Ми се слави нова година. Имам еуфорија и тоа ми се свиѓа. Знам дека сум реткост, ама убаво ми е И уште нешто. Иако сум сигурна дека ова го имам напишано и претходно, пак ќе го повторам. Пак ја имам истата желба како и лани кога падна првиот снег. Да облечам чизми, јакна, капа и шал, да искочам и да уживам додека снегот ми крцка под нозете. ^ ^
Некаде во густата и висока шума, се наѕира куќичката која однадвор личи напуштена и осамена. Ама секогаш кога ќе отидеме добива живост и топлина. Јас метлата, правосмукалката и крпата, а тој секирата и дрвата. За помалку од еден час е чисто, огнот гори, а ние можеме на раат да го испиеме првото кафе. Сакав празници со снег годинава и пријатно се изненадив денес. Ама како што паѓа снегот, така јас си паѓам во некоја меланхолија. Се плашам дека нема да можеме да отидеме, а толку сакав да ја накитам цела викендичка и таму да ја пречекам новата година. Спремив нови лампиони и сијалички, си спремив и колачи. Снег на планина – што поубаво од тоа? Туку, викендов дома ни мириса на десерти. Вчера јас направив Christmas cookies, сестра ми денес направи лава кејк. Поминува татко ми во кујна и ни вика: Какви се овие американски работи? Па си ги зема корите и почна да си прави баклава
СДК дека нема поубаво чувство од она кога полека паѓа снег и ти ја украсува косата и по малку и трепките ти си срекна иако обравчињата ти се поцрвенети од ладното
Која црна магија ја користите вие што не се отепуете по снегов? Значи мора да се утепам по снегов, уште да скршам рака/нога таман ќе биде.
ми требаше неколку години за да сватам дека никогаш не ги остварив моите ''new year's resolutions ''..
Koга ти ќе направиш нешто, било што, било колку лошо/добро да е, тогаш тоа е оправдано/разумно. А истата таа работа некој друг да ја напраи, аууу тогаш не, никако, не може, најлошо! Абе, од кога тоа така?!
Секогаш сме имале најубави новогодишни пакетчиња. Големи како вреќи, слатки како мали кутивчиња, но сите беа прекрасни. Бројот па на добиени пакетчиња беше огромен, буквално нашите за село ги праќавме со неотворени, добро де нечепнати пакетчиња. Со тек на годините се намалија ама сепак ги имаше, барем од мајка ми, тетка ми, вујко ми. Минатата година не добивме. Блискиве се изедоа зошто не ни купиле, мислеле дека е подобро парички да ни дадат ама кај нас не ја виделе истата радост како кога ни давале пакетчиња. Оваа година слушам како мајка ми и тетка ми со вујковците се шушкаат дали ќе ни купат сите по едно или пак ќе купат по едно на двете, а останатите да ни дадат парички. Жал ми е да се трошат бидејќи финансиите се прилично намалени, а и слушам де многу, нека се шушкаат кога не сум дома па ги седнав подобро да земат по едно, а останатите парички да се искористат за нешто друго, сите што сакаме. Можеби благо, можеби некоја посебна салата, ма било што во што ќе уживаме сите. Со сестра ми двете се радуваме кога ќе добиеме пакетче или кога некој ќе ни дојде на гости наместо Домачица ќе ни донесе чоколадо. Па се чувствувам како дете тогаш, убаво!
