Имаме многу убави луѓе во Македонија. Заклучив откако прошетав низ Цирих и таму девојките можат вода да им носат на нашите, не само од тука, туку од цел Балкан. И подотерани, посредени, зрачат едноставно со поинаква енергија, а сигурна сум дека помалку пари трошат од Швајцарките на пример.
Поентата е колку од тие што си ги видела во Цирих всушност се домородно население од Швајцарија со оглед на тоа што пола Косово и Западна Македонија е на печалба таму особено во Цирих, а каде се другите имигранти што живеат таму? Во Виена се ќе видиш само не Австријци. Во Западна Европа кога машките и девојките знаеја што е фитнес и теретана ние тука со папучи одевме на работа.
Не мислам, заради тоа што се работи за свој народ, туку затоа што е така, сега ако ти мислиш поинаку, ок
Зошто мислиш дека е така? Јас си го сакам македонскиот народ, тоа се гледа и по моите постови, но не сум слеп. Како прво, многу сме нездрав народ, болници полни, второ многу ретко некој од тука тренира нешто или тоа го прават кога ќе се здебелат. Од друга страна Холанѓанките високи, витки, зготни, вкусно облечени, сите на велосипед цел ден.
СДК дека сум уморна. Физички, психички, посебно емоционално. Ми треба убав одмор на душичката, нешто што ќе ми направи стоп и рифреш, па можеби и поправка во некои делови, отстранување вируси. Преинсталација де. И сега звучам како ама тоа е...
А зошто да не мислам? Малку ли има наши, убави луѓе? Се сомневам дека некој чека последен момент да тренира, барем не познавам такви, баш напротив.И, што имаат врска другото, дали здрав народ или не? Имаме нормален , паметен народ.
Многу произволни оценки даваш генерализирајки и ставајки ги сите луге во ист кош. Па така според тебе македонките се неморални се е... со сите, па еве сега нездрав народ сме биле, сме вежбале само кога ќе сме имале зор, споредуваш со народи и земњи кои само на тв си ги видел..... Ок е да кажеш свој став, но немој да генерализираш и навредуваш цел еден народ. За да генерализираш треба да имаш многу детални податоци од кај нас и од зењата со која споредуваш а ти тие податоци не ги поседуваш. Од кае закучокот дека ние сме дебели, грди.... па излези во Скопје на плоштад или прошетај низ трговски па ќе видиш колку згодни и убави жени и мажи има кои се грижат за својот изглед. И, како виде дека холанѓанките се згодни, високи... Гледаш на холанските телевизии? И во холивутските филмови американките се совршени па во реалноста не е баш така. Убаво е да се има желба со провокации да се привлече внимание но сепак треба да се има некои граници. Сопственото незадоволство и фрустрации не ги лечи на целиот народ понижувајки го и омаловажувајки то.
Колку сме здрав народ доволно кажува дека имаме дупло повеќе заболени од рак, многу повеќе инфаркти, дијабетис и многу други болести спрема реципроцитет на население. Споредувам со развиениот свет. Имаме и помал животен век поради нездравиот живот. Ако мислиш дека те лажам провери. Јас не велам дека Македонките и Македонците не се грижат за својот изглед, туку дека не сме ни нешто нај-нај. Не мора да си се фалиме самите себеси. Холанѓаните се највисока нација во Европа, па може и во светот. Затоа ги набројав нив. Не зборувам напамет или да привлекувам внимание. Што ќар имам од тоа? Не сме дебели, но не сме ни твиги.
Ми се грее и светка душава кога ги гледам новогодишниве светулки низ улиците и по балконите.. да ти е мерак да шеташ на -100степени.. И баш ми е несфатливо од една страна, а од друга страна криво, што некои луѓе упорно негираат дека новогодишната ноќ е посебна и поради тоа не можат да ја почуствуваат убавината. Дочекот е сосем ирелевантен за магијата на самата Новогодишна Вечер. Тоа дека новата година мора да носи нови почетоци е некое си фигуративно значење кое веројатно на многу ги иритира па затоа и не мора толку да се врзува в крпче. Ако е правило станува клише, но ако е ветување, надеж и стремеж - тогаш е карта за уште едно патување. Се надевам дека барем половина од желбите кои ќе ги замислете ќе ви се исполнат. Едвај ми се излегува од оваа година, но изгледа време ми е да почнам да се пакувам за во новата ... Ветувам дека во текот на наредната година стварно ќе се потрудам да бидам подобра личност. Добра ви ноќ драги луѓенца. Љуби вас, ваша М
Се потсетив на зимскиот распуст и колку ми фали истиот, можеби ми недостига и времето кога бев дете, не можеби туку сигурно. Ми недостига и мирисот на нов комплет книги, на нов молив и гума за бришење, решавање задачи по математика на табла, цртање, боење... Купив блок, темперни боици, мрсни боички, глина... а не можам да најдам време да ги употребам. А па колку имам мерак на убави нови тетратки, сега брзо почнав две за странски јазици, уживам да пишувам, ме фатила некоја училишна носталгија Туку ми текна на една случка, прва година на факултет, тогаш иден колега влегува со мајка му во книжарата и прашуваат колку е комплет книги за прва година , луѓево почнаа да им објаснуваат за предметите и која книга колку е, а беа навистина скапи. Ај да си легнам, сешто може да ми текне во два часот по полноќ. Добра ноќ.