Мајка ми направила 2 тепсии растргани банички со спанаќ, праз, урда, секакви. Денес ќе ја прекршам диетата, ќе си го наполнам стомачето.
Потсвеста ме натера најмногу да се пазам од луѓето кои во својот живот ме пречекуваат со раширени раце и љубезни зборови. Оние кои што ми кажаа дека го заслужувам најдоброто, направија да го почувствувам најлошото. Оние кои што ми кажаа дека сум им најважна, направија да се почувствувам безвредно. Токму тие. Толку грандиозни ветувања, внимание кое ме креваше до небо, зборови како мед и млеко, и на крајот... ништо. Не сакам лажна среќа и лажна утеха. Подобро ми е некој да ме мрази, отколку да ме сака на површен начин. Ја барам суштината, го барам тоа кое што е вистинско, па дури и да сум повторно повредена, не би ми било жал. Затоа што имало причина за тоа
Секогаш кога одам таа е таму.Се послаба и послаба со тело кое се губи во црнината. Младоста и е скриена под превезот на болката.... За момент погледите ќе ни се сретнат, но неиздржлива е тагата која извира од нејзините очи. Солзите пресушиле останал само изгубениот поглед.... Поглед заробен во минатото.. Поглед без иднина..... Се прашувам зошто животот е немилосреден, што згрешила оваа жена да биде толку казнета..... Посакувам да и помогнам, но знам дека е невозможно..... Продолжувам по патот до местото на мојата тага..... Се враќам и таа е сеуште тука.....Како за неа времето да застанало..... Како никој и никаде да не ја чека...Помислувам да седнам до неа, да и прозборам, да ја гушнам, да ја утешам некако ..... но немам ниту право,ниту сила,ниту зборови кои би смениле нешто.... Најдоброто што можам да го направам е да продолжам по патот и да ја оставам да ја наоѓа утехата во моментите кои ги поминува таму блиску до него.... до својот анѓел.... Заминувам носејќи ја во своите мисли.... Знам дека и денес, како и сите други денови кога ќе ја сретнам, ќе го чувствувам горкиот вкус на животот..... Ќе сочувствувам.... Ќе тагувам поради лошите човечки судбини.... Не, не сум негативна.... И покрај се денес повторно ќе се смеам, ќе си играм со најмилите, ќе уживам во работите кои ме прават среќна....Во секој момент свесна за минливоста во животот...свесна за доброто и лошото од кое е составен... Сето ова ме прави да бидам човечко суштество.....Нели ?????
Наслов - Познат бизнисмен загина заедно со неговото семејство. Кликаш и гледаш дека некој во САО ПАОЛО се истумбал. Наслов - Се преврте автобус вечерва - страшно! Испаничуваш, ти смрзнува крвта, имаш вкус на метал во устата, подмочнуеш, се сеќаваш дека брат ти пред саат влегол во автобус, и кликаш - ИНДИЈА! Наслов - се самоуби студентка - се фрлила од струдентски дом! Кликаш, помислуваш на цимерка ти и сестра и, и гледаш: во СРБИЈА! Наслов - Тешка сообраќајка, што ке се случи со цело семејство - мајка татко и бебе се борат за живот!! - Подголтнуваш, милиш дека другарка ти и маж и по прв пат го носеа денеска бебето на планина, се насолзуваш и гледаш дека во ХРВАТСКА се чукнале и во моментот биле во болница со скршеници на нозете. Да ви се плукнам у глупите новинари, да не можете една статија да напишете, да ви ебам тоа глупите самозадоволувачи на кликови. Ние имаме семејства, роднини, пријатели. Прекинете да не терате да читаме за во Србија, Бугарија, Индија и слично. НИВНИ ПРОБЛЕМ. Не ни ги полнете деновите со страв и неубави слики. Никогаш не ве кликам, ама кога ке видам ваков наслов, стравот ми го носи покажувачот да видам дали е некој мој повреден. Идиоти сте. И не само хонорари, ДАНОК ЗА ГЛУПОСТ треба да имате и да плаќате, оти сте прости идиоти. Ми иде да направам сајт и да правам статии од типот - новинар загинал, квазиновинар со посрал среде Скопје, новинарка абортирала, две новинарки се степале за колега... Нека кликаат они после. А еднаш неделно ке ставам слики на голи новинарки, со наслов - ШОКАЛНТНО Точи само по наочари, и во танга. А она некоја ке точи алкохол полугола. Епа нека умирааат и они по малку.
За мене веќе е започнат зимскиот распуст. Има уште два дена училиште, ама исто како да ги нема. Веќе не учам ништо, не се замарам. Време е да се внесам во периодот на одмарање. Денес ми е ден за релаксација и уживкање. Филмчиња, пуканки... рај. До вчера пишувавме за дождот, сега за снег. Јупии!! (ни фали снегулка во емотиконите)
Се чувствувам како мало дете кога ќе добие играчка на поклон. Пукам од среќа, дури не знам како да го опишам чувството. Не ми е гајле за студот кој ми ги боде коските, уживам додека ми паѓаат снегулки по лицето. Вака интензивно веење не сум видела одамна. Сакам да падне снег како пред 12-13 години, снег и студ истовремено. Мачињава не знаат што им се случува, ова е нивниот прв снег Нека натрупа белчо па да се шетаме во снегот и да ги правиме снежните лудории на кои подзаборавивме.