Поинтересни денови не сум имала мислам. Вчера бевме што бевме да шетаме и да се подновуваме.Се поднови он,ме поднови и мене,туку заборавив подароци да купам од што се занесов во шопингот. И денес станувам и спремна на ладново ќе идам со него со мотор.Убаво си рече он луда сум ама ај нека ми го објасни некој тоа на мене. Идеме,се мрзнеме,но...не очекуваме снег. Убаво си влеговме во Веро,па си седнавме да јадеме и што да видиме. Дома со мотор нема шанси.Па се налути малку саканиот мој што идел по мој памет.И го остави негде па си дојдовме со автобус. Вечерва надокнадивме со вечера во кафанче сите на куп,па се смири некако тензијата.Со црвено винце се поминува. Денес се смеев,ама затоа пак вчера се изнаплакав. Седевме кај него,гледавме интересни видеа со запросувања...мислев дека вечерта ќе заврши во исто темпо. Но доцна во ноќта излегува он некаде,доаѓа брзо и ми вели да излезам во ходникот сестра ми ме барала. Се зачудив нормално од каде толку касно,зошто не влегува,се случило ли нешто...секакви мисли ми поминаа низ глава. Одам и ја гледам неа со поклон во рацете и листови големи. А он некако ми избега позади мене и воопшто не се ни завртев кон него. И почнувам да читам...те нешто љубов.те некои заеднички моменти се спомнуваа,смеи,солзи... и помислувам готово...ме запросува... А почнав да плачам уште на првата реченица. Искрено до срце ме погодија зборовите,до срж... Продолжив да читам и сфатив...мојата мала најсакана сестричка ми подготвила новогодишно изненадување. Си ја изгушкав си ја избацив...и прв пат јас која нон стоп нешто дрндори, да останам без зборови.Едноставно молчев и ја гушкав... А ова богами ми беше генерална проба за предлог за брак.Бидејќи на стартот се зафркнав самата. Интересни денови,не велам не.
Тага, голема тага ме обвива. Зошто животот не ме научи кога губам нешто да не тагувам. Зошто!? Снегот дополнително ме растргнува на повеќе страни, дали да се радувам на претстојните празници или да тагувам. Зошто луѓето едноставно се толку злобни, зошто не си ги гледаат своите животи туку се замараат со туѓите. Кога еднаш ќе научат дека тркалото се врти и се што прават еден ден ќе им се врати и тогаш тие ќе се прашуваат зошто. Сепак злобата ги труе нивните души и се подлабоко навлегува во нивните пори. Еен ден ќе сфатат дека животот поминал, а тие сепак се затруени со злоба и завист која што не можат да ја искоренат.Не дозволувајте лошотилукот да владее со вас, затоа што тоа се чита на вашите лица.
Конечно можам да кажам дека стојам со горда глава. Па време беше. Целосно се сменив. Ова сум новата јас! Со кратка коса, црвено капче и насмеано лице. Со крајот на оваа година дојде и крајот на тажното девојче. Поставив нова рутина, се посветувам на здравиот живот, на дружењето, и секако, на смеењето.
Иронија е да мислиш дека некој е будала затоа што се радува на мали, банални нешта, а да не го сметаш за будала оној којшто се нервира и депримира за исто толку мали и банални нешта. Koга обратното би било правило, а не исклучок, колку повеќе насмевки со причина, а колку помалку грижи без голема причина би имале...
Koga sme kaj ironijata... Ironija e i da mozes da go vidis vo drugite ona sto e vo tebe a vo niv go nema. Ako covek saka da nauci da gi analizira lugeto treba da vezba na sebe. So sekoja pogresna analiza,probuvajki da naucime vrz drugite se povreduvame samo samite sebe si. Pred da pokazeme so prstot pred nas,izbrisete gi solzite vo ocite za da ne vi go pomatuvaat vidot i ke vidte deka eden od prstite istovremeno pokazuva kon vas. Toa ne e slucajno.
Знам дека созревам кога секоја година во писмото до "Дедо Мраз" се помалку се материјалните желби, а се повеќе оние кои ти ја исполнуваат душичкава. Оваа година си посакувам многу, многу здравје на мене и моите најблиски и многу среќа. Се друго ќе пробам да си го обезбедам сама А кога сме кај снегот, ете јас не го сакам Убав е за гледање од страна, ама во нашата мила Македонија врнежи од едвај 20цм знаат да направат проблем. Поздрав, луѓенца убави, уживајте во празнците!
Го знаете она кога неколку години по ред само ги ''препишувате'' работите кои ќе ги остварите во новата година? Епа време е за будење - нема зимски сон годинава 2015 те молам биди посебна и незаборвана