дистанцирам. Во секој случај,секое друштво годи со добар амбиент, и со добра музика...
На форумов нема алкохоличари по некоја пијаница и пијавица ама тоа е. Вино не ти даваме оти според постов си дрмнала 2-3 пред да го напишеш.
сдк - Чувствата не може да ги командуваш, но ако ги послушаш повеќето ќе те наградат со блаженство и со блажен осмех на лицето...
Попладнето бев да ги направам ноктите и во салонот беше прилично ладно. Се смрзнав. И сега воопшто неможам да се згрејам. Ми студии пааа...
Се прашувам како некои луѓе, кога се работи за деца велат: друго е да си имаш свое, поинаку е. Ако ти ги сакаш сите деца, кога ќе имаш свое, ќе видиш. Поголема е љубовта. Свое си е свое. А, кога се работи за туѓ маж/жена не велат така, не велат имаш свое, цени си го, сакај си го, туѓото не чепкај го. Абе чудна работа. Луѓе со два аршина. И стварно не можам да ги сфатам луѓето на кои туѓото им е послатко. Не е послатко. Туку не научиле да си го ценат своето. И завидуваат и љубоморат на туѓото. Колата, жената, кучето на комшијата поарни се гледаат. Тревата на другата страна секогаш ни се гледа позелена. Е, тоа е... А, кога ќе го загубиш и тоа што го имаш, ќе си ја трескаш главата од ѕид..
СДК коа ми спомнаа дека деца сум требала да иам пошо сум омажена "и да даде господ 2-3 дечиња да си изродиш" Некој забораил да им каже дека ни ја ни муж ми не сакаме деца I almost chocked
Интровернта сум. Не сум срамежлива, немам проблем да зборувам со луѓе, едноставно луѓе ме исцрпуваат и ми треба време да бидам сама после секое подолго поминато време во друштво. Ама не знам што ми направи тој, времето поминато со него не би го заменила за ништо.
Пишувам и бришам,пишувам и бришам и така во недоглед. Само гледам во белово квадратче и мислите летаат,ама прстите не функционираат. Сакам да напишам многу нешта......грст измешани чувства на тага и беспомошност,нешта од кои толку многу се плашам,се срамам, со кои се гордеам...... Нешта кои треба да го напуштат моето, срце, душа и ум за да можам да живеам слободно..... Нешта кои мора да ги поделам..... Но некој дел од мене не знам зошто тоа не го дозволува.... Секој ден е така и со сите луѓе е така дури и со најблиските..... Никако да ја тргнам маската од своето лице.... Да им покажам дека тоа што го гледаат не сум вистинската јас..... Дека тоа мое ''добро сум'' е тажно,расеано,неутешно,изгубено,исплашено и Лажно. Позади насмевката кријам повеќе болка отколку надеж и сила.... И знам дека сите обиди да се отворам и да ги покажам своите чувства повторно ќе бидат безуспешни.... Ми останува само надежта дека личноста која се наѓа под маската нема повторно да добие шлаканица од животот .....
Детство... Па не сум сигурна што е тоа... Дали детство значи исчукани ножиња од велосипедот? Дали детство е кога мајка ти постојано те потсетува дека не треба да јадеш многу чоколади затоа што ќе те болат забите? Дали детство е кога заспиваш изморена во дневната, а изутрина се будиш во друга облека и во својата соба? Најверојатно... Не знам, никогаш не го доживеав тоа. Првите години од мојот живот ги минав во болница. Цимерките доаѓаа и заминуваа, а јас останував многу подолг период. Зимите не излегував како секое дете. Немав допрено снег се` до шестата година... Секоја зима, од прозорецот ги гледав децата со санки по улиците и топки снег во рацете... Секое лето имаше промени. Некогаш ја белевме целата куќа, некогаш купувавме нов мебел, така да секогаш имаше работа низ дома, а јас, секако, во кревет, болна... Потоа, паднав од велосипед. Тешка повреда на ногата имав... Цело лето ми зараснуваше раната. Наредното лето, истата случка, само што овојпат настрада другата нога... И така, решив да не бидам дете никогаш. Решив да бидам возрасна жена, иако имав само седум години. Решив никогаш да не се смеам и да не уживам затоа што секогаш имаше последици. И така, еве ме, со полни петнаесет години, сеуште истата. Со различни сфаќања и погледи од сите. Зрел ум во околина на зелени лубеници... Детето кое одбра да нема детство. Детето кое одбра да биде различно од другите. Детето кое ги трпи последиците од сопствените далечни одлуки...
Тажна сум што изминуваат последните денови од 2014 една од поубавите години во мојот живот ... Но после се што доживеав и оваа што моментално ми се случува се надевам а и сигурна сум дека се ќе оди како што треба и во иднина. Тој е мој,овде е до мене и ќе биде засекогаш знам.Би го гледала само него цел живот не ми треба никој друг,сигурна сум во тоа. Целата моја љубов е посветена на него внимавам и секојдневно сонувам за нас,за нашите денови кои допрва треба да ги живееме заедно,ги чекам моментите кога желбите полека полека ќе почнат да се остваруваат.Колку ќе биде среќен ? А пак јас колку ќе сум среќна гледајќи го колку е задоволен,заљубен и насмеан секој ден заради посебна причина. Вистина е дека човекот може да се заљубува повеќе пати во иста личност - потврдувам! Човек кој знае што сака во животот и секоја зацртана цел гледа со сите свои сили и можности да ја оствари. Понекогаш се замислувам,гледам наоколу и погледнувам до мене што имам.Колку среќен човек сум јас? Сонувам ли ? На момент ќе ми каже некој збор кој што ме остава без здив и ми потврдува дека не сонувам дека сето оваа е реалност и дека оваа е мојот живот. Овие моменти во кои живеам и се радувам се животот кој што од секогаш сум сакала да го живеам. Исполнета,спокојна,среќна,сакана,задоволна ... Што уште да побарам ? Не барам многу но се што посакувам е само добро здравје за себе,за него за оние луѓе кои прават моето секојдневие да биде бајка. Сонувајте,вашите сонови една ден ќе станат јаве доколку верувате во нив. Јас веќе живеам дел од мојот сон
Го знаете она кога ќе си кажете "Еден ден ќе си купам тоа и тоа, се што сакам и ми треба" ? Епа еве за мене стигна тој ден и пресреќна сум! Сама од својата работа и плата да си купам нешто за мене, а воедно и моиве дома да ги почастам и да им помогнам. Не е прва плата, но досега беше она неопходното, а сега можам и нешто плус. Една по една да ги остварам моите желби... Еве пијам од омиленото кафе и пишам Ајде да се враќа и кај вас!