Го сакам ладното, го сакам снегот, ја сакам зимата... Во моментов стојам пред прозорец, гледам како побелуваат улиците и си ја рецитирам песничкава од Змај Зима, зима, е па шта је, Ако је зима, није лав! Зима, зима, па нека је, Не боји се ко је здрав!
Сите се радуваат како мали деца на снегов. Мене ми е сеедно. Дали е се во ред со мене? Што се случи со мене?
Зимската магија баш ме почасти денес со тенката бела наметка која лежерно ја расрфла по улиците. Ме потсети на еден прекрасен ден, кога со моето семејство без никаква причина решивме да се прошетаме низ улиците преполни снег, и да фрлиме поглед на прекрасно украсените куќи кои со своите светки предизвикуваа пријатни вибрации кои ги растреперуваат емоционалните бранови. Денес сфаќам дека не ми недостига толку тој момент, колку среќата на моето семејство која не може да се` замени со ништо на светот. И знаете, вообичаено секогаш недостига само едно нешто за фиоката да биде пополнета, и тоа нешто се надевам ни мафта некаде, не чека зад падините да го зграбиме како подарок после мачната ботба. Иако е трнлив патот дотаму, вреди да се ризикува. Вреди да се трча по лизгавиците со високи потпетици кои се пред раскинување! Во тоа име, ви посакувам денес вака неделно да ги наполните батериите, и од утре во нови походи! Ве сакам.
Снег и будење на спомени. Влегувам во топло и во некој нов свет под стаклено ѕвоно каде губам чувство за време. Кога излегуваме од ѕвоното навеало, чевлите пропаѓаат во белилото, се лизгаат, но имам на кого да се потпрам. И сега кога го видов излегов само по џемпер и се вртев во круг со раширени раце додека снегот ми паѓа на лице. Уживам во спомените, затоа што никогаш повторно нема да се повторат тие моменти. Но, убаво ми е.
Единствена ли сум што сеуште немам видено снег ?! Па кај нас уште нема ниту една снегулка а не пак снежна покривка... Посакувам што побргу да го почуствувам снегот под моите нозе...Aрно викаше свекрвица седи кај нас најпрво ќе видиш снег а јас нее сакам кај мама е сеа кај мамита нема снег ,останува да чекам Вие што веке го почуствувавте снегчето ве молам уживајте и за мене
Ете..готово, помина и оваа година. 2015 ќе биде значајна за мене , ке бидам матурантка, иден студент, полнолетна ,па дури и главна кума на свадба. Некако перидов исполнет ми е. Јас сеуште дете во душата и се радувам на нови капчиња, цели такви шаренки , новогодишни, се радувам на сијалички, на елки , на дедомразовци по улици па макар биле и грди и страшни.Исполнето ми е времето по секакви новогодишни концерти, излегувања, претстави, и кафиња, како и совршени вечерни излегувања по Широк Сокак со него. Првиот снег го дочекавме заедно смеејки се по улиците. 1 саат ми беше доволно да се расположам ,да си ја наполнам душата уште повеќе позитивна енергија , дури и да плачам од среќа. Добив и подарок од најдобрата другарка , и тоа не нешто ситно , ами огромен поклон полн љубов, а секако за тоа и возвратив со нешто преубаво, нешто кое стварно го посакуваше. И тој доби подарок од мене и тоа прекрасен зимски шал и капа и еден смешен чоколаден дедо мраз, а ми беше возвратено со прекрасна вечера за двајцата која долго време ја планирал , и за која сум сеуште превозбудена од ко се случи. Си го сакам него , го сакам периодов, оценките си ги сакам, и резервацијата за тоа каде ке јапоминам новата година и тоа како ми се допаѓа. Ви посакувам среќни новогодишни празници, бидете среќни ,насмеани, многу љубов и здравје во новата година.!
Господ да ве чува од незаинтересирани лекари и да не ве носи пат на дежурни служби по болници, затоа што само нервоза ќе си накалемите, а тешко дека нешто ќе решите! За жал не збори гаталец, туку паталец.... Емпатија, што ли беше тоа? Пола од медицинскиот персонал да го прашаш зошто е таму и зошто сака тоа да го работи веројатно нема ни да знае да каже искрен одговор. Веројатно многу е лесно кога животот го живееш егоистички и без совест и кога ништо не допира до тебе. И кој вика дека само добрите души што не прават зло се способни да спијат мирно навечер, слатко се лаже. Колку и да си добар пак си човек, имаш чувства и те погодуваат секакви работи во секојдневието. Треба да си од онаа горната група, опериран од се, па можеби само тогаш мирно ќе дишиш и ќе прекрстуваш нога спокојно шмркнувајќи од кафенцето, додека на метро од тебе нечив свет се распаѓа.